Продолжи со читање

Прво регионално вмрежување на руралните жени од Североистокот: Гласни и здружени за промени
Жените од руралните средини во Североисточниот регион, кои досега ретко добиваа простор и поддршка за активно учество во јавниот живот, за првпат се сретнаа на Регионална средба за вмрежување во Крива Паланка, организирана со цел да се поттикне женското учество во локалното одлучување и граѓанскиот активизам. Ова е првата од…

Учество на промоцијата на романот “Цреша“ од Александар Сашко Кукулев
На 13.6.2025 год. (петок) во фоајето на велешкиот театар беше промовиран романот “Цреша“ од нашиот добар одредски другар Александар Сашко Кукулев. Промоцијата на романот „Цреша“ беше дел од содржините на 62 манифестација Рацинови средби. Делегација на извиднички одред “Димитар Влахов“ учествуваше на оваа промоција на роман кој е воздудливо…

Донаторски кружок 2025: Заедно за безбедна младешка љубопитност
На 12 јуни 2025, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје учествуваше на Донаторскиот Кружок организиран од Конект, настан кој обедини над 120 граѓани и компании во заедничка мисија за подобро општество. Преку оваа иницијатива беа собрани 683.000 денари за поддршка на три граѓански организации, од кои една беше и ХОПС.Нашата иницијатива е насочена кон едукација на младите за безбедност при експериментирање со дроги во ноќни клубови, паркови и фестивали. Истражувањата покажуваат дека 70% од младите експериментираат со дроги без да имаат пристап до проверени информации и поддршка. Затоа, средствата обезбедени преку овој настан ќе помогнат стручните лица на ХОПС да бидат советници на терен – подготвени да одговорат на прашања, да понудат помош и да промовираат здрави животни избори.Донаторскиот Кружок 2025 уште еднаш ја потврди важноста на колективното давање како двигател за позитивни промени. Благодарение на поддршката од граѓаните и корпоративните донатори, оваа иницијатива не само што ќе ја зајакне работата на ХОПС, туку и ќе придонесе за посигурна иднина на младите во нашата заедница. Да градиме заедно хумано и солидарно општество. Поддржете не: www.hops.org.mk/donacii

Благица Петрески на тековни теми во Win-win со Оливера Трајковска
Владата во првата година од мандатот покажува умерена динамика на реализирање, а некои од политиките за структурните реформи се директно спротивставени на прокламираната цел.
Што е сработено, кои се ризиците, какви се очекувањата?
Следењето на владините ветувања е поддржано од Civica Mobilitas.

Повик за ангажирање на психолог
Хелсиншкиот комитет за човекови права, за потребите на проектот „Safe Spaces for all: Bridging Gaps in LGBTIQ+ inclusion“, има потреба од ангажирање на Психолог/психотерапевт.
Предвидени задачи (опис на позицијата)
Одржување онлајн психотерапевтски сесии;
Одржување психотерапевтски сесии во живо;
Извештаи за одржани сесии.
Квалификации:
Образование и работно искуство
Завршени додипломски студии;
Завршена психотераписка школа, или во завршна фаза во која е дозволена работа под супервизија.
Најмалку 2 години релевантно работно искуство во ваква или слична активност;
Технички вештини
Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint (задолжително), искуство со користење на Teams и One Drive за работни комуникации и соработка (пожелно)
Знаење и други вештини
Вештини на советување;
Поседување на емпатија.
Систем на вредности:
Во нашата организација, ги негуваме и почитуваме основните човекови вредности за кои се залагаме во нашето работење и веруваме во следните основни вредности кои нè водат во секојдневната работа и односите со нашите колеги и сите засегнати страни:
Искреност – Отвореност и транспарентност во комуникацијата, градење на доверба помеѓу сите членови на тимот.
Иновација – Постојан стремеж кон создавање нови решенија и подобрување на нашите активности и услуги со користење на современи технологии и методи.
Тимска работа – Соработка и поддршка на колегите, воедно почитување на разликите и различните перспективи на секој поединец.
Образование и развој – Инвестирање во личниот и организацискиот развој преку континуирано учење и професионално усовршување.
Одговорност – Преземање лична одговорност за сопствените дела и одлуки, посветеност на постигнување на заедничките цели на организацијата.
Еднаквост и инклузија – Поттикнување вклучување и еднакви можности за сите, независно од полот, родот, етникумот, религиозната определба, сексуалната ориентација или други основи за различност.
Солидарност – Поддршка на нашите колеги и заедницата во време на потреба, работа на создавање инклузивна средина која охрабрува различни гласови и перспективи.
Почит – Уважување на секого како поединец, со сите негови вредности и уверувања.
Како да се пријавите
За да се пријавите, Ве молиме да доставите:
CV (на англиски јазик)
Мотивациско писмо (на македонски јазик) за Вашиот интерес и квалификации за позицијата, во кое би сакале да прочитаме за тоа како Вашето досегашно работно искуство и образование е релевантно за потребните знаења, вештини и работните задачи предвидени за оваа позиција (не повеќе од 250 зборови)
Вака подготвената пријава треба да ја пратите по електронска пошта на helkom@mhc.org.mk со наслов ПСИХОЛОГ. Рокот за пријавување е заклучно со 20 јуни, 2025 година. Само кандидат/к/ите кои ќе ја поминат првата фаза на разгледување на пријавите ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Повик за ангажирање оператори/ки на линија за помош
Хелсиншкиот комитет за човекови права, за потребите на проектот Safe Spaces for all: Bridging Gaps in LGBTIQ+ inclusion, има потреба од ангажирање на двајца оператори на линија за помош.
Предвидени задачи (опис на позицијата)
Одржување смени на телефонската линија;
Комуникација со тимот;
Извештаи за примени повици.
Квалификации:
Образование и работно искуство
Завршени додипломски студии;
Најмалку 2 години релевантно работно искуство во ваква или слична активност;
Технички вештини
Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint (задолжително), искуство со користење на Teams и One Drive за работни комуникации и соработка (пожелно)
Знаење и други вештини
Одлични комуникациски вештини;
Поседување на емпатија;
Вештини за советување и кризна интервенција.
Систем на вредности:
Во нашата организација, ги негуваме и почитуваме основните човекови вредности за кои се залагаме во нашето работење и веруваме во следните основни вредности кои нè водат во секојдневната работа и односите со нашите колеги и сите засегнати страни:
Искреност – Отвореност и транспарентност во комуникацијата, градење на доверба помеѓу сите членови на тимот.
Иновација – Постојан стремеж кон создавање нови решенија и подобрување на нашите активности и услуги со користење на современи технологии и методи.
Тимска работа – Соработка и поддршка на колегите, воедно почитување на разликите и различните перспективи на секој поединец.
Образование и развој – Инвестирање во личниот и организацискиот развој преку континуирано учење и професионално усовршување.
Одговорност – Преземање лична одговорност за сопствените дела и одлуки, посветеност на постигнување на заедничките цели на организацијата.
Еднаквост и инклузија – Поттикнување вклучување и еднакви можности за сите, независно од полот, родот, етникумот, религиозната определба, сексуалната ориентација или други основи за различност.
Солидарност – Поддршка на нашите колеги и заедницата во време на потреба, работа на создавање инклузивна средина која охрабрува различни гласови и перспективи.
Почит – Уважување на секого како поединец, со сите негови вредности и уверувања.
Како да се пријавите
За да се пријавите, Ве молиме да доставите:
CV (на англиски јазик)
Мотивациско писмо (на македонски јазик) за Вашиот интерес и квалификации за позицијата, во кое би сакале да прочитаме за тоа како Вашето досегашно работно искуство и образование е релевантно за потребните знаења, вештини и работните задачи предвидени за оваа позиција (не повеќе од 250 зборови)
Вака подготвената пријава треба да ја пратите по електронска пошта на helkom@mhc.org.mk со наслов ОПЕРАТОР НА ЛИНИЈА ЗА ПОМОШ Рокот за пријавување е заклучно со 20 јуни, 2025 година. Само кандидат/к/ите кои ќе ја поминат првата фаза на разгледување на пријавите ќе бидат контактирани и повикани на интервју.
Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.