Petar Atanasov.jpg

АТАНАСОВ: ОБРАЗОВАНИЕТО ОСТАНА НА МАРГИНИТЕ, ШТЕТИТЕ СЕ ДОЛГОРОЧНИ

Петар Атанасов, поранешен заменик-министер за образование и наука во Владата на Република Северна Македонија и универзитетски професор, вели дека реформите во образованието се клучен предуслов за севкупен развој.

Во интервјуто за Институтот БИРС тој потенцира дека науката и научните истражувања се приоритет на ЕУ, додека образованието е наша домашна задача.

Образованието како сектор, според него, остана на маргините во изминатите 30 години а штетите се долгорочни.

Без квалитетно образование, подвлекува Атанасов, немате добар човечки капитал и имате помали шанси за поголем економски и општествен развој. 

– Во процесот на преговори за членство во ЕУ е и Кластер 3, кој содржи поглавја кои се однесуваат на неопходните реформи за хармонизација на нашиот со европскиот образовен систем. Што може да направиме во овој правец?

Петар Атанасов: Во оваа област, образование и наука, имаме неколку предизвици на повеќе нивоа. Некои од нив можеме да ги надминеме сами, во секторот на образование на пример, но некои од нив бараат ангажирање на сите ресурси и капацитети во државата, во науката и научните истражувања на пример. Потребна е општа мобилизација на институциите на државата и на цел јавен сектор, вклучувајќи ги и универзитетите. Нашата држава помина скрининг процес и тимот што беше во Брисел добро ги презентираше нашите позиции во поглавјата 25 (наука и научни истражувања) и 26 (образование и култура). Знаеме дека се потребни  подобри закони и политики, како и политички консензус за да го изградиме нашиот образовен систем, но тој полека треба да се доближува до квалитетот на образовните системи во земјите членки на ЕУ. Да повторам, науката и научните истражувања се приоритет на ЕУ, додека образованието е наша домашна задача. Образованието како сектор остана на маргините во изминатите 30 години а штетите се долгорочни. Без квалитетно образование немате добар човечки капитал и имате помали шанси за поголем економски и општествен развој.

– Како да се убедат властите и јавноста за потребата од интерсекторската методологија на пристапување, со посебен фокус на темелните вредности како право на студирање, право на работа и право на добра администрација?

Петар Атанасов: Правата се поврзани со можностите и капацитетите што ќе се создадат. Ние имаме просечно образование, економија што главно не нуди добро платени работни места, како и негативна селекција во напредувањето во институциите во државата. За да се напредува, сите сектори мора да се координираат во Владата, како и да постои меѓусекторска соработка. Тоа никогаш не ни била силна страна, бидејќи секоја институција кај нас тера сопствена политика. Доброто владеење е квалитативна придобивка, додека квантитетот не се мери со тоа колку пати некој ви помогнал да „завршите“ некоја работа. Ние живееме во три светови: личен/семеен, во заедницата и во општеството. Првиот свет е ваша лична одговорност, вториот свет е светот на локалната власт и локалните потребите на луѓето, додека светот на општеството се поклопува со државата во која живеете. Притоа, нашето општество е високо поларизирано по политичка, етничка, а на микро план и според верска фрагментација. Значи, за да има подобро образование, подобар стандард и подобро владеење, треба да се работи на тоа, од ЕУ ништо нема да добиеме како подарок, самите треба да го одработиме нашиот развој. Сегментарноста на општеството треба да се решава преку издржани интегративни политики и подобрување на работата на институциите. Промените се услов без кој не се може понатаму.

– Дали Процесот од Болоња се спроведува како што треба и колку ја нуди основната негова вредност – мобилност?

Петар Атанасов: Болоња беше создадена за хармонизирање на образованието на Истокот со Западот. За приближување на националните образовни системи на земјите членки. Начинот на кој требаше да се направи тоа беше преку мерливост на образовните елементи (тоа што се учи), вмрежување во европскиот академски простор и мобилноста на студентите и професорите. Овие нормативни насоки требаше да ги трансформираат или надминат идеолошки обоените образовни системи. Во некои делови Болоњскиот процес не се спроведува како што треба, но тоа е одговорност на образованието во националните земји. Е сега, конкретно за мобилноста. Постои внатрешна и надворешна мобилност. Нас не ни функционира ниту внатрешната мобилност. Некако се е статично во академскиот сектор и високото образование. Надворешната мобилност се зголемува од година во година. Има многу наши студенти надвор од државата, додека на научно поле мобилноста заостанува. Државните стипендии за студирање надвор во еден временски период ја надоместија оваа празнина. Можеби е време да се инвестира повеќе во научната мобилност. Еве, како член на академската и научна фела може да ви кажам дека можеме и повеќе и подобро. Во овој момент добри се примањата, но фалат инвестиции во базични научни истражувања. Особено во општествените науки, затоа што во светот се случуваат големи потреси и потребни се истражувања и нови сознанија кои би им помогнале на државата и на нашите носители на јавни функции да носат подобри одлуки од интерес за граѓаните. Сакам да учествувам во регионални компаративни истражувања во кои ќе ја мериме улогата и перформансите на нашата држава во однос на другите. А за тоа се потребни финансии.

– Како ќе ја подигнете свеста на стручната и пошироката јавност за важноста на Болоњскиот процес?

Петар Атанасов: Всушност, свеста треба да се подигне за потребата од поквалитетно образование и повеќе научноистражувачки проекти. Болоња е само репер за да знаеме до каде сме и уште колку ни треба за да достигнеме одредени стандарди. Нашиот образовен модел е разнишан и ќе треба доста интервенции за да се стабилизира, а потоа и да се развива.

Зошто во регионот се уште имаме административни бариери кога станува збор за признавање на дипломите? Што треба да се направи за да се тргнат истите?

Петар Атанасов: Задачата е „едноставна“, да се решат криминалот и корупцијата во високото образование. Да нема веќе лажни и фалсификувани дипломи, секоја диплома да гарантира тоа што го пишува на неа, да се стане член на европските организации што гарантираат обезбедување на квалитетот во високото образование итн. Пазарот на купени дипломи е долго време присутен во целиот регион, особено во неколку држави кои им се познати на сите. Проблемите во оваа сфера се напластени со години и не знам од каде треба да се тргне. Потребна е добра датотека и поврзаност меѓу универзитетите за да се намалат коруптивните активности и лажните дилпломи. Министерството за образование се обидува да ги средува работите, ама тоа нема да оди ниту брзо ниту лесно. Кај нас дома, потребна е и оптимизација на универзитетите. Да се направи деконцентрација на некои факултети, но преку концентрација на квалитет. Ние како држава немаме капацитет за повеќе од два јавни универзитета. Исто така, во секоја област имаме по неколку добри професори и истражувачи, тие треба да се поддржат и да се овозможи повисок квалитет на она што го работиме. Секој академски работник, според мене, во својата кариера има пет задачи, треба да предава, да истражува, да публикува, да создаде академски подмладок и да учествува во јавниот живот, на соодветен начин.

– Ние имаме неколку илјади граѓани кои активно бараат работа, но од друга страна има недостаток на кадар за над 10 илјади слободни работни места. Дали нашиот образовен систем одговара на потребите на пазарот на труд?

Петар Атанасов: Во генерална смисла не одговара. Во подолг период проблем беше несоодветната уписна политика. Но, поголем е проблемот со просечноста на квалитетот што се добива од образованието. Креаторите на политиките треба да се одлучат за точката на баланс меѓу длабочината и широчината на знаењето во образованието и подготовката за специфични вештини и знаења, готови за вклучување на пазарот на трудот. Оттука треба да се подобрува секој сегмент од образовниот процес. Сепак, одговорноста треба да ја преземат оние што ги создаваат законите и стандардите што треба да се исполнат. Прогласувањето на концептот за доживотно учење, не обврзува на секојдневно напредување во кој било сегмент од општеството и економијата. На светот ургентно му требаат два вида на квалитетни кадри: експерти во областа на економијата и критичари на општествената стварност. Во секој случај меритократијата треба да има свое влијание.

– Земјата одвојува помалку од 1% од БДП за наука и иновативен развој. Како се одразува оваа во поглед на целокупниот развој? 

Петар Атанасов: Тоа што го издвојуваме е недоволно, иако изминатите години нешто се инвестираше. Трите магични зборови се истражување, развој и иновации. Оние земји што напредуваат имаат висок процент на инвестиции во истражувањата и развојот, некаде и над 3 проценти, посебно од финансирањето на образованието. Ние долго време стагниравме на под еден процент. Сите анализи зборуваат дека со вложување во овие сектори на долг рок добиваат и економијата и општеството. Ние сме страшно некоординирани во врска и со нашите капацитети. Истовремено, имаме обврска да се прилагодиме на европскиот научен простор, да се вклучиме во европските рамковни програми и да ги обезбедиме потребните капацитети за ова. Но, најмногу од се имаме домашна обврска да инвестираме во човечкиот академски капитал, затоа што само така ќе добиеме кадри подготвени за натпревар и за развој. Што се однесува до образованието, тука се соочуваме со лична одговорност како земја кандидат. Треба да работиме на подобрување на политиките според европските стандарди, според донесените директиви и документи, но и според меѓународните стандарди, оние во анализите на Светска банка и ОЕЦД. Анализите се прецизни, точно знаеме што треба да правиме, пред сè, интеграција на активностите во областа на образованието и обуката, како и јакнење на капацитетите за управување со европските програми за образование.

Текстот е работен во рамки на проектот „Застапување за инклузивен развој“, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.  

Содржината на овој текст е единствена одговорност на Форум за разумни политики, ИОХН и БИРС и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ ВО ОПШТИНА КИЧЕВО

    На 13.08.2025 година, во Општина Кичево се одржа свечен настан на кој беа доделени сертификати на жените кои успешно ја завршија обуката за маникир и педикир, како и обуката за шминкери. Беа организирани со цел да им се даде поддршка на жените во нивното професионално остварување и да им се овозможи полесен пристап до пазарот…

  • ПОВИК за доставување предлог дизајни за веб страницата на Метаморфозис

    1. Вовед Фондацијата Метаморфозис бара правно лице или поединец за изработка на графички дизајн за потребите на новата верзија на интернет страната на Метаморфозис. Обем на работа Три предлог дизајни на почетната страна со следната структура Постојано видливо мени Најнови активности, со можност да се контролира бројката на прикажани содржини (3, 6, 9, во зависност […]
    The post ПОВИК за доставување предлог дизајни за веб страницата на Метаморфозис first appeared on Metamorphosis.

  • Граѓански импулс #7: месечен осврт на активностите на грантистите

    Во јули доминираа активностите на грантистите на Цивика мобилитас насочени кон јакнење на родовата еднаквост и социјалната инклузија. По нив следуваа иницијативите посветени кон заштита на животната средина и подобрување на образованието.
    Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП) и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) поднесоа тужба од јавен интерес против Владата и Министерството за здравство, барајќи измени во Законот за здравствено осигурување за да се обезбеди еднаков третман за жените земјоделки, кои се исклучени од правото на платено породилно отсуство и покрај тоа што редовно плаќаат здравствено и социјално осигурување. Комисијата веќе потврди дека постојат продолжена и индиректна дискриминација, а тужбата има за цел да ја надмине оваа нееднаквост и да ја зајакне заштитата на репродуктивните и работничките права на овие жени. Тужбата е поднесена како дел од проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“, поддржан од Владата на Швајцарија, преку Цивика мобилитас.

    ХКЧП во партнерство со ХОПС-Опции за здрав живот и Коалција Маргини, на 23 јули одржаа обука за членовите и вработените на КСЗД, со цел да се подобри разбирањето за предрасудите, стигмата и дискриминацијата кон ЛГБТИ лицата, лицата кои користат дроги и лицата со ХИВ, и да се зајакнат капацитетите за инклузивен пристап во нивната работа. Експертите од Мрежата за заштита од дискриминација посебно се осврнаа на препознавањето на личните предрасуди и начинот на кој членовите на Комисијата можат да бидат сојузници во заштита на правата на маргинализираните заедници.
    Женската граѓанска иницијатива (ЖГИ) Антико заедно со партнерските организации „Секогаш Соживот“ и Адрион, во Кичево организираа информативна и едукативна сесија посветена на економско јакнење на жените. Преку проектот „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, учесничките добија информации за пристап до институции за микрофинансирање, грантови и програми за развој на бизнис-идеја.

    Во Неготино, Порака Неготино, ЕКО-ЖИВОТ од Кавадарци и Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес, го доближија медицинскиот персонал со реалноста на лицата со попреченост преку одржување на три средби. Првата средба ги обедини докторите и пациентите, меѓу кои д-р Розјана Николова Јанева и д-р Аспарух Димковски, кои ги споделија своите професионални искуства, а лицата со попреченост и нивните старатели зборуваа за предизвиците и очекувањата, трасирајќи пат кон поемпатична и пристапна здравствена услуга. Втората сесија, одржана на 7 јули во Еко кампот на езерото „Младост“ кај Велес, ја пренесе оваа енергија во отворена и инспиративна средина, каде медицинските работници учеа за протоколите за опфат и третман, но и ја слушнаа силата на личните приказни, а истото се случуваше и на последната средба на 11 јули, во ресторан „Бриони парк“ во Кавадарци. Средбите  и презентациите со медицинскиот персонал се дел од проектот „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“.

    Форумот за разумни политики, Институтот за општествени и хуманистички науки- Скопје (ИОХН-С) и Балканскиот институт за регионална соработика (БИРС) ја објавија студијата „Од политички реформи кон реформи базирани на експертиза“, која, според м-р Бардул Заими, укажува дека „Северна Македонија сè уште се соочува со длабоки предизвици поврзани со преминот од реформи што главно се засноваа на краткорочни политички интереси, кон одржливи и професионални реформи базирани на експертиза“. Ахмед Ќазими зборува за „Трансформацијата на универзитетите и нивните предизвици во модерната епоха“  и укажува дека образованието сè повеќе се третира како пазарен производ, што доведува до промени во улогата на универзитетот, кој треба да се трансформира од место за пренос на знаење во простор каде што значењето се гради заеднички. Студијата е дел од проектот „Застапување за инклузивен развој“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Во полето на животната средина, Еко зелено движење од Берово и Центарот за климатски промени организираа едукативен настани за превенција од шумски пожари. На 26 јули на плоштадот во Берово, заедно со локални жители, институции и активисти, беа одржани интерактивни сесии и панел дискусии за заштита на шумите, со посебен акцент на учеството на децата кои преку својата порака потсетуваат дека иднината зависи од денешните одлуки. Настанот испрати јасна порака за потребата од законски измени, подобра координација и поголеми вложувања во шумската заштита, како и активна улога на граѓаните и младите.

    Од тужби и обуки, преку едукативни сесии, јавни настани и студии, грантистите на Цивика мобилитас уште еднаш докажаа кога луѓето, идеите и посветеноста се здружени, секој месец може да биде месец на вистински промени.
     

  • ФТ Став бр. 66 за движењата кај цените

    Според податоците од Државниот завод за статистика, инфлацијата во месец јули 2025 изнесува 4.8% на годишно ниво и 1.1% на месечно ниво. Со тоа, инфлацијата го продолжи забрзувањето коешто беше присутно и во претходните месеци (Слика 1). Слика 1 – Инфлација според индексот на трошоците на живот Извор: Државен завод за статистика. Сепак, прегледот на […]
    The post ФТ Став бр. 66 за движењата кај цените first appeared on Finance Think.
    The post ФТ Став бр. 66 за движењата кај цените appeared first on Finance Think.

  • Завршен настан со германските извиднички и извидници

    На 6.8.2025 год. (среда) Германскиот сојуз на извиднички и извидници Мозаик (DPBM) го организираа завршниот настан организиран како интеркултурна размена на која што учество зема 350 германски извидници коi пристигнаa во село Согле, општина Чашка. Одредската делегација во состав Тони Јошевски, Владимир Ивановски, Ангелче Гушев и Зоран Пановски во целост…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор