Screenshot 2025 12 05

АНАЛИЗА НА ПРОГРАМАТА ЗА ПАРТИЦИПАЦИЈА ПРИ КОРИСТЕЊЕТО НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА ОДДЕЛНИ ЗАБОЛУВАЊА НА ГРАЃАНИТЕ И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА РОДИЛКИТЕ И ДОЕНЧИЊАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2024/2025 ГОДИНА

Преку Програмата за партиципација при користењето на здравствената заштита на одделни заболувања на граѓаните и здравствена заштита на родилките и доенчињата во Република Северна Македонија, се обезбедуваат средства за партиципација на при користење на здравствени услуги на товар на средства од Буџетот на РСМ и од сопствените приходи на Министерството за здравство, со цел обезбедување на здравствена заштита на граѓаните од одделни заболувања, како и грижа во чувањето, следењето и унапредувањето на здравјето на родилките и доенчињата, што претставува важен механизам за намалување на финансиската бариера при користење на одредени здравствени услуги. Ваквите превентивни здравствени програми имаат особено значење, бидејќи превентивната грижа и навременото обезбедување на здравствени услуги се едни од најважните предуслови за унапредување на јавното здравје. Преку мерките и активностите предвидени во истите, се намалува ризикот од компликации, се овозможува рано откривање и третман на одредени заболувања и се обезбедува поддршка во најчувствителните животни периоди, како што е бременоста и првите месеци од развојот на детето. Вложувањето во превентивните програми претставува долгорочна инвестиција која придонесува за подобрување на здравјето на населението и намалување на оптоварувањето на здравствениот систем.

Повеќе на следниот линк

https://zenisutoorizari.org.mk/wp-content/uploads/2025/11/Мониторинг-на-Програма-за-партиципација.pdf

 

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПРАВАТА НА ЖЕНИТЕ ОД ШУТО ОРИЗАРИ Скопје

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор