Untitled Design (8)

53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение. Услугите за превенција од насилство и ментално здравје бесплатни за младите и семејствата во општина Центар – Молкот не е одговор, сподели и побарај поддршка кога ти е потребно!

 

Асоцијација за здравствена едукација и истражување- ХЕРА, ги информира граѓаните од Општина Центар и основните учлиштата дека услугите поврзани со психосоцијална поддршка, превенција од дроги, професионални советувања за ментално здравје, како и превенција и заштита од насилство, се достапни бесплатно согласно договорот кој е потпишан со Општина Центар. Услугите се достапни секој работен ден од понеделник  до петок, во однапред закажан термин, за сите граѓани вклучително и младите, учениците, наставниците, родителите кои се соочуваат со предизвиците на секојдневието. Контакт информации за закажување на терминини, на крајот на соопштението.

Како симболичен гест и во име на одбележувањето на 25 годишнината на ХЕРА, се изработи мурал од уметникот Ненад Тонкин. Муралот претставува симбол на охрабрување, поддршка и солидарност против врсничко и семејно насилство, а воедно поттикнува на дијалог и активно делување за создавање безбедна и поддржувачка училишна средина.

Благодарни сме на основното општинско училиште„Кочо Рацин” од општина Центар,  за отстапениот простор каде освен пораката од муралот стои и контакт телефон каде може сите деца, родители, наставници да побараат стручна помош и поддршка во справувањето со врсничко насилство како и други предизвици со металното здравје.

„Врсничкото насилство остава длабоки последици врз менталното здравје на младите. Сè почесто се соочуваме со случаи на анксиозност, депресија и изолираност кај деца и адолесценти, предизвикани од навреди, исклучување или насилство од врсниците – како во училиште, така и онлајн. 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение, покажуваат податоците од ХБСЦ студијата. Потребна е заедничка акција од родителите, училиштата и институциите за да се создаде безбедна и поддржувачка средина, каде младите ќе се чувствуваат прифатени и ќе добијат навремена психосоцијална поддршка. Менталното здравје не е луксуз, туку право на секое дете. Апел до младите, молкот не е одговор, сподели и побарај поддршка кога ти е потребно!”

„Стручните служби во училиштата континуирано работат со ученици и родители согласно внатрешните процедури, но кога е потребна терапевтска интервенција, постоечките ресурси не секогаш се доволни. Со вклучување на советувалиштата на ХЕРА – кои се дел од системот на социјална заштита – училиштата добиваат дополнителна поддршка за случаи кога учениците, семејствата или старателите имаат зголемени потреби“, истакна Ана Попризова, психотерапевтка и училиштен психолог.

„Нашата цел е да создадеме амбиент на сигурност за целосен развој на нашите деца за да можат да ги реализираат своите потенцијали во вистинска насока – тоа е радост, среќа, љубов, разбирање и поддршка. Со оваа порака создаваме визуелна и модерна комуникација, достапна за сите на кои им е потребна. Приказната која ја презентираме е мотив да се помогне и отворено да се говори за ситуации и случувања на кои секојдневно работи и тимот на стручната служба во воспитно-образовниот процес“ изјави Гордана Јаневска, директорка на ООУ „Кочо Рацин“.

ХЕРА продолжува со својата мисија за унапредување на менталното здравје и борба против родово базираното насилство, преку соработка со локалните самоуправи, училиштата и заедницата.

За повеќе информации и закажување термини, граѓаните можат да се обратат во советувалиштата на ХЕРА:

  1. Прв семеен центар
    Отворен: понеделник, среда и петок (09:00–16:00); вторник и четврток (12:00–19:00)
    Телефон: 02/3200 007, +389 70 249 596
    Е-пошта: infopsc@hera.org.mk
  2. Центар за поддршка и советување на момчиња и мажи– ММ центар
    Отворен: вторник до четврток (10:00–17:00)
    Телефон: +389 70 299 026
  3. Советувалиште за превенција од употреба на алкохол и дроги во Младински центар „Сакам да знам”– Водно
    Телефон: +389 2 3176 950

 

Со почит,

Тимот на ХЕРА

 

 

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор