5 успешни приказни за унапредување на транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации

5 успешни приказни за унапредување на транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации

5 успешни приказни за унапредување на транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации, меѓу кои што и таа на Рурална Коалиција беа споделени во рамките на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“, која што ја спроведува Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС со Balkan Civil Society Development Network и Центар за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС) , во периодот од 2018 до 2021 г. Програмата е финансирана од Европската Унија (ЕУ).

Имаше навистина што да се слушне, што да се сподели и што да се научи, а во насока како #отчетно и #транспарентно работење на граѓанските организации придонесува кон одржливоста на мрежите/коалициите. Во својот дел, Рурална Коалиција го истакна значењето на партиципативното спроведување на процесот на стратешко планирање за институционалниот развој на коалицијата, додека пак кодексот за добро управување ги зацврстува демократските вредности, како и транспарентноста и отчетноста во работењето на управувачките структури во Коалицијата. “Делувањето во мрежа значи градење на круг на доверба со организациите-членки кој што постојано мора да се одржува и унапредува, а како да се достигне транспареност и отчетност која што тоа ќе го овозможи е главниот предизвик со кој што се соочуваат мрежите. Но, токму пак, довербата, отвореноста, транспарентноста, споделувањето на знаења, искуства, практики, заедничкото делување е она што има ја дава моќта на придонес на мрежите во општеството и ги прави препознатливи.“ – спомена во своето излагање извршната директорка на Коалицијата, Лилјана Јоноски.

Рурална Коалиција и понатаму ќе работи на унапредување на транспаретноста и отчетноста во работењето затоа што тоа е единствениот начин како Коалицијата може да се подготви и да делува во процесите кои што ни следуваат, а тоа се реформите во системот на државно финансирање, отворањето на пристапните преговори со ЕУ итн., каде што ваквите вредности се поставени на високо скалило кое што го дава легитимитетот и кредибилитетот на организацијата.

Продолжи со читање

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

  • #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas

    #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија во изданијата на Civica Mobilitas и Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС пред крајот на 2025.
    The post #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas first appeared on Finance Think.
    The post #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas appeared first on Finance Think.

  • Нова Студија за политиките 57!

    Нова Студија за политиките Анализираме како јавните финансии се претвораат (или не) во подобри исходи во образованието и здравството во шест земји од Западен Балкан, користејќи панел податоци за периодот 2006–2020 и CMP методологија. Клучни наоди: • Не е доволно колку трошиме — важно е како трошиме: подоброто извршување на буџетот е клучниот канал преку […]
    The post Нова Студија за политиките 57! first appeared on Finance Think.
    The post Нова Студија за политиките 57! appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор