цивил

20 години „Рок за мир“, големиот мировен концерт на ЦИВИЛ

Денеска се навршуваат 20 години од одржувањето на манифестацијата „Рок за мир“ на 24 март 2001 година во организација на ЦИВИЛ, а во партнерство со Пакс Кристи Холандија, Нансен дијалог центар и други.

ЦИВИЛ беше првата организација во земјата која од првиот ден на оружениот судир во земјата апелираше за мир и помирување и даде огромен придонес кон мировните напори и надминување на етнички мотивираното насилство.На сцената на МКЦ таа вечер, во воената 2001-ва година, на сцената настапија девет најпознати македонски рок и поп состави, како Архангел, Бла-Бла, Санаториум, Суперхикс, Нон Стоп, ЛП, Гаро и Парамециум, Ласт Експедишн и Мозаик, како и норвешкиот бенд Кине.

Организацијата остана доследна на своите позиции во застапување и промоција на ненасилството и мирот, одбраната на човековите права и слободи, слободата и еднаквоста.

Организацијата го одбележа јубилејот скромни и работно, со пораката: „Нека им е честит јубилејот на сите учесници во овој голем и важен настан и на сите поддржувачи на мирот во нашата земја.“

ЦИВИЛ Тим за комуникации

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор