НРЦ

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ ЗА ИЗРАБОТКА НА АНАЛИЗА НА ПАЗАР И ИЗРАБОТКА НА БИЗНИС ПЛАН

Почитувани,

Здружение Национален ромски центар (НРЦ)  објавува „Повик за ангажирање наексперт за дигитално зајакнување на организацијата и видливост“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1. Набавувач на услуги Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште на ул. Доне Божинов  бр. 11/5, Куманово.

1.2. Предмет на барањето: Прибирање пријави за ангажирањена експертза изработка на анализа на пазар и бизнис план

1.3.Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово го  спроведува проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ со финансиска поддршка на We Effect.

Цели на проектот

Општа цел на проектот е подобрен социо-економски статус и социјална вклученост на жените Ромки и млади Роми во Северна Македонија

Специфични цели на проектот се:

1. Организациски развој на Националниот ромски центар (НРЦ) во родова рамноправност и вклучување на родовите аспекти во главните политики

2. Економско зајакнување на Ромите, со фокус на жени и девојки

3. Зголемување на пристапот до правда за жените Ромки, девојчињата и момчињата и застапувањето базирано на пристапот базиран на човекови права на локално и национално ниво

4. Зголемена мобилизација на пристап до мерки за вработување и активирање на пазарот на трудот на Ромите, особено на младите

5. Зголемен пристап до заштита на работничките права врз основа на пристап базиран  на човекови права (HRBA) на локално и национално ниво

1.4. За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет адреса: www.nationalromacentrum.org

Понудувачот со поднесување на оваа понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на  проектот.30.04.2021 година

1.5. Понудувачот треба да ги исполни следниве услови:

  • завршено високо образование;
  • Документирано најмалку 5 години работно искуство или слични завршени задачи во изработка на најмалку 3 анализи на пазар и бизнис планови за деловни субјекти и/или граѓански здруженија кои имаат формирано социјално претпријатие(договор за соработка, примерок од изработена анализа на пазар и/или бизнис план;
  • Комуникациски и аналитички вештини, способност да пренесе знаење.

2. Пријава

Понудувачот треба да достави:

  • Работна биографија;
  • Предлог методологија за изработка на анализа на пазар и бизнис план за социјалното претпријатие
  • Писмо за интерес со краток опис кој ќе докаже дека поседува соодветно знаење и искуство за спроведување на активностите предмет на повикот со документирано работно искуство;
  • Во писмото за интерес наведете најмалку 3 клиентисо кои сте соработувале од областа на овој Повик;
  • Тековна состојба во оригинал не постара од 6 месеци доколку е правно лице;
  • Понудена бруто цена за ден.

3. Опис на позиција: експертза

Број на позиции:

  • (1) позиција ако се пријавува физичко лице или физички лица со заедничка понуда
  • Едно правно лице (здружение на граѓани или трговско друштво)

Времетраење: 6работни дена намесец април 2021 година.

Работни задачи за потребите на проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“

Селектираниот субјект ќе треба да ги постигне следните резултати, задачи и одговорности:

Согласно проектните документи ангажманот ќе биде 6 работни дена во месец април 2021 година.

Ангажманот е со следниве задачи и одговорности во проектот Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија:

  • Комуникација со проектниот тим на Национален ромски центар, комуникација со здружението ЗПИР Рома Перспектив Прилеп како директен корисник на експертската поддршка за социјалното претпријатие „Код за убавина“ кое се развива да пружа фризерски и козметички услуги;
  • Изработка на анализа на пазар за потребите за развој на социјално претприемништво во Прилеп;
  • Изработка на бизнис план за развој на социјалното претпријатие „Код за убавина“  на ЗПИР Рома Перспектив Прилеп за период 2021-2024;
  • За оваа активност е предвиден ангажман од 6работни дена
  • Изработка и достава на извештај за спроведени активности и пополнет образец time sheet во рок од 5 дена по завршување на ангажманот;
  • Прифаќање и почитување на принципите и етичките вредности на организацијата;
  • Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот.

Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка.  Исплатата ќе биде еднократна по завршување на ангажманот, одобрување на доставен извештај и time sheet од страна на извршителот.

4. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

Критериум за избор на најповолен понудувач е квалитетот и личното искуство, цена, на понудувачот согласно бараните критериуми.

Работна биографија – 40 поени

Искуство и квалитет – 40 поени

Бруто цена за ден – 20 поени

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните адреси info@nationalromacentrum.org и ksojic@nationalromacentrum.org најдоцна до 04.04.2021 година до 16:00 часот.


ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ ЗА ИЗРАБОТКА НА АНАЛИЗА НА ПАЗАР И ИЗРАБОТКА НА БИЗНИС ПЛАН was first posted on March 24, 2021 at 12:06 pm.
©2016 “Национален Ромски Центар“. Use of this feed is for personal non-commercial use only. If you are not reading this article in your feed reader, then the site is guilty of copyright infringement. Please contact me at dalibor.sojic@gmail.com

Продолжи со читање

  • Реакција: Македонија е опасно место за живеење за жените: Новиот фемицид во Битола е уште еден аларм за институциите

    Ние, граѓанските организации, најостро го осудуваме новиот фемицид што утринава се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот сопруг со нож. Според информациите на МВР, сторителот ја нападнал жената со која не живееле заедно, а таа починала на лице место од здобиените повреди. Ова не е изолиран случај. Ова е уште еден […]
    Read More… from Реакција: Македонија е опасно место за живеење за жените: Новиот фемицид во Битола е уште еден аларм за институциите
    The post Реакција: Македонија е опасно место за живеење за жените: Новиот фемицид во Битола е уште еден аларм за институциите appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Реакција на МОФ во однос на одлуката на Министерот за социјална политика, демографија и млади

    Младински образовен форум изразува сериозна загриженост и разочараност од одлуката на Министерството за социјална политика, демографија и млади да ја прекине и повтори постапката за избор на младински претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). Ова не е изолиран административен пропуст, туку повторување на веќе видена институционална пракса, со која се […]
    The post Реакција на МОФ во однос на одлуката на Министерот за социјална политика, демографија и млади appeared first on МОФ.

  • Одржана јавна дебата „Женско лидерство како огледало на заедницата“: Жените од руралните средини бараат поголемо учество во локалното одлучување

    Куманово, 12 мај 2026 – Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово ја одржа јавната дебата „Женско лидерство како огледало на заедницата“, во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“. На настанот учествуваа претставнички од осум рурални и приградски заедници во општина Куманово, претставници на локалната самоуправа, советници, граѓански организации, образовни институции, медиуми и граѓани, […]

  • Учество во проектот Боренка во Василево

    На 11.05.2026 год. (понеделник) членовите на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, Иван Гушев и Владимир Ивановски – Вуцо заедно со членови од канцеларијата на Сојуз на извидници на Македонија организираа работилница за проектот за пошумување на опожарени подрачја – Боренка. Оваа работилница се организираше и истата се одржа во…

  • Од порака до влијание: приказната како алатка за застапување

    Дваесет и еден млад учесник учеше како личната и заедничката приказна може да стане моќна алатка за застапување, влијание и поттикнување промени во заедницата. Наместо приказната да се третира како креативно пишување, фокусот беше ставен на нејзината практична примена – поврзување, убедување и поттикнување на акција.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор