Vrabotuvanje civica mobilitas

Вработуваме: координатор на програма и соработник за односи со јавност

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) објавува јавен оглас за вработување на 2 (два) работника на определено време од шест месеци, со можност за продолжување до крајот на 2022 година, на работните места: 

  • Координатор на програма: Раководење со проектен циклус (вклучително грантови) кој ги опфаќа сите фази вклучително и спроведување проектни активности, наративно и финансиско известување, следење и оценка;
  • Соработник за односи со јавност: Односи со јавност (подготовка на соопштенија за јавност, промотивен материјал, е-билтени, извештаи,  текстови за програмските активности за јавноста, организирање прес-конференции, координација на подготовка и издавање публикации, осигурување видливост на СДЦ).

Двете работни места се во програмата Цивика мобилитас (2019-2022), финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:

  • Основни познавања за работата на МЦМС и програмата Цивика мобилитас;
  • Комплетирано високо образование;
  • Најмалку пет години работно искуство на проекти за граѓанското општество во Македонија за првата позиција или најмалку 3 години работа во областа односи со јавноста, за втората. 
  • Познавање процедури за раководење на проекти на странски донатори, особено СДЦ, ќе се смета за предност.
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик, а познавање на албанскиот јазик ќе се смета за предност.
  • Познавање на административно и канцелариско работење.
  • Докажана способност да работи со компјутери, пред сè одлично познавање на програмите од пакетот на Мајкрософт офис.
  • Возачка дозвола: Б категорија.

Кандидатите треба да ги поседуваат следните вештини и способности:

  • за комуникација (усна и писмена) и презентација; 
  • за брзо прифаќање и прилагодување кон нови задачи; 
  • за тимска работа во мултикултурно опкружување;
  • за извршување повеќе задачи истовремено и за испорака во кратки рокови;
  • за работа надвор од канцеларија;
  • за уредност и организираност;

Работно време: 40 часа во работна недела. Дневното работно време е флексибилно, со основно работно време од 9 до 15 часот и променливото работно време од 2 (два) часа дневно. Основната бруто плата може да изнесува најмногу 64,000 денари за Координатор на програма, а најмногу 55,000 денари за Соработникот за односи со јавност. Точниот износ ќе се утврди врз основа на искуството на кандидатот и описот на работни задачи.

Кандидатите треба да достават:

Документите треба да се достават на следната адреса (преферираме испраќање на документите по електронска пошта):

Македонски центар за меѓународна соработка
Ул. Никола Парапунов бр. 41а, 1060 Скопје
Или на е-пошта: oglaszarabota@mcms.mk
Лице за контакт е Борче Јакимовски

Рокот за поднесување на пријавите e петок, 4 декември 2020 година. 

По истекот на рокот за поднесување на документи, со кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови, ќе биде спроведено тестирање. Кандидатите со најдобри резултати ќе бидат повикани на интервју. Изборот ќе се изврши во рок согласно Законот за работни односи, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Продолжи со читање

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор