20180614 Dela na omraza ad hok forum

„Во основа на делата од омраза е дискриминацијата“

„Казнивоста на делата од омраза“ беше темата на ад хок форумот на Цивика мобилитас на кој, меѓу другото, беше промовирана и публикацијата „Срдба и казна“ на Александар Маркоски, еден од стипендистите на програмата.

Личен бил мотивот на Александар Маркоски, авторот на публикацијата „Срдба и казна“, да се посвети на овие кривични дела. „Растев во Чаир и постојано се прашував од каде сите овие поделби и од каде таа омраза“, рече тој. Според него, генезата на овие однесувања е во семејството. Маркоски зборуваше за анимозитетот, агресијата и виктимизацијата како елементи на делата од омраза. „Во историјата на човештвото, верската омраза била најдеструктивна“, смета Маркоски. Тој се осврна и на говорот на омраза, особено на тешкотиите во поставувањето на границата меѓу него и слободата на изразување. Клучот за справувањето со овие дела, според авторот Маркоски, е во превенцијата.

„Делата од омраза добиваат повеќе на значење во последните неколку децении“, рече во своето обраќање Александар Чавлески, рецензент на публикацијата. Тој додаде дека во позадина на овие дела е дискриминацијата, а како ќе бидат процесуирани зависи од личните предрасуди на обвинителот. „Авторот“, рече Чавлески, „оди и чекор понатаму и во публикацијата дава психолошки профил на сторителот на ваквите дела“. Тој апелираше за зголемување на свесноста за радикализацијата која се случува во светот, а која, особено преку терористичките напади веќе предизвикала измени во легислативата.

„Над 400 инциденти на злосторство од омраза регистрираше Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП) во последните пет години, а 70 во 2017 година.“, рече Хајди Штерјова Симоновиќ – проектен координатор во оваа организација. Според неа, во последната година најчести се политичките и етничките инциденти. „Голем дел од инцидентите остануваат не документирани, а уште поголем не процесуирани“, додаде таа. Според Извештајот на ХКЧП, најголем дел од овие инциденти се дела против животот и имотот, а сторителите и жртвите се млади или малолетници. Општините Центар и Гази Баба во Скопје се на врвот на листата на општини каде се случиле најголем број од делата.

Андреј Божиновски, правен советник во Здружението за кривично право и криминологија на Македонија се осврна на недореченостите во кривичниот закон за делата од омраза како и на фактот дека тешко е да се докаже мотивот на сторителот. Според него, на жртвите на делата од омраза им се случува и секундарна виктимизација, особено ако се припадници на ЛГБТИ заедницата.

Ад хок форумот се одржа на 14 јуни 2018 година во Младинскиот културен центар во Скопје. Кратки воведни обраќања на Форумот имаа и Питер Тоинес, меѓународен водач на тимот на Цивика Мобилитас и Горјан Лазаревски, директор на издавачката куќа „Авант прес“ која го поддржа издавањето на публикацијата.  Ад хок форумот понуди простор за дискусија на публиката составена од претставници на граѓанските организации, адвокатите, обвинителите и академската заедница.

Продолжи со читање

  • Мониторинг посетите ја потврдија одржливоста на партнерствата и резултатите од грантовите

    Во периодот од 8 до 21 мај, тимот на Цивика мобилитас реализираше посети за мониторинг на организациите корисници на  грантови. Посетите се одвиваа во просториите на организациите носители на проектите, а на средбите најчесто присуствуваа и претставници на партнерските организации. Со оглед дека најголем дел од проектите влегуваат во завршна…

  • Старо-новите предизвици на граѓанскиот сектор

    Предлог – Законот за здруженија и фондации, односно коментарите и предлозите поврзани со него предизвикаа повеќе дебати во граѓанскиот сектор во  почетокот на годината. Ова беше и разбирливо ако се има предвид дека станува збор за основниот закон според кој функционираат граѓанските организации. Поднесените околу 130 коментари многу јасно го…

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

  • Седма едукативна работилница во Куманово за унапредување на здравјето на мајките и децата со фокус на мајчиното ментално здравје

    На 23.04.2026 година во Куманово се одржа седмата по ред едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 18 жени, бремени или во период до 12 месеци по породувањето. Работилницата им овозможи на учесничките да добијат важни информации за…

  • Наша моќ, наша планета: Граѓанскиот сектор предводник на промените

    Секоја година, 22 април нè потсетува дека планетата не се заштитува само со големи ветувања, туку со секојдневни работа, одлуки, практични решенија и заедници кои знаат дека имаат моќ да направат промена. Овогодинешното мото на Денот на планетата Земја, „Нашата моќ, нашата планета“, особено силно се поврзува со работата на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор