Кратка биографија

Завршил додипломски и постдипломски студии на факултетот за правни науки „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1997-2003). Од 2010 година е  на докторски студии од областа на казненото право на истиот факултет.

Работел како помлад асистент на „Европски универзитет – Република Македонија“ во Скопје и на Универзитетот ФОН, со ангажман на казнено-правни, криминолошки и безбедносни предмети. Во 2009 е избран на функцијата – Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство во Скопје, а од 2015 е раководител на одделот за имотни деликти при Основното јавно обвинителство во Скопје.

Докторска дисертација

КАЗНЕНО- ПРАВЕН ТРЕТМАН НА ДЕЛАТА НА ОМРАЗА

Резиме

Трудот ќе се состои од наредниве точки:

  • Полемизирање околу криминолошките аспекти и дефинирање на кривичните дела на омраза, а потем ќе се прикаже легислативата de lege lata.
  • Компаративна анализа што ќе ги вклучи следниве земји: САД, Обединетото Кралство, Полска, Хрватска, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Бугарија.
  • Анализирање на ситуацијата во нашата држава и прикажување на резултатите од истражувањето за санкционирањето и гонењето на делата на омраза во судската практика со перспективите за примена и остварување на целта во периодот што следи.

Цели

Со потенцирањето на тоа дека основните човекови права подразбираат почитување на разликите, ќе биде зајакнато ткивото на помалите етнички заедници во државата. Исто така, ќе биде објаснет исходот од судирот на двете честопати конкурентни права: слободата на говорот и слободата на вероисповеста.

Значајност за граѓанското општество

Во однос на граѓанскиот сектор, ќе бидат дадени предлози и идеи за негово инволвирање во прашањето на спречувањето на делата од омраза со посочување на форми на активизам. Истото веројатно е дека ќе предизвика поголем успех од она што ќе се сработи од страна на државните органи.

Времетраење: 1.9.2016 – 1.12.2017

Буџет: 186.000 денари