MG 1658

Промовирани првите мали акциски и ад хок грантисти на Цивика мобилитас

Цивика мобилитас, промовираше девет мали и пет ад хок грантисти, како дел од програмата на Националниот форум што се одржа на 4 декември 2015 година. Сертификатите на грантистите им ги додели вршителот на должност Амбасадор на Швајцарија во Македонија, г-ѓа Катерина Штокер. „Целта е да се создаде критична маса на граѓански организации кои ќе бидат подготвени навремено да ги адресираат проблемите во општеството и со активно учество да ги решат“, рече Штокер.

 

 MG 1658

Малите акциски грантови се наменети за поддршка на граѓански организации кои сакаат да ги промовираат своите цели на локално/национално ниво, а ад хок грантовите, освен на здруженијата и фондациите на располагање им се и на неформални, нерегистрирани групи граѓани за поддршка на итни, неодложни т.н. „горливи“ прашања кои се појавуваат и кои бараат итно внимание и акција на секое ниво на интервенција во Македонија.

Добитници на малите акциски грантови се: Здружение за развој на ромската заедница Сумнал, Скопје за проектот „Јас имам избирачко право!“; Здружение за борба против рак Борка – за секој нов ден, Скопје за проектот „Избирам живот – ресоцијализација на жени после рак на дојка“; Гешталт центар Младен Костиќ Аспекти – Скопје за проектот „Младите помеѓу политичката дихотомија – (со арт експресија) во надминување на ригидноста и говорот на омраза)“; Центар за информативна и логистичка поддршка на граѓаните Нов контакт, Скопје за проектот „Развој преку комуникација“; Здружение Извор, Кратово за проектот „Нова надеж – нови перспективи“; Центар за лековити билки и шумски плодови Амброзија, Берово за проектот „Преку интегрирано делување до намалување на миграциите“; Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство – Глас против насилство, Скопје за проектот „Насилството врз жените и медиумите: Унапредување на техниките за известување и медиумска покриеност на случаи на насилство врз жени“; Здружение за општествен развој, развој на јавните институции и економски развој Институт за развојни студии, Скопје за проектот „Креирање услови за поквалитетно и поефикасно планирање во јавниот сектор“; Македонска асоцијаци ја за човечки ресурси Скопје за проектот „Со различности до напредок“.

 MG 1621

Малите акциски грантови имаат вкупен буџет од 3.326.300 денари и вклучуваат оспособување на конституентите на граѓанските организации; јакнење на односите со граѓаните, заедниците и пошироката јавност; како и влијание за постигнување позитивни општествени промени за што се залага и Цивика мобилитас.

Добитници на првите ад хок грантови се: Фондација за развој на локалната заедница Штип за проектот „За спас на паркот во „8 Ноември“; Регионален центар за одржлив развој, Гевгелија за проектот „Помогни и ти!“; Центар за граѓанска иницијатива, Прилеп за проектот „Стоп за поплавите“; Здружение за заштита и унапредување на човековите слободи и права Сведок, Скопје за проектот „Медиумско известување на случаите по кои ќе постапува специјалниот јавен обвинител – Фаза 1, Истрага, Мониторирај и известувај!“; Здружение на Балканските Египќани во Република Македонија, Охрид за проектот „Потребите на граѓаните на прво место.“

CM dodeluvanje mak adh 2

Буџетот на одобрените ад хок грантови изнесува 1.913.850 денари, а нивната цел е да стимулираат активно граѓанство, овозможувајќи му да се мобилизира и да ги реши итните општествени прашања по принципот „овде и сега“.

Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).

Продолжи со читање

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

  • Граѓанското учество е право и одговорност на сите

    Во фокусот на овој број на Граѓаните за промена е граѓанското учество. Тема која граѓанските организации и во овој квартал не само што ја дискутираа туку и ја практикуваа. Колегите од ПроЛокал, од Битола, тоа го правеа на регионално и на локално ниво, во цела Пелагонија. Заедно со партнерите од…

  • Светски ден за борба против ракот: само 10 отсто од жените опфатени со скрининг за рак на грлото на маткатa

    Иако ракот на грлото на матката е едно од ретките малигни заболувања што речиси целосно може да се превенира, во Северна Македонија секоја година заболуваат околу 200 жени, а помеѓу 40 и 60 жени го губат животот од оваа болест. Алармантен е податокот дека во 2024 година со организираниот скрининг…

  • Тематски форум за користење на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата

    СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ САМО ЗА ДВА МЕСЕЦА, 3.000 ФИРМИ ШТО ДОБИЛЕ ТЕНДЕРИ ГИ ОБЕЛОДЕНИЛЕ СВОИТЕ ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ Скопје, 28 јануари 2026 година  |  Повеќе од 30 претставници на клучни јавни институции, граѓански организации, медиуми и меѓународни организации денеска дискутираа за можностите и начините на користење на податоците од Регистарот за вистински сопственици на правните субјекти како алатка за борба против корупцијата. Швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Сомер истакна…

  • Дали Македонија конечно ќе знае каде ѝ се стипендистите?

    Македонија секоја година губи потенцијал на млади луѓе колку еден цел мал град. Само во Словенија, во последните неколку години, заминуваат просечно по околу 1000 македонски студенти. Додека најдобрите умови од нашите средни училишта ги освојуваат амфитеатрите во Виена, Берлин, Љубљана или Амстердам, државата со години се соочуваше со институционален…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор