КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИЈАВИ ЗА ВТОРИОТ ПОВИК ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ГРАНТОВИ

Крајниот рок за поднесување пријави за повикот за институционални грантови на Цивика мобилитас, реф. бр. ЦМ-ИНС-02 е петок, 15 јануари 2016 г. до 16 часот. Канцеларијата на МЦМС ќе биде отворена за прием на пријавите од 9 до 16 часот на 15 јануари 2016 г.

Им обрнуваме внимание на апликантите пред да ја поднесат пријавата внимателно да го прочитаат ВОДИЧОТ ЗА АПЛИКАНТИТЕ, дел 4.4. Поднесување на пријавата. Поточно, пријавата која е поднесена лично, преку пошта или курирска служба мора да биде доставена пред истекот на крајниот рок до следнава адреса:

Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)
за Цивика мобилитас
ул. Никола Парапунов, бр. 41а
(за доставување лично или со курирска служба)
Пошт. фах 55, 1060 Скопје
(за доставување преку пошта)

Пријавите мора да бидат поднесени во ЕДЕН запечатен плик со истакнати:

  • Наслов на повикот за предлози: Цивика мобилитас – институционални грантови;
  • Референтен број на овој повик за предлози: ЦМ-ИНС-02;
  • Име на апликантот;
  • Адреса на апликантот;
  • Зборовите: „ДА НЕ СЕ ОТВОРА ПРЕД СЕСИЈАТА ЗА ОТВОРАЊЕ“.

Запечатениот плик треба да содржи:

  • Еден оригинал, отпечатен и потпишан во формат А4;
  • Пет копии, отпечатени во формат А4.
  • Една електронска верзија на ЦД или УСБ.

За да се избегнат трошоци и за да се заштити животната средина, препорачуваме двострано печатење и да не се користи пластифицирање.

Воедно ве потсетуваме да ја проверите административната усогласеност и подобноста користејќи ја листата за проверка дадена во пријавата, која вклучува:

a) Административна усогласеност

  • Прашалникот за самооценка е пополнет и поднесен онлајн (преку Интернет)
  • Користен е точниот формат на пријавата
  • Предлогот е напишан на компјутер и е на македонски јазик
  • Приложена е 1 оригинална и 5 идентични копии на пријавата (со прилозите) во хартиена форма
  • Приложена е електронската верзија од пријавата (ЦД или УСБ)
  • Изјавата на апликантот е пополнета и потпишана од неговиот законски застапник
  • Прилози – доставени се сите барани прилози во точниот формат, и тоа:
  • Двегодишниот работен план е приложен и е во точниот формат
  • Двегодишниот буџет е приложен, е во точениот формат и е изразен во македонски денари
  • Временската рамка е приложена и е во точниот формат
  • Тековната состојба е приложена и не е постара од 6 месеци
  • Копиите од завршните сметки за последните три години се приложени

б) Подобност

  • Апликантот е регистриран како здружение или фондација според Законот за здруженија и фондации
  • Апликантот не вклучил партнери и/или соработници
  • Апликантот не е тековен корисник на институционален или акциски грант
  • Барањето за годишен грант е меѓу 1.000.000 денари и 2.000.000 денари
  • Времетраењето на грантот е 24 месеци
  • Апликантот целосно го пополнил делот 3. Патокази
  • Апликантот поднел само една пријава

Повеќе информации за повикот.
Повеќе информации за локацијата на канцеларијата на МЦМС, вклучително мапа.

Продолжи со читање

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Јавниот интерес пред скриената сопственост

    Во светот долго време се знаеше за постоењето на т.н. „шел“ или празни компании кои без познат сопственик и без вработени си префрлаа меѓу себе огромни суми пари за фиктивни услуги, за да се затскрие трагата на овие пари кои најчесто потекнуваа од црни и неоданочени бизниси. Но по откритијата…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор