Dodeleni akciski grantovi
|

ИЗБРАНИ СЕ НОВИТЕ АКЦИСКИ ГРАНТИСТИ

Комисијата за избор на грантови на Цивика мобилитас ги оцени пристигнатите пријави и додели седум грантови кои ќе ги спроведуваат вкупно 22 организации (списокот на апликантите и нивните партнери е на крајот од текстот).  

Акциите на новите грантисти ќе се спроведуваат во 9 различни сектори и ќе опфатат теми за  развој на граѓанското општество, родовите прашања, демократијата, животната средина и природните ресурси, доброто владеење, човековите права, образованието, науката и истражувањето.

Со дел од проектите ќе се развива модел за јакнење на граѓански/женски алијанси (платформи) за застапување на социо-економски политики на локално ниво при закрепнувањето од пандемијата; ќе се формира диспечерски центар и мобилен тим за обезбедување на социјалните услуги за нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини; ќе се создадат алатки кои ќе го зголемат обемот на донации за општествено релевантни иновативни проекти. Потоа,  ќе се подобрува функционалноста и транспарентноста на локалниот инспекциски надзор и ќе се поттикнува двонасочната комуникација со граѓанските организации и граѓаните воопшто; ќе се зајакнуваат  меѓуетничките односи и ќе се превенира радикализација преку креирање на систем за врсничко учење. Со некои од акциите ќе се воспостави систем за мониторинг на политиките и легислативата од областа на заштитата на дискриминацијата, со посебен фокус кон работата на новата Комисија за спречување и заштита од дискриминација итн.

Поддржаните акции во главно ќе се спроведуваат на национално ниво, а дел на регионално и локално. Грантистите доаѓаат од пет региони и тоа од скопскиот, источниот, југозападниот, пелагонискиот и североисточниот регион.

На повикот што беше отворен до 3 март 2021 г. пристигнаа 92 пријави на вкупно 195 граѓански организации, фондации и медиуми. Од нив, 83 ги исполнија административните критериуми и беа доставени до Комисијата.

1. Здружение за унапредување на родовата еднаквост АКЦИЈА ЗДРУЖЕНСКА Скопје во соработка со Институт за општествени и хуманистички науки  и Здружение Радика – ДЕ Дебар со проектот Родова димензија на политики во фокус – јакнење на резилиентност во пост-ковид период

2. Еколошко друштво ЗДРАВЕЦ 2002 Македонска Каменица  во соработка со Здружение на пензионери на Македонска Каменица и Здружение ГЛАС НА ЕДНАКВОСТА Македонска Каменица со проектот Дигитализација на социјалните услуги за нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини

3. Научна фондација СПИРОСКИ Скопјево соработка со Здружение на граѓани Македонска медицинска студентска асоцијација – ММСА и Студентски организирана медицинска асоцијација СОМА, Штип со проектот НФС – Дарителски регистар за коскена срцевина [НФС-ДРКС]

4. Здружение за дигитални иновации и трансформации ХАБ Скопје во соработка со Центар за економски анализи Скопје, Здружение за поддршка со помош на социјално исклучените и сиромашни лица ХРАНА ЗА СИТЕ – БХМ Скопје и Асоцијација на специјализанти и млади лекари Македонија – АСМЛ со проектот Make it easy – воспоставување на прва краудфандинг платформа за граѓански иницијативи во Северна Македонија

5. Фондација НВО Инфоцентар во соработка со Здружение за локална демократија Центар на заедницата на општина Струга и Здружение Регионален центар за соработка СПЕКТАР Крива Паланка со проектот Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните

6. Здружение на граѓани НЕКСУС – ГРАЃАНСКИ КОНЦЕПТ Скопје во соработка со Здружение за развој и активизам „Аква“ Струга и Здружение за граѓански активизам и поттикнување на општествена одговорност ХОРИЗОН ЦИВИТАС Скопје со проектот Мултикултурализам и радикализација: Нови пристапи кон старите проблеми

7. Здружение ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА Скопје во соработка со Здружение ХОПСОпции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп со проектот Интерсекциска дискриминација во С. Македонија

dodeleni-akciski-grantovi

Продолжи со читање

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

  • Седма едукативна работилница во Куманово за унапредување на здравјето на мајките и децата со фокус на мајчиното ментално здравје

    На 23.04.2026 година во Куманово се одржа седмата по ред едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 18 жени, бремени или во период до 12 месеци по породувањето. Работилницата им овозможи на учесничките да добијат важни информации за…

  • Наша моќ, наша планета: Граѓанскиот сектор предводник на промените

    Секоја година, 22 април нè потсетува дека планетата не се заштитува само со големи ветувања, туку со секојдневни работа, одлуки, практични решенија и заедници кои знаат дека имаат моќ да направат промена. Овогодинешното мото на Денот на планетата Земја, „Нашата моќ, нашата планета“, особено силно се поврзува со работата на…

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор