cm dfestival

Граѓанскиот активизам и општествените промени

Цивика мобилитас беше дел од петтиот по ред Д-фестивал, кој се одржа од 17 до 19 јули 2015 година во Стар Дојран. Во фестивалскиот камп беа одржани два настани: информативна сесија за програмата и тематски форум посветен на граѓанскиот ангажман.

cm dfestival

Граѓанскиот ангажман во Македонија, односно вклученоста на граѓаните во иницирањето и постигнувањето општествени промени беше тема на форумот што се одржа на 19 јули 2015 година. Преку примерите на неформалните здружувања: „На точак“ и „Студентски пленум“ се дискутираше за тоа колкава и каква треба да биде критичната маса за предизвикување општествена промена?; Што е потребно да се постигне потребната критична маса?; Како да се мобилизираат граѓаните за општествени промени? Дали треба да се користат традиционални и/или модерни методи и алатки? итн.

Јована Тозија и Искра Савовска од „На точак“ зборуваа за почетоците на движењето и за начинот на комуникација со надлежните институции. „Функционираме хоризонтално, немаме хиерархиска структура, секој придонесува кога може и со што може“, рече Јована Тозија. Таквиот начин на функционирање одзема време и енергија, но засега не планираат да го сменат. Тие ги споделија искуствата од соработката со институциите. „Кога грешат ние ги критикуваме, кога ќе направат некоја добра работа, ги фалиме. Тие не се наши пријатели, но не се нужно наши непријатели – институциите ни се потребни за да ја постигнеме нашата цел и да ги обезбедиме промените што ни се потребни“, рече Савовска. „За каков било активизам“, рече Јована Тозија, „важно е да чувствувате незадоволство од одредена состојба и гнев што ќе ве држи доволно долго за да вложите напор што ќе резултира со промена; да го почитувате мислењето на другиот; да не ги сведувате дискусиите на лична основа туку на аргументи; да бидете искрени, затоа што тоа се препознава. Држете се до својата цел, не се дефокусирајте од неа“, им порача таа на присутните.

cm dfestival 2

Дарко Малиновски од Студентски пленум зборуваше за нивното искуство во организирањето и функционирањето. „Студентски пленум е комплексна група и таа е одговор, меѓу другото, на нашето незадоволство од тоа како функционираа формалните здруженија на студентите. Сметавме дека хоризонталната поставеност е соодветна за создавање критична маса за целта што ја имавме“, рече тој. Малиновски исто така зборуваше и за потребата од деперсонализација на движењето и за првичната одлука на одбегнување на традиционалните медиуми. „Хоризонталната поставеност овозможува студентите да си го кажат своето мислење, се разбира тоа бара повеќе време, некогаш се водат непотребно долги дискусии што го забавуваат одговорот на движењето“, додаде тој. „Од друга страна, во тие дискусии се појавуваат различни мислења кои не се нужно исправни или неисправни – дискусиите ни овозможуваат да дојдеме до трето, најчесто најдобро решение“. Во духот на функционирањето на „Студентски пленум“ своите идеи ги споделија и присутните приврзаници. Тие споделија дека често ги прашуваат дали ќе се изгуби дел од енергијата кога дел од активистите ќе дипломираат. За „пленумците“ за тоа воопшто не станува збор. „Нашите пријатели од „Средношколскиот пленум“ од септември ќе станат наши колеги, тие со себе ќе ја донесат нивната енергија, заедно ќе работиме не само на Законот за високо образование туку и на многу други прашања како што е на пример студентскиот стандард“, рече Бојан Ристовски од „Студентски пленум“.

Во дискусијата што потоа се разви присутните ги споделија своите искуства и прашуваа подетално за некои аспекти од двата презентирани примери.

Вториот настан беше информативната сесија, на која Даниела Стојанова ја презентираше програмата, а во дискусијата што следуваше присутните се интересираа за можностите за финансиска поддршка на формалните и неформалните здружувања, за воспоставувањето соработка итн.

Цивика мобилитас беше дел од петтиот по ред Д-фестивал, кој се одржа од 17 до 19 јули 2015 година во Стар Дојран. Во фес…

Posted by Civica Mobilitas on Tuesday, July 21, 2015

Продолжи со читање

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

  • Седма едукативна работилница во Куманово за унапредување на здравјето на мајките и децата со фокус на мајчиното ментално здравје

    На 23.04.2026 година во Куманово се одржа седмата по ред едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 18 жени, бремени или во период до 12 месеци по породувањето. Работилницата им овозможи на учесничките да добијат важни информации за…

  • Наша моќ, наша планета: Граѓанскиот сектор предводник на промените

    Секоја година, 22 април нè потсетува дека планетата не се заштитува само со големи ветувања, туку со секојдневни работа, одлуки, практични решенија и заедници кои знаат дека имаат моќ да направат промена. Овогодинешното мото на Денот на планетата Земја, „Нашата моќ, нашата планета“, особено силно се поврзува со работата на…

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор