Dodeleni ad hok grantovi
|

Доделени осум нови мали грантови за граѓанските организации

Комисијата за избор на грантови ги оцени концептите кои организациите ги поднесоа во петтиот круг од повикот за мали грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-МАК-02).

Избраните осум грантисти ќе работат на подобрување на условите и правата на работниците, создавање пристојни работни места за младите, ќе ја подигнат свеста за секојдневните предизвици на лицата со оштетен вид, како и свеста кај руралното население за зелената економија и потребата од заштита на животната средина, а исто така ќе го испитуваат присуството на тешки метали и други примеси во водата на Каменичка Река. Покрај тоа, тие ќе споделуваат важни информации и анализи за состојбите во доброволните противпожарни друштва во земјава, ќе го олеснат образовниот процес кај децата од руралните средини и нивната интеракција со децата од урбаните средини, а исто така ќе ги зајакнат вредностите на меѓуетничкиот живот во Охрид преку најмладите.

Добитници на мал грант се следните организации:

  • Еколошко друштво Здравец 2002 со проектот „Мониторинг на Каменичка Река“;
  • Доброволно противпожарно друштво Свети Николе со проектот „Доброволните противпожарни друштва, активни општествени чинители!“;
  • Здружение за мултикултурна интеграција ИНКЛУЗИЈА, Охрид со проектот „Низ една призма – сите сме исти“;
  • Здружение за развој на образование, култура, наука, спорт и туризам во руралните средини НОВА ЅВЕЗДА-Турско здружение Долно Количани Студеничани со проектот „Да не ги заборавиме децата од руралните средини“;
  • Здружение на производители на градинарски и цвеќарски видови „Хорти Еко“, Струмица со проектот „ Од земјоделски отпад до ‘црно злато’“;
  • Здружение за социјални и културни активности Центар за креативни комуникации Скопје со проектот „Специјален и единствен проект во Македонија наменет за слепи и лица со оштетен вид“;
  • Центар за интеграција на млади „Младински сон“ Струга со проектот „Заштита на работните права“;
  • Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник со проектот „Унапредување и одржување правични и продуктивни работни средини за развој на локалната заедница“.

Акциите на новите грантисти ќе се однесуваат на животната средина и природните ресурси; деца, млади и студенти; информации, комуникации и медиуми; човекови права; како и вработување.

Поддржаните организации доаѓаат од Македонска Каменица, Свети Николе, Охрид, Струга, Прилеп, Скопје, Долно Количани и Струмица.

Вкупниот буџет на поддржаните акции во овој квартал изнесува 2.495.529 денари.

Повикот за аплицирање за мали грантови останува отворен до 30 јуни 2022 г. Концептите може да бидат доставени во кое било време до овој датум. Комисијата за избор на малите грантови ќе носи одлуки на квартално ниво.

Продолжи со читање

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор