Општина Карпош има активен Локален совет за превенција

Општина Карпош има активен Локален совет за превенција

Состојбата со  ковид – 19, подготовката за почеток на учебната година во изменети услови, како и зачетената појава на уништивање на урбаната опрема, се дел од темите за расправа пред Локалниот совет за превенција од скопската општина Карпош. Сепак, пред членовите стојат многу други предзвици, со оглед на тоа дека се работи за урбана и активна општина. Ова беа искажувањата на членовите на Локалниот совет за превенција на работилницата што ЗГ Медиа плус ја организираше во рамките на проектот „Здружени сме побезбедни и поситгурни“, поддржан од програмата Цивика мобилитас.

Членовите се интересираа за начинот на органзиирање на работењето, свикувањето на седниците и зачестеноста, при што од своето долгогодишно искуство во ова тело, тренерот Данче Николовска – Вратеовска рече дека барањата на заедницата ќе ја диктираат и динамиката на работењето. Во Локалниот совет за превенција работат професионалци во својата област, кои добра ја познаваат областа на превенцијата и особено активен Сектор за превенција во рамките на СВР Скопје. Сепак, има уште многу прашања и граѓански приоритети за решавање.

Медиа плус спроведе анкетни активности и средби со фокус групи, врс основа на што беа селектирани детектираните проблеми и приоритети на граѓаните на Општина Карпош:

  • Брзото возење особено во ноќните часови по главните улици, трки на автомобили по главните улици (пр. Партизанска, кај бензинската станица во населба Козле);
  • Не се почитуваат сообраќајните знаци, а некаде има и недостаток од нив;
  • На улица „Партизанска“ се поставија столпчиња за да се движат пешаците безбедно, но сега пак се жалат граѓаните, со тоа третата лента стана своевидно паркиралиште, откако возилата не можат како порано да се поткачуваат на тротоар. На третата лента застануваат такси возила, амбулантните возила и на полиција, а на двете ленти се создава метеж, откако возилата  не можат да се разминат;
  • Несоодветно паркирање насекаде, (пр.од Центар паркираат во Карпош за да не плаќаат, бидејќи Карпош 4 има паркинг ама не им се наплаќа; Ул.„Женевска“ кај училиштето не можат децата да си ги земат; Козле- поради секојдневните посети на граѓаните во Германска амбасада е голема гужва, поради што станарите не можат да си влезат дома; и по споредни тесни улици паркирање кола место во двор на улица; на места од куќите за домување се прават згради, за кои нема предвидено доволно паркинг простор);
  • Собирање на млади на детски и спортски игралишта навечер, кршење инвентар, алокохол, дрога (Примери игралиште Сокол во зима, во населба Жданец паркче Бродче доаѓаат деца од други населби, при што ја вандализираат опремата итн);
  • Кражби по домови;
  • Реакција од нас.Злокуќани на гласна музика и бучава;
  • Кучињата скитници;
  • Граѓаните се незадоволни од реакцијата на Паркови и зеленило, понекогаш се чека со месеци;
  • Хидрантите се празни;
  • Во Порта Влае е преголем бројот кладилници и коцкарници;
  • Долот меѓу населба Жданец и Трнодол го исчистиле службите, но за кратко повторно почнува се фрла кабаст отпад и се создава нова депонија;
  • Граѓаните бараат присуство на позорникари, да се зголеми соработката со полицијата, неселективно казнување, поголема едукација, да се креваат со возилото Пајак непрописно паркираните возила за да се влијае на населението, а потребни се патеки за пешаци).

Работилницата со Локалниот совет за превенција е обид за динамизирање на работата на ова тело, кое ги поврзува граѓаните со локалните институции. Понатаму останува на општината,но пред се на членовите на Советот, кои покажаа интерес за искажаните граѓански приоритети.

Работилницата со Општината Карпош е шестата од вкупно осумте планирани во сите општини со кои ЗГ Медиа плус соработува во спроведувањето на проектните активности. Претстојат уште раобтилниците во општните Крива Паланка и Гевгелија, кои поради настанатите промени со ковид -19 и препораките на Владата, ќе се одржат онлајн.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор