3 1 1

Да се развие претприемачкиот дух на ГО бидејќи финансии има, а и расположение за донирање

„Мора да се менуваме, не треба да се плашиме да бидеме бизнис ориентирани, тоа нема да не направи помалку ориентирани кон нашите мисии и цели. Напротив, ќе ни даде можност многу повеќе да работиме за нив “, ова беше завршната констатација од Тематскиот форум на Цивика мобилитас насловен: „Можеме ли повеќе од грантови?!“ – Финансирање на граѓанските организации преку: донации, краудфандинг (crowdfunding) и социјални претпријатија. Да се вмрежуваме многу повеќе од тоа што сега го правиме и да зборуваме за она што го правиме. Тоа е првиот чекор на градење довербата помеѓу граѓанските организации од една страна и граѓаните или компаниите од друга страна. Присутните зборуваа и за транспарентноста како важен сегмент за градење на меѓусебната доверба и развивање на свестта за дарување.

Говорниците на Форумот се согласија дека има потреба како граѓански сектор да работиме на промена на законската регулатива реферирајќи на Законот за донации и спонзорства за да се олесни процесот на донирање. „Поразително е да кажам дека имаме повеќе од 100 одбиени донации над 12.000 денари преку платформата E-crowd токму поради системот, банките, легислативата“, рече Љупчо Петковски, заменик претседател на Ино Хаб – Скопје и еден од говорниците на Форумот. Тој истакна дека Македонците сакаат да донираат и донираат што се потврдува со различните акции, но мора да се работи на либерализација на легислативата. На ова се надоврза и Виктор Мирчевски, програмски раководител на КОНЕКТ кој потенцираше дека повеќе од 100 организации се дел од Мрежата за финансиска одржливост на граѓанските организации кои застапуваат промена на Законот за донации и спонзорства, а веќе е формирана и работна група која работи на оваа промена. Целта е да се олесни даночната обврска за тие што даваат, вели Мирчевски. „Ние во Конект велиме дека донирањето е љубов и исто како и во романтичната врска и во оваа на ГО со граѓаните и компаниите треба да има процес на запознавање и стекнување меѓусебна доверба“, рече тој.

Сузана Трајковска Кочанковска, социјален и бизнис советник на проектот Поддршка на социјални претпријатија ги истакна позитивните примери потенцирајќи дека ГО треба да развиваат економски активности. „Проектите имаат ограничени ресурси, а вашата мисија е поширока од проектните цели. Социјалното претприемништво не е само проект, тоа е решавање на човечки судбини“, рече Трајковска Кочанковска. Таа смета дека реалниот потенцијал е кај граѓанските организации кои треба да работат на нови услуги во чекор со времето кои ќе им обезбедат економски стабилна организација. Како важен сегмент го истакна вмрежувањето, не само помеѓу ГО туку и со бизнис заедницата и самите граѓани.

За време на Форумот присутните ги раскажаа своите позитивни искуства со алтернативни начини на финансирање. Се зборуваше за Донаторскиот кружок на КОНЕКТ, Е-crowd на Ино Хаб, но и акциите кои од иницијатива на еден човек, како „Донирај компјутер“, денес се препознаени не само во нашата земја, туку и во Европа. Од Љубезност ја посочија иницијативата „Ретвитни оброк“, со која се мобилизираат волонтери кои ја подготвуваат хранат за ранливите групи. „Денес имаме листа на компании кои чекаат на ред да се вклучат со своите волонтерски активности“, рече Тони Станковски и додаде дека во следниот месец и пол знаат кој ќе волонтира за подготовка на храна. Рурална коалиција  зборуваа за „Наша тезга“, важна активност за жените од руралните средини, но и за трансформацијата кон социјално претпријатие, додека приказните на Здравец 2002 уште еднаш потврдија дека луѓето и бизнисите се подготвени да се здружат за да им помогнат на своите сограѓани. За сите споделени искуства заедничко беше вмрежувањето, добрата промоција и комуникациските стратегии.

„На времето учевме да пишуваме проекти, сега треба да научиме како да ја продадеме нашата идеја на компаниите и граѓаните“ рече Мирчевски. Присутните во дебатата се согласија дека можеме и мораме повеќе од грантови. Потребно е да се смени размислувањето и функционирањето на луѓето во граѓанските организации, но добрата страна е што промената е започната. Истовремено се развива и свеста кај граѓаните и бизнисите за донации, што претставува само надополнување на процесот.

Форумот во целост може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Тематскиот форум на Цивика мобилитас обезбедува простор за дискусија помеѓу претставниците на граѓанските организации, институциите на национално или локално ниво и сите други чинители важни за решавање на прашањата кои се третираат.

Цивика мобилитас e програма за поддршка на граѓанското општество на Швајцарската амбасада, а ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

Продолжи со читање

  • Соработката меѓу граѓанските организации и бизнис секторот носи многу заемни придобивки

    „Причината поради која сите сакаме да соработуваме е затоа што сите сакаме да имаме корист. Без разлика дали доаѓате од бизнис секторот или од граѓанскиот, треба да почнете да развивате покомплексно разбирање за заемните придобивки“, им рече Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, на учесниците на  работилницата „Зајакнување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #5

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #5 [13 – 17 октомври 2025] Во последната недела пред изборниот молк имаше засилена активност и обновена мобилизација во медиумските објави со повеќе од 3.000 медиумски текстови и 240 објави на социјалните мрежи, и со јасен раст на ангажманот кон крајот на неделата. Кампањата влезе во завршна фаза…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави

    Месечен преглед на медиумските објави [15 септември – 14 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Изборите за локалната власт беа една од најдоминантните теми во медиумскиот простор со над 11.000 медиумски написи и над 1.100 објави на социјалните мрежи. Анализата открива јасна слика: изборната кампања се води…

  • Новиот амбасадор на Швајцарија ја потврди посветеноста кон граѓанското општество

    Тимот на Цивика мобилитас на 16 октомври ја оствари првата средба со новoназначениот Амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Зомер (Christoph Sommer). „Сметам дека граѓанското општество е многу значајна област на која треба да се фокусираме“, нагласи Амбасадорот, потврдувајќи дека поддршката на граѓанските организации е еден од приоритетите…

  • Кога се штеди на превенција, последиците се скапи – граѓанските организации и институциите со заеднички повик за поголеми вложувања во превенцијата

    Граѓанските организации и институциите од здравствениот сектор отворија јавен дијалог за унапредување на пристапот до квалитетни превентивни здравствени услуги за жените, девојките и ранливите групи, на тематскиот форум „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“ одржан на 15.10.2025 година. Главните заклучоци од дискусијата се дека неопходно е вклучување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #4

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #4 [6 – 12 октомври 2025] Анализата на медиумските и објавите на социјалните мрежи во претходната недела потврдува дека кампањата се засилува, а фокусот е се повеќе на конкретни локални решенија кои директно влијаат на секојдневниот живот на граѓаните. Дискусиите се интензивни на социјалните мрежи, каде што конкретните…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор