Еден од едукативните настани во рамки на проектот „4Р-Редуцирај, рециклирај, реупотреби и пренамени. Социјална инклузија преку кружна економија.“ спроведен заедно со ЦПЛИП „Порака“ Штип на 15.07.2022. Целта на ваквите работилници е преку креативен пристап да се привлече вниманието на јавноста за третманот на отпадот и за потребата од поголема социјална инклузија на лицата со попречености. Овој успешен ден резултираше со создадени уникатни текстилни производи, неколку килограми помалку отпад, и секако полно гордост и исполнетост!!