ЕПИ

Европското граѓанско општество: сè уште под притисок

Граѓанското општество во Европа е сè уште под притисок, покажува последниот извештај на Агенцијата за темелни права на ЕУ (ФРА). Извештајот вклучува и секција за дел од земјите кандидатки, вклучително и Македонија. ЕПИ го подготви извештајот за земјава за правната околина и просторот на граѓанските организации во поддршката на темелните права и владеењето на правото.

Граѓанското општество е клучна компонента од структурата за темелни права на Европа. Од поддршката на луѓе погодени од пандемијата до поддршката на тие кои бегаат од војната во Украина, граѓанското општество игра клучна улога во почитувањето и заштитата на правата на луѓето. На тој начин, помага за поздрава култура на владеење на правото. Сепак и покрај позитивните развои, граѓанското општество продолжува да се соочува со бројни предизвици, од вознемирување до рестриктивни закони, открива најновиот извештај за граѓанскиот простор на Агенцијата на ЕУ за темелни права (ФРА). Извештајот ја нагласува потребата Европа да обезбедува попогодна работна средина за граѓанското општество.

„Граѓанските организации се од клучно значење за да придонесат за проверките и рамнотежите што го поткрепуваат владеењето на правото“ кажа директорот на ФРА, Мајкл О’Флерти. „ Затоа цврсто верувам дека ЕУ и нејзините земји-членки треба да направат повеќе за да го подобрат овозможувачкиот простор што ќе отвори простор граѓанското општество да ги заштити човековите права низ ЕУ“

Извештајот на ФРА „Европското граѓанско општество: сè уште под притисок – Ажурирање 2022“ се фокусира на клучната улога што граѓанското општество ја игра во поттикнувањето на културата на владеење на правото. Во него се наведуваат примери на добри практики од цела ЕУ.

Тие ги вклучуваат напорите на граѓанските организации за обликување закони и политики, поддршка на органите за човекови права, подобрување на пристапот до правдата, одговорноста и законитоста. Извештајот, исто така, открива примери за тоа како Г.О. се ангажираат во справувањето со дезинформациите и корупцијата, во подобрувањето на медиумската писменост, како и во подигањето на свеста за прашањата за владеење на правото и улогата што ја игра граѓанското општество.

Извештајот укажува на неодамнешните национални, меѓународни и ЕУ алатки и насоки за поддршка на граѓанските организации.

Извештајот содржи и примери за тоа како граѓанското општество е меѓу првите во напорите за поддршка на луѓето кои бегаат од војната во Украина. Организациите обезбедуваат директна помош, информации за правата и услугите, како и правени совети.

ФРА ги извлече своите наоди од истражувањата во секоја земја-членка и од одговорите на онлајн консултациите од речиси 450 граѓански организации за човекови права.

Продолжи со читање

  • Работилница посветена на здравјето на мајките и децата во Прилеп

    На 02.04.2026 година, во Прилеп реализиравме едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен акцент на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 19 жени – трудници и мајки кои се породиле во изминатите шест месеци. Учесничките добија практични и корисни информации за тоа како да го унапредат…

  • Превенцијата не смее да биде привилегија: Бесплатни прегледи по повод Светскиот ден на здравјето

    По повод Светскиот ден на здравјето, кој годинава се одбележува под мотото „Заедно за здравје – застани зад науката“, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација […]

  • Бараме итна истрага за серијата онлајн напади кон „Слободен печат“

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на повторените координирани ботски напади врз официјалните Инстаграм профили на медиумот „Слободен печат“, од кои последните два се случија во изминатите 48 часа, вклучително и нападот од утринава. Според достапните информации, во рок …

  • ФТ Став 69 за инфлацијата во месецот по отпочнувањето на воениот конфликт меѓу САД/Израел и Иран

    Државниот завод за статистика ги објави бројките за движењето на цените во март 2026, што е прв месец по почетокот на воениот конвликт меѓу САД/Израел и Иран. Според овие податоци, на месечно ниво, цените пораснале за 0.7%, додека на годишно ниво за 4.9%. Поради зголемените очекувања за динамизирање на порастот на цените предизвикано од наглото […]
    The post ФТ Став 69 за инфлацијата во месецот по отпочнувањето на воениот конфликт меѓу САД/Израел и Иран first appeared on Finance Think.
    The post ФТ Став 69 за инфлацијата во месецот по отпочнувањето на воениот конфликт меѓу САД/Израел и Иран appeared first on Finance Think.

  • Хуманитарна оперска гала вечер

    УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ХУМАНИТАРНА ОПЕРСКА ГАЛА ВЕЧЕР Со голема благодарност и исполнети срца споделуваме дека Хуманитарната оперска гала вечер е успешно реализирана, како дел од нашата кампања “Заедно за нов дом” посветена на поддршка на лицата со попреченост и зголемување на капацитетите на социјалната услуга “Живеење со поддршка” Оваа вечер беше…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор