граѓанско општество

Social Marketing 1

Работилница за социјален маркетинг

Social Marketing 1Користењето на социјалниот маркетинг за целите на граѓанските организации беше главната идеа на воведната работилница на оваа тема што се одржа на 20 и 21 април 2016 година во Скопје. На работилницата учествуваа дваесетина претставници на грантистите на Цивика мобилитас, а ја водеше Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата.

Rabotilnica INS1

Планирање на организацискиот развој

Rabotilnica INS1Третата работилница за организациско јакнење на првите 16 институционални грантисти на Цивика мобилитас се одржа на 25 февруари 2016 година во просториите на МЦМС. Целта на работилницата беше учесниците бидат воведени во процесот на подготовка на План за организациски развој.

Potpisuvanje dogovori SAK

Потпишани договорите за првите специфични акциски грантови

Potpisuvanje dogovori SAKМакедонскиот институт за медиуми (МИМ) во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ денес (12.2.2016 година), во просториите на МЦМС ги потпишаа првите два договори за специфични акциски грантови на Цивика Мобилитас.

Civica mobilitas CM INS 02

Во март ќе бидат познати новите институционални грантисти на Цивика мобилитас

Civica mobilitas CM INS 02МЦМС ја заврши проверката на административниот квалитет и на подобноста на пријавите за вториот циклус на институционални грантови од програмата Цивика мобилитас. На повикот што беше отворен од 27 ноември 2015 година до 15 јануари 2016 година беа поднесени вкупно 126 пријави.

ZNM bezbednost na novinarite 1

Безбедноста и слободата на новинарите во Македонија

ZNM bezbednost na novinarite 1Здружението на новинарите на Македонија, светскиот ден за човекови права 10-ти декември го одбележа со тематски форум на тема: „Безбедноста и слободата на новинарите во Македонија“. На настанот учествуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за информатичко општество Марта Арсовска Томовска, Народниот правобранител Иџет Мемети, а во работниот дел свои излагања имаа новинарот Томислав Кежаровски, претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис, директорката на Советот за етика Марина Тунева, раководителката на програми на МИМ Весна Никодиноска и првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани.

CM forum volonterstvo2

Граѓанските организации имаа обврска да го поттикнат волонтерството

CM forum volonterstvo2Дебатата „Hands on matters“ што се одржа во рамките на програмата на Националниот форум на Цивика мобилитас беше посветена на Граѓанскиот ангажман и влонтерството. На дебатата зборуваа Александра Ристовски, Никица Кусеникова, Ивона Крстевска, Габриела Андреевска, Даниела Стојанова, Ѓоко Вукановски и Логин Кочишки.

MG 1658

Промовирани првите мали акциски и ад хок грантисти на Цивика мобилитас

 MG 1658Цивика мобилитас, промовираше девет мали и пет ад хок грантисти, како дел од програмата на Националниот форум што се одржа на 4 декември 2015 година. Сертификатите на грантистите им ги додели вршителот на должност Амбасадор на Швајцарија во Македонија, г-ѓа Катерина Штокер. „Целта е да се создаде критична маса на граѓански организации кои ќе бидат подготвени навремено да ги адресираат проблемите во општеството и со активно учество да ги решат“, рече Штокер.

CM nacionalen forum 2

Доделени наградите за волонтерство

Во рамки на Националниот форум „Граѓански ангажман и волонтерството“ организиран од Цивика Мобилитас и партнерите, Националниот совет за развој на волонтерство и Министерството за труд и социјална политика ги доделија националните награди за волонтерство за 2015 година.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор