fbpx
x
Мени

Ефективно лидерство за институцоналните грантисти на Цивика мобилитас

На 25 ноември 2015 година во просториите на МЦМС се одржа втората работилница за организациско јакнење на институционалните грантисти на Цивика мобилитас. На работилницата учествуваа претставници од управувачките структури и лица кои се директно вклучени во активностите на организацискиот развој и институционалното јакнење на првите 16 Институционални грантисти од програмата Цивика мобилитас.

Организациите од Пелагонија договараа заеднички идеи за граѓански активизам и заштита од семејно насилство

Осмиот, и последен за годинава, регионален форум на Цивика мобилитас се одржа на 15 октомври 2015 година во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола и им беше наменет на организациите од пелагонискиот регион.

Потребно е поголемо мобилизирање на граѓаните

На 22 јули 2015 година, во Центарот за развој на младите на општина Гостивар, се одржа четвриот регионален форум на Цивика мобилитас. Под мотото „Твој простор, твој глас“ десетина претставници на граѓански организации, на општини како и граѓански активисти разговараа за потребните промени во Полошкиот регион.

Потребен е стратешки наместо ад хох пристап

„Во Македонија, како и во другите земји, просторот за граѓанското општество се стеснува, затоа, во Цивика мобилитас, освен финансиска поддршка, сакаме да обезбедиме и простор за дискусии“, рече Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата во своето обраќање до присутните на форумот за скопскиот регион што се одржа на 23 јуни 2015 година во просториите на основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари.

Кумановци го ставија фокусот на миграциите и младите

На 10 јуни 2015 година, во Домот на културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово, под мотото Твој простор, твој глас, се одржа првиот регионален форум на Цивика мобилитас. Триесетина претставници на граѓански организации и граѓански активисти од североисточниот регион, го искористија „отворениот простор“ што им го нуди регионалниот форум да разговараат на теми на кои сметаат дека треба да се работи за да се предизивикаат општествени промени.

Краен рок за поднесување пријави за првиот повик за акциски грантови

Крајниот рок за поднесување пријави за повикот за акциски грантови на Цивика мобилитас, реф. бр. ЦМ-АКТ-01 е среда, 20 мај 2015 г. до 16 часот. Канцеларијата на МЦМС ќе биде отворена за прием на пријавите од 9 до 16 часот на 20 мај 2015 г.

Промоција на првите грантисти и најава за новите грантови на Цивика мобилитас

Цивика мобилитас, на 5 мај 2015 година ги промовираше првите 16 грантисти во новата фаза на програмата. Добитници на институционални грантови се: Полио плус; Меѓаши; Хелтгрупер самит; ЦОРЗ – Дебар; Солидарност; ИЗБОР – Струмица; ЗНМ; АДИ – Гостивар; Центарот за граѓански комуникации; „Флоренс Најтингел“ – Куманово; Организацијата на жени на општина Свети Николе; Фондацијата за развој на локалната заедница Штип; АНИМА МУНДИ; ЦИВИЛ; КХАМ Делчево и ЦРЗ Кичево.

Селектирани се добитниците на институционални грантови од Цивика мобилитас

Како што беше најавено, Цивика мобилитас го заокружи процесот на оценка, а со тоа и селекцијата на организациите потенцијални добитници на финансиската поддршка. Предселектирани се 16 организации со кои, по финализирањето на плановите ќе се потпишат договорите за поддршка.

Во март ќе бидат познати првите грантисти на Цивика мобилитас

Заврши проверката на административна усогласеност и подобност за пријавите за институционални грантови од програмата Цивика мобилитас. Пријавените организации се од сите осум плански региони и се активни во најголем дел од стратешките сектори на програмата. Меѓу нив има организации активни на локално, регионално, национално и на меѓународно ниво, а во поглед на искуството, тоа се движи од над 20 години до организации кои се основале минатата година.

Повеќе од 350 организации учествуваа на информативните сесии за Цивика мобилитас

Од 15 до 19 декември 2014 година се одржаа седум информативни сесии посветени на Цивика мобилитас општо, но пред сѐ на првиот повик за институционални грантови. Повеќе од 350 претставници на над 300 граѓански организации од цела Македонија на информативните сесии во Струмица, Штип, Делчево, Скопје, Битола, Струга и Гостивар имаа можност да слушнат повеќе за програмата и за начинот на пријавување на првиот повик.

1 3 4 5 6