fbpx
x
Мени

Почна спроведувањето на третата фаза на Цивика мобилитас

Со почетокот на 2019-та година, започна со спроведување новата, трета фаза, на програмата Цивика мобилитас. Таа ќе трае четири години и ќе продолжи да им служи на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество да остваруваат значајни општествени промени. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ), а ќе продолжат да […]

Проценка на онлајн активноста на граѓанските организации во Република Македонија

Развојот на новите информациско комуникациски технологии (ИКТ) создава револуционерни промени во начинот на комуникација меѓу поединците, групите и институциите. Интернетот претставува значаен потенцијал за граѓанските организации (ГО) во поглед на зголемување на видливоста и подигнување на свеста кај јавноста за релевантни општествени теми и проблеми, потенцијал за мобилизација на поддршка за релевантни општествени цели, вмрежување […]

Анкета за онлајн активноста на граѓанските организации во Република Македонија

Развојот на информациско-комуникациските технологии (ИКТ) во последните децении создаде нови и револуционерни начини за комуникација, пристап и дисеминација на информации. Во овој контекст, на глобално ниво, иницијативите од граѓанскиот сектор се повеќе се ориентираат кон дигиталните медиуми во својата комуникација со засегнатите страни.

ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ, Публикација за десетгодишниот јубилеј на Центарот за граѓанки комуникации

Центарот за граѓански комуникации навлезе во втората деценија од своето делување. Наместо пригодна публикација за досегашната работа, за многуте спроведени проекти, истражувања, публикации и промени што ги поттикнавме и ги предизвикавме со нашето работење насочено кон поголема транспарентност, отчетност и одговорност на властите, се решивме за малку поинакво одбележување на јубилејот. За секоја од областите […]

Фискална децентрализација за подобар регионален развој на граѓанското општество

Целта на ова истражување е идентификување на причините кои го движат развојот на граѓанските организации – ГО и фондации во регионите и во општините на Република Македонија како и идентификување на последиците од таквиот развој. Развојот на граѓанските организации и фондации се анализира според регионалната статистичка организација на Република Македонија на осумте статистички плански региони […]

Администрацијата во огледалото на европската рамка за процена

Заедничката рамка за процена (во понатамошниот текст: ЗРП) е Европска алатка за упавување со квалитет во јавната администрација. Таа произлегува од моделот на Европската фондација за управување со квалитетот и на Институтот Спејер од Германија. ЗРП е лесна за користење, бесплатна алатка за самопроцена на јавниот сектор, која може да им помогне на јавните администрации […]

Граѓаните прашуваат : како и зошто во ЕУ ?

Некои луѓе сметаат дека реформите во Македонија треба да се под водство на владата, дури и ако тоа значи дека реформите ќе одат пребргу. Од друга страна, некои луѓе сакаат реформите да ги води граѓанското општество, иако тоа би значело дека реформите можат да одат преспоро.

Извештај во сенка за Поглавје 23

Основната цел на проектот „Мрежа 23+“, што го реализираат Институтот за европска политика – Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, е структуриран придонес на граѓанското општество во следењето и оценувањето на политиките опфатени со Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права.

Регионален форум „Рудници – Да или Не?“: Повеќе од јасно, сите се за НЕ!

Четворица градоначалници, претставничка на граѓанска иницијатива и раководителка на Центарот за развој на Југоисточен плански регион беа панелистите на Регионалниот форум „Рудници – Да или Не?“, што се одржа на 5 декември 2017 година во Струмица, а се однесуваше на актуелната ситуација со веќе отворените рудници, како и дадените концесии за отворање нови рудници во […]

Регионални форуми на Цивика мобилитас

Цивика мобилитас ги најавува двата регионални форуми, кои ќе ги организира во југоисточниот и во полошкиот регион. Форумот „Депонии: каде и кога?“ ќе се одржи на 4 декември со почеток од 10 часот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и уште еднаш ќе го актуелизира долгогодишниот проблем со депониите и барањето решенија за нив. […]

1 2 3 6