20170705 Slika

Да изградиме мост на доверба со дијаспората

За прв пат како влада работиме на тоа да изградиме мост на доверба со дијаспората. Тој мост треба да го изградиме заеднички“ – изјави Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспора, на тематскиот форум „Предизвици, перспективи и потенцијали на миграциите“, организиран од страна на Цивика мобилитас, кој се одржа денеска (5.07.2017 година) во Чифте Амам, во Скопје.

Учесниците развија широка дискусија за прашањата врзани за миграциите од Македонија, за придобивките од нив, како и за отворањето можности за соработка со иселениците.

Според  министерот Адеми, Македонија до сега немаше изградена јасна стратегија за соработка со дијаспората. „Новата влада реши да го подигне нивото на односите со дијаспората. Мислам дека е невозможна мисија да се сопре процесот на миграции. Но, важно е да ги идентификуваме луѓето. Мапирањето на дијаспората е една од клучните почетни точки за да добиеме јасна слика за тоа со што располагаме“, рече тој.

„Дијаспората е едeн од клучните столбови за развој на државата. Прашањето е колку таа систематски ќе се искористи. Јас како министер работам на еден патоказ кој ќе биде основа за соработката на државата со дијаспората, кој се темели на четири клучни столбови: политички, економски, културен и образовен. До есен овој документ ќе биде готов, за да можеме да ги видиме почетните позиции и да започнеме да ги градиме односите со дијаспората на здрави основи“, додаде министерот Адеми.

„Не можеме целиот товар да го фрлиме на државата“, рече Златко Николоски, претседател на здружението „Нов контакт“, констатирајќи дека граѓанскиот сектор мора да учествува во овој процес. „Во моите анкети констатирав дека граѓанскиот сектор е на пониско ниво во комуникација со дијаспората. Формата на организација на дијаспората сѐ уште не е на потребно ниво. Недостасува комуникација меѓу граѓанските асоцијации од земјата и тие на дијаспората. Се надевам дека државата ќе помогне на ова поле“, рече Николовски.

Калина Гривчева-Старделова, претседателка на Лекарска комора на Македонија, се осврна на големиот проблем што го има Македонија со иселувањето на медицинскиот кадар. Според податоците на Лекарската комора на Македонија, 866 лекари ја напуштиле Македонија во периодот од 2012 до 2016 година. „Доктори си одат од Македонија, а никој не доаѓа во Македонија. За жал, овде остануваат сѐ помалку и помалку“, изјави Гривчева-Старделова.

Методија Стојчевски, претседател на Младински сојуз од Крушево, зборуваше за проблемите со кои се соочуваат младите, кои ги тераат да се иселуваат од Македонија. Според него, со тоа што остануваат невработени, младите стануваат маргинализирани и се чувствуваат потиснати од општеството. „Да ги охрабриме младите да се самоорганизираат во процесот на донесување на одлуки“, рече тој.

„Ние иселениците се гледаме како луѓе ѝ се нудат за помош на Македонија. Како со способностите, така и со конактите“, рече Емилија Тодорова, претставник на Форум за демократска Македонија, заедница на иселеници од Република Македонија и нивните потомци од целиот свет. „Во светот сѐ помалку се зборува за одлив на мозоци. Се повеќе се зборува за циркулација на мозоци. Но, за жал, во Македонија и понатаму се случува одлив на мозоци“, констатира таа. Според Тодорова, законите во Македонија се многу ригидни и затоа треба да се размислува за подготовка на закон за дијаспора.

За потребата од донесување закон за дијаспора говореше и Методија Колоски, претседател на Обединета македонска дијаспора. „После скенирањето на дијаспората и донесувањето закон за дијаспората, очекуваме да се создаде едно широко министерство за дијаспората. Македонската дијаспора може да помогне во сите делови на општеството“, рече последниот панелист Колоски.

Излагањата на панелистите беа сaмо вовед во дискусијата во која се вклучија и останатите присутни, со свои мислења и предлози.

Форумот го отвори нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада, Амбасадорка на Швајцарија во Македонија, а за целта и концептот на Форумот говореше Даниела Стојанова од МЦМС, координатор на програмата Цивика мобилитас.

Форумот продолжи со работилница насловена „Заедно за акција: Потенцијалите од миграцијата за Македонија“.

Продолжи со читање

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

  • Седма едукативна работилница во Куманово за унапредување на здравјето на мајките и децата со фокус на мајчиното ментално здравје

    На 23.04.2026 година во Куманово се одржа седмата по ред едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 18 жени, бремени или во период до 12 месеци по породувањето. Работилницата им овозможи на учесничките да добијат важни информации за…

  • Наша моќ, наша планета: Граѓанскиот сектор предводник на промените

    Секоја година, 22 април нè потсетува дека планетата не се заштитува само со големи ветувања, туку со секојдневни работа, одлуки, практични решенија и заедници кои знаат дека имаат моќ да направат промена. Овогодинешното мото на Денот на планетата Земја, „Нашата моќ, нашата планета“, особено силно се поврзува со работата на…

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор