Центарот за одржлив развој на заедницата“ – Дебар заедно со „Еден долар за Дебар“, спортското риболовно друштво „Трофта“ и кол центарот Силце.мк, во масовна акција го расчистија пластичниот смет на брегот на Дебарското Езеро.

Координаторот на оваа активност Гоце Љубиновски изјави дека големиот смет во Дебарското Езеро се влева преку водите на реката Радика и го загадува езерото.

Акцијата беше успешна и собрани се стотици вреќи со пластични шишиња, но организаторите ги повикаа локалните власти, како и претставниците на Министерството за животна средина да реализираат проект за стопирање на загадувањето на Дебарското Езеро.

Езерото последните години станува депонија и тоа преку масовното внесување на пластичен смет преку реките кои во езерото се влеваат од општина Маврово и Ростуше и Центар Жупа.

„Центарот за одржлив развој на заедницата“ – Дебар е корисник на институционален грант од Цивика мобилитас. За повеќе информации околу ова, можете да го погледнете неговиот профил.