Делегацијата на Национален ромски центар оддаде почит на жртвите на холокаустот во Лети, Република Чешка.

Од 23 до 25 јуни 2017 година од страна Европското антирасистичко движење ЕГАМ од Париз, Франција и Конексе од Прага, Република Чешка, беше организирана интернационална комеморација на жртвите на холокаустот во Лети, Република Чешка. Националниот ромски центар како партнери на проектот „Сеќавање на геноцидот над Ромите од програмата Ерасмус +“ оддаде почит и положи цвеќе пред кампот во Лети. Престојот на делегацијата дополнително беше поддржан од програмата на Европската унија „Европа за Граѓаните“.

Комеморациијата на жртвите на холокаустот во Лети во 14 часот започна со Ромската Химна Џелем Џелем. Во текот на комеморацијата, на присутните се обратија Бенџамин Абтан претседател на ЕГАМ, министерот за правда на владата на Република Чешка Роберт Пеликан, претставници на политичките партии од Република Чешка и претставниците на делегациите од организации од Европа и Балканот. Сите обраќања беа насочени за отстранување на свинската фарма од местото каде што беше концетрациониот логор. Помеѓу обраќањата беа исполнувани комеморативни ромски песни од различни учесници на комеморацијата. На крајот беа положени венци и цвеќиња на оградата од концентрациониот логор.

За повеќе информации за кампот во Лети во статијата на Едно магазинот: http://static.nationalromacentrum.org/pdf/edno5-web-l.pdf

Покрај официјалниот настан за комеморација беа организирани и работилници:

  • Работилница на која претставникот од организацијата Конексе Мирослав Броз и ромскиот активист Јозеф Мајкер ги запознаа членовите на делегациите за долгогодишната борба за остранувањето на свинската фарма, и причините зошто се организира комеморацијата.
  • Работилница за состојбата на расизмот кон Ромите во Европа на која членовите на делегациите имаа можност да разменат информации за расизмот во државите од Европа и Балканот.
  • Работилница за Организирање на Ромска гордост 2017 со кои членовите на делегациите дадоа кратки информации за тоа како планираат да го организираат одбележувањето на Ромската Гордост во земјите низ Европа и Балканот.
  • Комеморативен концерт и културен настан на кој учествуваа претставниците на делегациите од различни земји кои се претставуваа со песни и танци од своите држави.

 

1-800x600 2-800x600 3-800x600 4-800x600 5-800x600 6-800x600 7-800x600 8-800x600 9-800x600 10-800x600 11-800x600 13-800x600 14-800x600 15-800x600 16-800x600 17-800x600 18-800x600 19-800x600 20-800x600 21-800x600 22-800x600 23-800x600 24-800x600 25-800x600


Делегацијата на Национален ромски центар оддаде почит на жртвите на холокаустот во Лети, Република Чешка. was first posted on July 5, 2017 at 10:18 am.
©2016 “Национален Ромски Центар“. Use of this feed is for personal non-commercial use only. If you are not reading this article in your feed reader, then the site is guilty of copyright infringement. Please contact me at dalibor.sojic@gmail.com

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор