20171128 Регионални форуми ЦМ

Регионални форуми на Цивика мобилитас

Цивика мобилитас ги најавува двата регионални форуми, кои ќе ги организира во југоисточниот и во полошкиот регион.

Форумот „Депонии: каде и кога?“ ќе се одржи на 4 декември со почеток од 10 часот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и уште еднаш ќе го актуелизира долгогодишниот проблем со депониите и барањето решенија за нив. Вашето учество можете да го најавите на: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSe1xwr7hn7WCVa-PZ9zWH1NAtQ23BeFMX-htQeO-WnlcXPgcg/viewform

Во Македонија има 54 комунални депонии, кои ги загадуваат подземните води, почвата и воздухот, а експертите проценуваат дека 16 депонии се со висок, 16 со среден, а 19 со низок ризик за животната средина. Единствено, скопската депонија „Дрисла“ има интегрирана дозвола за управување со отпад, а покрај комуналните, кои најчесто не ги исполнуваат минималните технички услови за да аплицираат за добивање дозвола, во Македонија има уште околу 1.000 диви депонии.

Досегашните напори да се завршат и профункционираат регионалните депонии останале без успех делумно и заради отпорот на локалното население кое не дозволува тие да бидат лоцирани во околината на нивните населени места.

Регионалниот форум „Рудници: да или не?“ ќе се одржи на 5 декември од 13 часот во Домот на армијата во Струмица. Вашето учество можете да го најавите на https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdnFPb9Tms033WyAYXjSlmULoGutT4Z_KKs_kMJ4nowq4TWxg/viewform.

Дискусијата ќе се фокусира на актуелната ситуација со издадените концесии за геолошки истражувања или за отворање на рудници. Иницијативите против рудници на југоистокот досега реализираа шест референдуми, од кои три успешни и три неуспешни. Тие тврдат дека доколку најавените компании добијат концесии за отворање на рудници, рудата ќе се вади со помош на експлозив и тешка механизација, а во процесирањето на рудата ќе биде користен цијанид кој е исклучително опасен за здравјето на луѓето. Се ова ќе води до нарушување на релјефот и загуба на шумите, што ќе значи комплетна промена на климата на ова подрачје. Од друга страна, се верува дека рудниците се надеж за невработените од југоисточниот регион како и можност за менување на структурата на стопанството која досега беше претежно текстилна и дрвопреработувачка.

Се очекува двата форуми да поттикнат соработка помеѓу локалните и централните власти, граѓанските организации и другите засегнати страни за надминување на овие добро познати проблеми на регионално ниво. Говорници ќе бидат градоначалниците од општините во регионот кои се справуваат со оваа проблематика, претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници на планските региони, претставници на граѓанските организации и активисти кои работат на полето на екологијата.

Ве очекуваме!

Продолжи со читање

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

  • Седма едукативна работилница во Куманово за унапредување на здравјето на мајките и децата со фокус на мајчиното ментално здравје

    На 23.04.2026 година во Куманово се одржа седмата по ред едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 18 жени, бремени или во период до 12 месеци по породувањето. Работилницата им овозможи на учесничките да добијат важни информации за…

  • Наша моќ, наша планета: Граѓанскиот сектор предводник на промените

    Секоја година, 22 април нè потсетува дека планетата не се заштитува само со големи ветувања, туку со секојдневни работа, одлуки, практични решенија и заедници кои знаат дека имаат моќ да направат промена. Овогодинешното мото на Денот на планетата Земја, „Нашата моќ, нашата планета“, особено силно се поврзува со работата на…

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор