CMGGA

  • Втора регионална средба на жените од руралните заедници од Кратово, Крива Паланка и Куманово

    Во Кратово се одржа Втората регионална средба на жените од руралните заедници од Кратово, Крива Паланка и Куманово, во рамките на проектот „Активни жени“, спроведуван од ХЗ Мајка Куманово, во партнерство со РЦОР Кратово, РЦС Спектар од Крива Паланка и Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Куманово. Средбата ја истакна видливата трансформација и […]

  • Месечен осврт на Civica Mobilitas

    Ако треба да се опише месецот со еден збор тогаш септември дефинитивно беше зелен. Најприсутни и најистакнати беа проектите кои работат во полето на животната средина, a по нив и оние кои се занимаваат со борбата против корупција, родовата еднаквост и реформите во образованието.
    Во Европа се собрани околу 225 милиони тони цврст комунален отпад во 2020 година, а речиси половина може да се рециклира или искористи повторно. Центарот за ресурси во животната средина (РЕЦ) во новата статија ги претставува проблемите и можните решенија за биоотпадот во нашите градови, со фокус на одржливи практики и подобра иднина за животната средина. РЕЦ и партнерските организации ги споделија пораките за тоа како да го подобриме управувањето со биоотпадот за да придонесеме кон циркуларна економија на утринската програма на ТВ Алфа и така ја доближија оваа можност до поголем број домаќинства.
    Анализата на „Крик“ открива дека многу млади ретко се информираат за состојбата на животната средина, а малкумина знаат како и каде да пријават загадување.
    Еколошката свест кај младите во Република Северна Македонија е на ниско ниво, а изворите на информации често се ограничени или недоверливи. Инфографикот на „Крик“ нуди јасна слика за тоа од каде младите најчесто ги добиваат своите информации, кои се клучните пречки за активно вклучување и како образовниот систем влијае врз нивната еколошка свест. Овие податоци ја нагласуваат потребата за креирање механизми преку кои секој млад човек ќе знае каде да пријави проблем и како да се вклучи во заштитата на природата.
    На 25 септември во просториите на „Млади Хаб“ – Скопје се вмрежија ментори и спроведувачи на зелени иницијативи и за зелени социјални активности. Овие учесници претходно ја завршија обуката „Зелено застапување преку зелена социјална работа и зелена младинска работа“ во Струмица и Скопје и сега, со следните задачи ќе придонесат кон одржлив развој и заедничка грижа за природата.
    Циркуларната економија е еден од столбовите на Зелената агенда, па во истата насока Центарот за климатски промени и Младинската организација Креактив организираа работилница за 300 основци во Кавадарци каде се зборуваше за текстилниот отпад како еден од најбрзорастечките видови отпад. Покрај работилницата, следниот чекор беше голема собирна акција за отпаден текстил на градскиот плоштад во Кавадарци каде беше поставен и контејнер за донирање текстил од страна на граѓаните.
    Здружението „Екотуризам 2016“ Охрид со поддршка од општина Дебрца, за учениците од прво до деветто одделение од основното училиште „Дебрца“ организираше едукативен настан посветен на запознавање на биолошката разновидност на Белчишко Блато.
    Во рамки на истиот проект, ЦКП и партнерите во Скопје го одржаа тематскиот форум „Одржливо и функционално Скопје – перспективи и можности“ каде што присутните граѓани, експерти, институции и граѓански организации  се согласија за два од најголемите предизвици со кои се соочува градот – управување со отпад и зголемена урбанизација.  На Форумот беше отворена дебатата за иднината на Скопје во контекст на Зелената агенда за Западен Балкан (ЗАЗБ), чија цел е климатската неутралност до 2050 година.  Дел од заклучоците кои Центарот за климатски промени можеше да ги извлече од форумот се дека Скопје треба да биде град за луѓето, а не за автомобилите и бетонот; Зелените површини и парковите се јавен ресурс кој мора да се заштити; Урбаното планирање мора да биде транспарентно и насочено кон пешачки и велосипедски патеки и јавен транспорт.
    За улогата на младите во процесот на европската интеграција, предизвиците со кои се соочуваат и начините како може да се зајакне регионалната соработка, во интервју за Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС) зборуваше Владимир Ѓорѓевски, директор на локалната подружница на Regional Youth Cooperation Office (RYCO) во Скопје.
    Граѓанските организации и ЈП „Пела Линк“ усвоија две конкретни мерки за подобар јавен превоз за младите од Пелагонија и тоа: Пилот викенд линија за млади (Новаци – Могила – Битола) и Кампања за добро однесување во јавниот превоз. Мерките ќе бидат разгледани на пленарна седница на Регионалната платформа за млади. Преку проектот, Про локал и партнерите им даваат шанса на младите не само да ги кажуваат своите потреби, туку и активно да креираат решенија.
    Сте се запрашале ли досега дали и колку општината во која живеете е отворена кон вас? Одговорот  може да го пронајдете во наодите од Индексот на отвореност за 2025 година, кој беше презентиран на тематскиот форум „Отворена општина – активна заедница“, од Фондацијата „Метаморфозис“, Рурална коалиција и Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“. Индексот открива кои општини се наоѓаат на врвот на листата, а кои се најзатворени, и можеби ќе се изненадите, но големината на општината не е важна кога е во прашање отвореноста и транспарентноста кон своите граѓани.
    Септември го заокруживме со одбележување на 13 издание на „Ден на гравот“ во Теарце,  манифестација која ја промовира земјоделската култура, економскиот раст како и развојот на културниот живот.
    Сите овие активности, настани, иницијативи кои ги спроведуваат организациите, а се дел од проектите поддржани од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, придонесуваат кон менување на моменталната состојба, која според анализата на „Крик“ укажува дека е потребно подлабоко и практично еколошко образование. Од друга страна, дел од нив се посветени кон транспарентноста која треба да е повисока за да се спречи корупцијата на секое поле во општеството.

  • РАБОТИЛНИЦА ВО ОУ „МИРЧЕ АЦЕВ“

    Денес го реализиравме последниот настан во рамки на караванот, со посета на ОУ „Мирче Ацев“. Со учениците разговаравме за биоотпадот, како правилно да се селектира и како може да се трансформира во корисни материјали преку практични примери и креативни еко-решенија.

    Преку меѓусебна интеракција, експерименти и отворена дискусија, учениците дознаа дека секој од нас, со мали, но доследни чекори, може да допринесе за поздрава животна средина и почиста општина.

    Голема благодарност до наставниците, педагозите и учениците од сите основни училишта во Ѓорче Петров што активно учествуваа и го поддржаа караванот. Вашата енергија и љубопитност се мотив да продолжиме со еко-образовни активности и во други општини!

    Овој настан е дел од проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика Мобилитас,

  • Како европските градови успешно управуваат со био-отпадот?

    Управувањето со био-отпад е критичен елемент на одржливото урбано живеење. Европските градови применуваат различни стратегии и иновативни технологии за селекција, собирање и преработка на органски отпад, прилагодени на локалните услови. Следните примери од Милано, Каталонија, Франција и Австрија ја илустрираат важноста на едукацијата, финансиските стимули и соработката меѓу граѓаните и општините за постигнување високи стапки на одделно собирање и циркуларна економија. Иако во Европската Унија само околу 26% од отпадот од храна се собира одделно, а дури 75% завршува во депонии или согорување, постојат добри практики кои покажуваат дека со вистински мерки и ангажираност на граѓаните можно е да се постигнат високи стапки на селекција и да се поттикне циркуларната економија.

    Милано, Италија – комуникација и едукација
    Кога станува збор за собирање на био-отпад во густо населени градови, Милано е одличен пример. Со 1,4 милиони жители, тој е еден од најголемите италијански градови и светски пример за другите. Во 2014 година, Милано ја воведе програмата за собирање на отпад од храна во домаќинствата. Секое домаќинство доби 10-литарска кујнска канта, компостабилни кеси и обемна информативна брошура. Комуникацијата се покажа како клучен дел од логистиката на пилот-програмата. Работниците не беа само обучени да собираат отпад од храна, туку и да ги едуцираат граѓаните за новиот процес на собирање. Кампањата вклучуваше флаери, училишни програми, бесплатна мобилна апликација и веб-страница на повеќе јазици, директна комуникација лице-в-лице и 24/7 корисничка поддршка. Дополнително, воведени се финансиски казни за да се поттикне усогласување. На пример, домаќинство или бизнис кој не користи обезбедени одделни канти за храна се соочува со глоба.
    Франција – соработка за промоција на собирањето на отпад
    Одделното собирање на био-отпад во Франција долго време беше занемарувано. Сè до 2007 година, мрежата што ги обединува општините, наречена Reseau Compost Plus, успешно почна да ја прави видлива областа на био-отпадот.
    Со здружување на силите, мрежата од 28 општини со околу 9 милиони жители воведе собирање на отпад од храна на локално ниво. Reseau Compost Plus обезбедува јавни информации, вклучувајќи препораки и проценки на трошоците. Мрежата исто така управува со контрола на квалитетот на компостот и промовира најдобри практики преку локални настани.
    Каталонија, Шпанија – поттикнување преку финансиски стимули
    Данокот на депонии и системот на поврат на средства во Каталонија покажуваат како јавната власт може да обезбеди структуриран пристап за собирање на био-отпад. Овој даночен систем ги обврзува општините да плаќаат за депонирање, следејќи го принципот „загадувачот плаќа“.
    Австрија – принципот на близина
    Австрија успешно го примени принципот на близина во управувањето со био-отпад. Тоа значи дека се придржува до идејата за што е можно повеќе домашно компостирање. Исто така, земјоделскиот био-отпад се обработува децентрализирано, со цел да се поттикне колку што е можно повеќе компостирање на фармите.
    Други добри практики за високи стапки на одделно собирање
    Има неколку заеднички елементи кај земјите кои постигнуваат високи стапки на собирање. Земјите кои традиционално добро функционираат во одделното собирање, како што се Австрија, Холандија и Белгија, обично:
    ●Користат био-корпи, обично со тркала, за градинарски и кујнски отпад.
     

    ●Опремени се со кујнски садови за привремено собирање и складирање на отпадот во кујната.
    Овие примери јасно покажуваат дека комбинацијата од современа технологија, паметни системи и активна ангажираност на граѓаните може значително да ја подобри ефикасноста на собирањето на био-отпадот, да ја намали загаденоста и да поттикне циркуларна економија во урбаните средини.
    Оваа статија  е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија  и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.
     

  • Научниот караван продолжува во Ѓорче Петров!

    Yesterday, the Science Caravan made a new stop at Dimitar Pop Georgiev Berovski Primary School in the Municipality of Gjorche Petrov, where we engaged students in an exciting discussion about bio-waste, the ways it can be transformed into useful products, and the important role of youth in protecting the environment…

  • Интелигентни решенија за собирање на био-отпад воевропските паметни градови

    Во последниве години, урбаните средини сè повеќе се насочуваат кон одржливи решенија, при што концептот на паметен град станува водечки пример за тоа како технологијата и заедницата можат заедно да создадат одржлив начин на живот. Еден од најзначајните аспекти на одржливоста во градовите е управувањето со отпадот, а посебно со био-отпадот. Во Европа, повеќе градови и региони воведуваат различни иновативни стратегии за собирање и преработка на органски отпад, прилагодени на локалните услови.
    Целта на современите системи за управување со био-отпад е да се подобри ефикасноста и одржливоста преку употреба на напредни технологии и паметни решенија. Еден од основните аспекти е поставувањето на сензори за наполнетост и влага во контејнерите за био-отпад.
    Сензорите известуваат кога контејнерите се полни или кога содржината има висока влажност, со што се избегнуваат непријатни мириси и непожелни анаеробни процеси. Динамичкото собирање на отпад е уште еден важен елемент. Маршрутите за собирање се оптимизираат во реално време според податоците од сензорите, што ја намалува потрошувачката на гориво, трошоците и емисиите од транспортот. Системите се интегрирани со IoT платформи, кои централно собираат податоци за контејнерите, процесите и логистиката. Ова овозможува следење и анализа на ефикасноста, како и планирање на ресурсите. Дополнително, системите користат аналитика и предвидување, базирана на историски податоци, за да се предвиди количината на био-отпад и да се оптимизира инфраструктурата. Граѓаните исто така се вклучени преку мобилни апликации и известувања, кои информираат кога и како да го одложат својот отпад, поттикнувајќи селективно собирање и едукација за циркуларната економија.
    Во последниве години, урбаните средини сè повеќе се насочуваат кон одржливи решенија, при што концептот на паметен град станува водечки пример за тоа како технологијата и заедницата можат заедно да создадат одржлив начин на живот. Еден од најзначајните аспекти на одржливоста во градовите е управувањето со отпадот, а посебно со био-отпадот. Во Европа, повеќе градови и региони воведуваат различни иновативни стратегии за собирање и преработка на органски отпад, прилагодени на локалните услови.
    Целта на современите системи за управување со био-отпад е да се подобри ефикасноста и одржливоста преку употреба на напредни технологии и паметни решенија. Еден од основните аспекти е поставувањето на сензори за наполнетост и влага во контејнерите за био-отпад.
    Сензорите известуваат кога контејнерите се полни или кога содржината има висока влажност, со што се избегнуваат непријатни мириси и непожелни анаеробни процеси. Динамичкото собирање на отпад е уште еден важен елемент. Маршрутите за собирање се оптимизираат во реално време според податоците од сензорите, што ја намалува потрошувачката на гориво, трошоците и емисиите од транспортот. Системите се интегрирани со IoT платформи, кои централно собираат податоци за контејнерите, процесите и логистиката. Ова овозможува следење и анализа на ефикасноста, како и планирање на ресурсите. Дополнително, системите користат аналитика и предвидување, базирана на историски податоци, за да се предвиди количината на био-отпад и да се оптимизира инфраструктурата. Граѓаните исто така се вклучени преку мобилни апликации и известувања, кои информираат кога и како да го одложат својот отпад, поттикнувајќи селективно собирање и едукација за циркуларната економија.
    https://www.constructionweekonline.com/products-services/article-28872-smarter-waste-management-with-beeahs-smart-bins
    Овие иновативни технологии и системи не само што ја зголемуваат ефикасноста на собирањето и обработката на био-отпадот, туку придонесуваат и кон подобра хигиена, намалување на непријатни мириси и поттикнување на граѓанската одговорност. Со интеграција на ваквите паметни системи, градовите се приближуваат кон зелени и одржливи стратегии, создавајќи подобра животна средина за сите жители.
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

  • Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици” ООУ “ Христијан Тодоровски Карпош”

    Продолжуваме со настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата односно „Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици” кои ги рализираме со ученици од 20 основни училишта од Скопскиот регион. На 7.10.2025 го посетивме ООУ “ Христијан Тодоровски Карпош” од општина Карпош кадешто триесетина ученици од основното училиште придружени од 4 волонтери соученици кои им асистираа на нашите Експерти имаа можност да се запознаат со опремата од Биотехнолошката Лабораторија и заедно да изведуваме експеримети за пренамена на органскиот отпад.

    Знаете ли зошто се користи биодизелот и каде ги прашавме нашите ученици, по што самите направија био дизел. Продолживме со експериментирањето и дискусијата за циркуларна економија и за намалување на отпадот.

    Овие настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата се реализираат во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Resource Environmental Center – REC North Macedonia во партнерство со Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – FlorozonФлорозон – Центар за еколошка демократија.

    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitas #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

  • Како да го подобриме управувањето со биоотпадот, за поблиску да придонесеме кон циркуларна економија

    Денес гостувавме во утринската програма на ТВ АЛФА !

    Разговаравме за тоа колку е важно правилното постапување со био-отпадот и како преку мали секојдневни чекори можеме да придонесеме кон почиста животна средина.

    Истакнавме зошто био-отпадот претставува голем дел од комуналниот отпад, кои се ризиците кога завршува на депонии, но и какви можности нуди за компостирање, производство на органско ѓубриво и развој на циркуларната економија.

    Благодарност до ТВ Алфа за поканата и можноста да ја споделиме пораката дека секоја промена започнува од нас самите!

    Погледнете од прилогот

    Проект во рамки на #CivicaMobilitas со поддршка на #CHinMK

    Спроведуван од:
    Resource Environmental Center – REC North Macedonia во партнерство со Center for Environmental Democracy – Florozon & Eco – Logic

    youtube.com/watch?feature=shared&fbclid=IwY2xjawMvR7dleHRuA2FlbQIxMQABHrj-tY4QdRS0-Dl9y1-wwvt1mjLuNk3ENy8qz0YnFAB6xt5gEnsAFPFsXwCK_aem_QTHjjzwU1qaFFS7PZfwgvg&v=iqxeEBh2m1s

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор