CMGGA

  • Мониторинг на заштита од дискриминација на жени од маргинализирани заедници – инфографик за период од 1.01.2026 до 31.03.2026

    Хелсиншкиот комитет за човекови права спроведува мониторинг на постапувањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) при заштитата од дискриминација на жените од маргинализирани заедници. Овој мониторинг се спроведува во рамките на проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“, финансиран од Цивика мобилитас, кој Хелсиншкиот комитет го […]
    Read More… from Мониторинг на заштита од дискриминација на жени од маргинализирани заедници – инфографик за период од 1.01.2026 до 31.03.2026
    The post Мониторинг на заштита од дискриминација на жени од маргинализирани заедници – инфографик за период од 1.01.2026 до 31.03.2026 appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Завршен настан на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“

    На 28 мај во Градски парк – Школка во Скопје се одржа завршниот настан на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, којшто во изминатите две години ги обединува учениците, наставниците, граѓаните, општините и граѓанските организации околу темата за одржливо управување со био-отпадот и развој на циркуларна економија.

    Настанот беше организиран од Здружението Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија Resource Environmental Center – REC North Macedonia, како носител на проектот и Еко Логик Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, во улога на Партнер организации, при што беа презентирани резултатите од проектот, ученичките зелени бизнис идеи и производите создадени преку реупотреба на био-отпад.

    Во рамки на настанот беа доделени награди за трите најуспешни зелени бизнис идеи за реупотреба на био-отпад, а учениците од општините Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров презентираа практични и иновативни решенија за искористување на органскиот отпад како вреден ресурс.

    „Особено нè радува што младите денес се носители на оваа позитивна промена. Нивната енергија, ентузијазам, иновативност и визија се доказ дека иднината може и треба да биде поодговорна кон природата“, изјави Тамара Радовановиќ Анѓелковска, Проектен координатор од Здружение „Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија“.

    Кирил Ристовски од Здружението на граѓани Флорозон истакна дека младите денес не се само публика на која ѝ се зборува за заштита на животната средина, туку активни учесници кои имаат идеи, знаење и волја да создаваат промени.
    „Особено охрабрува фактот што учениците преку своите зелени бизнис идеи покажаа дека био-отпадот не мора да биде проблем, туку може да стане ресурс. Токму ваквиот пристап е суштината на циркуларната економија – отпадот да се намали, повторно да се искористи и да се претвори во нова вредност“, посочи Ристовски.

    На настанот присуствуваше и претседателот на Советот на Општина Карпош Општина Карпош, Христо Саракинов. Саракинов истакна дека проектот имал значајно влијание врз младите, но и врз институциите и носителите на одлуки.
    „Проектот ги обедини учениците, наставниците, граѓаните и партнерските организации кои во изминативе две години беа дел од активностите насочени за подигнување на јавната свест и поттикнување практики за одржливо управување со органски отпад. Токму овој проект ги отвори видиците не само кај помладите, туку и кај нас возрасните, не само како родители туку и како политички фактори и одговорно можам да кажам дека Општина Карпош ќе продолжи да учествува и спроведува вакви и слични проекти кои ќе имаат за цел да ја подигнат јавната свест за селекција на отпадот и циркуларната економија преку управувањето со органскиот отпад“, истакна Саракинов.

    „Кога младите ќе препознаат можност таму каде што другите гледаат отпад, тогаш започнува вистинската промена кон одржливо и одговорно општество“, изјави Стефани Пренкова, проектен координатор од Еко Логик.

    Во рамки на проектот, учениците од Општина Карпош го селектираа и подготвуваа органскиот отпад за добивање компост кој се користи за раззеленување на училишните дворови. Во наредниот период, покрај Општина Карпош, ќе се работи и на воспоставување систем за селектирање и одржливо управување со био-отпад во Општина Ѓорче Петров и Општина Кисела Вода, со цел проширување на добрите практики и поттикнување на циркуларната економија и во другите локални заедници.

    Проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ се спроведува од Здружение Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија Resource Environmental Center – REC North Macedonia, Еко Логик Eco – Logic и Флорозон – Центар за еколошка демократија Center for Environmental Democracy – Florozon, со цел да придонесе за постигнување на циркуларна економија преку одржливо управување со био-отпад со стекнување практични знаења, коишто придонесуваат за остварување на одржлив развој.

    Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Embassy of Switzerland in North Macedonia и се спроведува во рамки на Civica Mobilitas.

  • Регионален настан „Правобранителот и лицата со попреченост“

    Денес во Велес се одржа регионалниот настан „Правобранителот и лицата со попреченост“, организиран од Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености, во партнерство со „Порака“ – Неготино и „Еко-живот“ – Кавадарци во рамки на проектот „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“, поддржан преку програмата Цивика мобилитас, финансиски поддржана од…

  • Судот утврди дискриминација врз индивидуалните земјоделки во пристапот до права од здравствено осигурување

    Основниот граѓански суд донесе пресуда со која утврди индиректна, продолжена и интерсекциска дискриминација врз индивидуалните земјоделки во остварување на правото од областа на здравствено осигурување-право на надомест на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство и право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест […]
    Read More… from Судот утврди дискриминација врз индивидуалните земјоделки во пристапот до права од здравствено осигурување
    The post Судот утврди дискриминација врз индивидуалните земјоделки во пристапот до права од здравствено осигурување appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Одржување на Работилницата за „Зелени бизнис идеи за реупотреба на био отпад″ во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“

    На 29 и 30 април 2026  продолживме со тестирањето на зелените бизнис идеи за реупотреба на био отпад  на учениците. Добивме навистина инвентивни „Зелени бизнис идеи за реупотреба на био отпад″ кои ги тестиравме во Биотехнолошката лабораторија во рамките на дводневната работилница преку експерименти со учениците од основните училишта под менторство на нивните наставнички и Експерите. Ова го искористивме повторно да го зголемиме знаењето и свеста на учениците и нивните родители за важноста на циркуларната економија и реупотребата на био отпадот со цел да се намали депонирањето на био отпадот. Отпадот беше селектиран и донесен од учениците во лабораторијата. На овој начин ги учиме сите во процесот како да ја заштитуваме животната средина и природните ресурси да се користат на одржлив начин.
    Со натпреварувачки дух ги тестиравме идеите заедно со возбудените ученици и експертите и заклучивме дека сите се успешни! Во овие два дена меревме, мешавме, дестилиравме, одвлажнувавме материјали, ја меревме pH-вредноста, варевме, загревавме и сушевме различни типови на био отпад се со цел да создадеме корисни производи кои можат да се продаваат во иднина за да го намалиме отпадот кој го генерираме. Што сработивме?
     

    Со учениците од ООУ „Јан Амос Коменски ″ изработивме еко креда од лушпи од јајца.
    Со учениците од ООУ „Вера Циривири Трена″ изработивме еко хартија од природни материјали.
    Со учениците од ООУ „Петар Пор Арсов ″ добивме биопластика од скроб.
    Со учениците од ООУ „Тихомир Милошевски″, направивме етанол од биоотпад.
    Со учениците од ООУ „Лазо Трповски″ изработивме биоразградливи пакувања со примена на природни антоцијани како индикатори за расипливост на храната во биоразградливи пакувања.
    Со учениците од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош″ произведовме био-пелети од лушпи од јаболка.

     

    Подготвивме и саем на готови производи кои учениците ги гледаа и дискутираа за нив. Споделуваме дел од позитивната атмосфера на работилницата и трудољубивите ученици.
    Со големо задоволство ги завршивме работилниците исполнети со уште едно искуство и спомени кои ќе ги носиме со нас и покажавме дека науката и екологијата се поврзуваат со секојдневниот живот.

    Следете не за да го видите новото промотивно видео за проектот.
     
    Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, започнавме со одржување на дводневните Работилници  за тестирање на „Зелени бизнис идеи за реупотреба на био отпад″ со основните училишта од Скопје.
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

  • Чекор по чекор до родово одговорен локален буџет

    „Гласен Текстилец“, заедно со партнерските организации ЕХО едукативно-хуманитарна организација од Штип               и Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци од Виница, во

  • ЗЕЛЕНИ БИЗНИС ИДЕИ ЗА РЕУПОТРЕБА НА БИО ОТПАД

    Одржување на Работилницата за „Зелени бизнис идеи за реупотреба на био отпад″ во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“
     
    Во овој период им дадовме задача на учениците да истражат кои се корисни продукти можат да се добијат од искористување на био отпадот и да смислат бизнис идеа за тој продукт со цел да можат понатаму да го  продаваат. Добивме навистина инвентивни и интересни идеи „Зелени бизнис идеи за реупотреба на био отпад″ кои на 15 и 16 април 2026 год. во Биотехнолошката лабораторија во рамките на дводневната работилница ги тестиравме преку експерименти со учениците од основните училишта под менторство на нивните наставнички и Експерите. Ова го искористивме повторно да го зголемиме знаењето и свеста на учениците и нивните родители за важноста на циркуларната економија и реупотребата на био отпадот со цел да се намали депонирањето на био отпадот.
    На натпреварот за идеи вршевме експерименти за добивање на биосаксија од органски отпад, биохартија и биопластика од лушпи од банана,  био-свеќа користејќи портокал и маслиново масло, еко сапун од прегорено масло, склопивме биокомпостара за добивање на компост и го поставивме отпадот за добивање на компост, направивме биоплоча од разни видови на отпад, природен парфем од кора од портокал.
    Со големо задоволство ги тестиравме идеите заедно со возбудените ученици и експертите и заклучивме дека сите се успешни!

    Со учениците од ООУ „Војдан Чернодрински″ изработивме биосаксија од органски отпад.
    Со учениците од ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски″ со користење на лушпи од банана добивме биопластика и биохартија и био-свеќа користејќи портокал и маслиново масло.
    Со учениците од ООУ „Кузман Јосифовски Питу″ добивме парфем од кора од портокал.
    Со учениците од ООУ „Климент Охридски″, направивме еко сапун од прегорено масло.
    Со учениците од ООУ „Братство″ склопивме биокомпостара за добивање на компост и го наредивме отпадот за добивање на компост.
    Со учениците од ООУ „Владо Тасевски″ направивме биоплоча од разни видови на отпад.
    Погледнете ја дел од работната атмосфера преку фотографии!
    Најголемиот подарок од овие два убави денови беа широките насмевки на учениците кои успеаа во своите намери за изработка на иновативни, корисни и органски продукти преку користење на био отпадот.
    Учениците со помош на соучениците и родителите сами го селектираа и собираа био отпадот по видови во текот на месец март и април за потребите на изготвување и добивање на корисни продукти во Биотехнлошката лабораторија дел од активноста на проектот за селекција и селективно собирање на органски отпад, по видови, за добивање на корисни продукти во био-технолошка лабораторија.

    И не само тоа, ја снимавме работилницата за да подготвиме промотивно видео за проектот.
    Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, започнавме со одржување на дводневните Работилници  за тестирање на „Зелени бизнис идеи за реупотреба на био отпад″ со основните училишта од Скопје.
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

  • КОМПОСТИРАЊЕ – ПРАКТИЧНО РЕШЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БИООТПАД ВО ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

    Компостирањето претставува еден од најефикасните и најодржливи начини за управување со биоотпадот – органски отпад од храна, зелен отпад од паркови и градини и други биоразградливи материи. Наместо органскиот отпад да заврши на депонии – каде што се создава метан и депониски исцедок, преку компостирање тој се претвора во вреден ресурс – компост, односно природно ѓубриво богато со хранливи материи, коешто понатаму придонесува за подобрување на плодноста на почвата, и нејзината способност да задржува влага, така што придонесува за намалување на потребата од хемиски ѓубрива.
    Компостирањето е природен процес на разградување на органската материја (зелен и кафеав отпад) со помош на микроорганизми, кислород и влага. Клучно е да се постигне рамнотежа помеѓу:

    Зелен отпад (влажен, богат со азот): лушпи од овошје и зеленчук, трева, остатоци од храна, талог од кафе и
    Кафеав отпад (сув, богат со јаглерод): суви лисја, слама, картон, дрвени струготини,

    коишто треба да бидат во сооднос 3:1 во корист на кафената маса, односно 3 дела кафеав отпад (јаглерод) и 1 дел зелен отпад (азот), за да се добие квалитетен краен производ компост, што ќе се употребува за облагородување на земјишни површини.
    Во однос на Техниките за компостирање ќе споменеме неколку, меѓу кои:

    Компостирање во компостери: може успешно да се спроведува во затворени или отворени компостери и се применува кај домаќинства, јавни институции (училишта, градинки, болници) и мали бизниси, што имаат сопствени дворни површини.
    Заедничко (колективно) компостирање е модел погоден за станбени блокови, јавни установи и индустриски зони. Повеќе корисници заеднички користат еден или повеќе компостери, со јасно дефинирани правила за селекција и одговорности. Предноста е што се добива поголема количина на компост.
    Централизирано компостирање – се применува на ниво на општина или регион, каде биоотпадот се собира селективно на места коишто претставуваат собирни центри, од кадешто потоа се транспортира до централна компостара. Овој систем бара добра логистика, контрола на квалитетот на отпадот и континуирана едукација на корисниците за да се избегне контаминација на содржината.

    За наоѓање на најдобар модел како решение за јавните институции и приватни бизниси потребно е да се согледаат неколку фактори за избор на најоптималното решение, како:

    Обем и состав на отпадот: количина на кујнски/градинарски отпад, сезонски варијации во содржината на фракциите.
    Просторни можности и логистика: достапен простор за поставување на компостер/опрема, просторна оддалеченост на корисниците и пристап за транспорт.
    Техничка изводливост и инфраструктура: достапност на технички решенија, опрема и сервисна поддршка.
    Еколошки ефекти и квалитет на излезниот продукт: одржување на потребните вредносни параметри за постигнување потребен квалитет на компостот со можност за повторна употреба, влијание на емисиите (главно миризба).
    Едукација, организациски капацитет и способности: знаење и процедури за селекција, надзор и одржување, човечки ресурси за учество од вработени/граѓани, потреба од едукативни кампањи за правилно одвојување (селектирање).

    Интеграцијата на компостирањето во јавните институции и приватните бизниси во различни дејности може да се реализира преку два главни модела коишто исто така може и да комбинираат, а се’ во зависност од капацитетот и потребите.
    А. Индивидуален (децентрализиран) модел идеален за субјекти коишто имаат сопствени зелени површини и потреба за директна примена на производот – компостот. Со поставување на индивидуални компостери во дворовите, се овозможува компостирање на биоотпад создаден на локацијата и подоцна, негово користење за оплеменување на сопствени зелени површини. Погоден е за: училишта, градинки, болници, хотели, ресторани, мали фирми.
    Б. Централизиран (колективен) модел  е погоден за општини, индустриски зони, трговски центри, поголеми организации или урбани средини каде што нема простор за компостирање на локацијата (изворот на создавање на отпад). Така, Јавни институции може да пристапат кон воведување систем за „селективно собирање на биоотпад“ и пристапување кон централизиран систем.
    Подолу се корисни фотографии за компостирање
    Фотографија 1: Приказ на садови за зреење на органски материи при производство на компост за индивидуална примена

    (Примери од иницијатива на Општина Карпош во Општинските основни училишта (ООУ) за спроведување на мерки од Годишниот краток Акционен план за спроведување на ЛЕАП 3 за 2025 година – извор: https://karpos.gov.mk/%d1%83%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%be%d0%b4-%d0%be%d0%be%d1%83-%d0%b2%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%be-%d1%82%d0%b0%d1%81%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bd%d0%b0/)
    Фотографија (2):

    Најпрактичните и најевтини индивидуални компостери се прават од дрвени палети, бидејќи се евтини (често бесплатни) и лесни за монтажа.
    Фотографии (3-4-5): Примери за најчесто користени централизирани методи на компостирање. Системите со ровови (лево) ги движат органските материи помеѓу различни ровови во различни фази од процесот на компостирање. Креветните купови (во средината) се долги, тесни и често се превртуваат со употреба на голема машинерија. Аерираните статички купови (десно) можат пасивно да се аерираат како што е прикажано подолу или активно да се аерираат со специјализирана опрема за дување.

    Извор: https://drawdown.org/explorer/increase-centralized-composting#overview
    Примена на компостот

    За подобрување на квалитетот и плодноста на почвата во паркови, училишни дворови и јавни зелени површини (паркови, дрвореди, тревници),
    Како додаток во земјата за саксии, расадници и урбано зеленило за подобрување на нивниот раст,
    рекултивација на деградирани и еродирани површини,
    органско земјоделство, градинарството и хортикултура (во урбани градини и училишни дворови),
    како замена или дополнување на хемиски ѓубрива.

    Зошто е важно да се компостира? Компостирањето е важна практика со повеќекратни придобивки за животната средина, економијата и општеството. Важноста од компостирањето се согледува преку можноста за искористување на органскиот отпад како суровина за производство на компост. Придобивките за животната средина се согледуваат на начин, што се намалува количината на отпад што завршува на депониите, каде инаку отстранувањето на органски отпад е забрането со закон, заради придружните негативни ефекти од распаѓањето на органската компонента од отпадот. Економските придобивки се согледуваат во намалување на трошоците за собирање и депонирање на отпад, на тој начин продолжувајќи го животниот век на депониите. Општествените придобивки се согледуваат преку зголемување на безбедноста и здравјето на луѓето, преку спречување на негативните ефекти предизвикани од несоодветно постапување со биоотпадот, како и преку подигнување на еколошката свест и одговорноста на граѓаните и бизнис заедницата. Компостирањето претставува едукативен процес којшто им овозможува на луѓето, директно да се вклучат во грижата за животната средина и да го разберат значењето на циркуларната економија и зачувувањето на природните ресурсите.
     
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија,  Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.
     

  • Жените од маргинализирани заедници и понатаму надвор од системот за заштита од дискриминација

    26 март 2026 година, Холидеј Ин Жените од маргинализирани заедници сè уште ретко бараат заштита од дискриминација и покрај постоењето на законска рамка и институционални механизми – покажуваат наодите од мониторингот презентирани на регионалниот форум „Платформа за вклучување на маргинализираните жени во општеството и зајакнување на соработката“, организиран од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Настанот […]
    Read More… from Жените од маргинализирани заедници и понатаму надвор од системот за заштита од дискриминација
    The post Жените од маргинализирани заедници и понатаму надвор од системот за заштита од дискриминација appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Еднаквост сега: мониторинг-извештај за пристапот на жени од маргинализирани заедници до механизмите за заштита од дискриминација

    Овој мониторинг и извештај се реализирани во рамките на проектот „Еднаквост сега – зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“ поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас имплементиран од Хелсиншкиот комитет за човекови права, ХОПС – Опции за здрав живот и Коалиција МАРГИНИ, чија цел е да придонесе за подобрување на пристапот […]
    Read More… from Еднаквост сега: мониторинг-извештај за пристапот на жени од маргинализирани заедници до механизмите за заштита од дискриминација
    The post Еднаквост сега: мониторинг-извештај за пристапот на жени од маргинализирани заедници до механизмите за заштита од дискриминација appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор