|

ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И АНАЛИЗИ ЗМАИ

Вкупен буџет: 1.798.435 МКД

Времетраење: 15 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Основна целна група на овој проект се граѓанските организации кои работат на креирање на јавни политики на централно, а особено и на локално ниво, како организации чија главна активност им е застапување.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

ЦЕНТАР ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ (PUBLIC POLICY CENTER)

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Во изминатите 2 години сведоци сме на значително зголемување на транспарентноста и достапноста на податоци од државните институции на централно и локално ниво. Ваквата состојба дава подобри можности за истражување и анализи на граѓанските организации кои пред сè се занимаваат со креирање на јавни политики и застапување. Од друга страна пак, сведоци сме дека капацитетите на голем број локални организации се многу мали, а со тоа и квалитетот на истражувањата и придонесот кон јавните политики не се на завидно ниво.

Согледувајќи го недостатокот на капацитетите од една страна и зголемените можности за анализи на отворени податоци и новите можности за застапување од друга страна, тимот на ЗМАИ верува дека воспоставување на механизам за  градење на истражувачки капацитети на граѓанските организации, особено оние кои работат во локални средини е една од клучните иницијативи за да се поттикнат граѓанските организации да бидат сериозен партнер во процесот на градење на јавни политики. Истовремено, со спроведување на овој проект локалните граѓански организации, кои ги претставуваат локалните заедници и интересни групи, ќе ги јакнат своите јадра и ќе градат одржливи партнерски односи со властите.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Силни граѓански организации кои креираат јавни политики базирани на релевантни истражувања и анализи.

Специфична цел/и: Воспоставување механизам за развој и вмрежување на граѓанските организации во насока на креирање на јавни политики, градени врз база на квантитативни анализи.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Мрежа на обучени поединци вработени во граѓанскиот сектор за спроведување и креирање на предлози за јавни политики базирани на факти;
  2. Објавени трудови за предлози за јавни политики базирани на факти;
  3. Зголемен истражувачки капацитет на граѓанските организации.

АКТИВНОСТИ

  1. Административна подготовка;
  2. Процес на промоција на повикот за ГО и селекција на кандидати;
  3. Едукација и тренинг;
  4. Истражување под менторство;
  5. Промоција на истражувањата.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

    Вкупен буџет: 3.240.057 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.10.2026 (10 месеци) Специфична тема: Борба против корупција и истражувачко новинарство Партнери: Македонски институт за медиуми (МИМ) Конституенти:  Новинари и уредници од локални, приватни и национални медиуми Новинари и уредници од Македонската радио телевизија (МРТ) Медиумски професионалци и медиумски организации Граѓани како корисници…

  • Зелен институт – Скопје

    Вкупен буџет: 2.999.983 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово Конституенти:  Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Избраниот проект од…

  • РЕСИС – Скопје

    Вкупен буџет: 3.000.000 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО Партнери: Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ Конституенти:  Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и…

  • Отворете ги прозорците

    Вкупен буџет: 2.998.600 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Дигитална инклузија и добро владеење Партнери: Здружение за унапредување на младинскиот активизам ЗЕТА Конституенти:  Млади лица; лица со попреченост; граѓани со ограничен пристап до дигитални услуги; граѓански организации; локални и централни институции; јавни службеници; образовни институции; медиуми. За…

  • Здружение на еколози „Натура“ – Струга

    Вкупен буџет: 2.848.300 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево Конституенти:  Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници;…

  • Младински сојуз – Крушево

    Вкупен буџет: 2.999.227 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигиталната трансформација Партнери: Конституенти:  Млади лица од Крушево и целните општини; граѓани од локалните заедници; граѓански организации; локални власти и општински совети; јавни институции; образовни установи; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Проектот „Мојот глас во…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор