ЗДРУЖЕНИЕ ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНИЦИЈАТИВИ НАДЕЖ
Објавено: 27/10/2020
Вкупен буџет: 318.300 денари
Времетраење: 3 месеци
КОНСТИТУЕНТИ
Здружение Ц.С.И. НАДЕЖ е регистрирана невладина организација, основана на 28 август 1997 година, на иницијатива на вработените на проектот „Програма за реинтеграција на Ромите“, спроведена од Caritasverband für das Bistum Essen e.V., Германија. Нашата визија е развиено демократско општество со еднакви можности, каде се почитуваат човековите права, а граѓаните се социјално ангажирани и многу толерантни на разликите. Главениот сектор на делување на Ц.С.И. НАДЕЖ е социјално-економска интеграција, со фокус на Ромите и младите, преку помош во остварување на демократски права и промовирање на мирен соживот, едукативна поддршка и стекнување на социјални права.Како организација со повеќе од 20 години значително искуство во работењето во граѓанскиот сектор и воспоставени мрежи на соработка и поддршка, спроведувавме широк спектар на проекти кои имаат влијание врз зајакнувањето на децата,младите и семејствата особено меѓу ромската популација. На полето на гласачки права, ЦСИ НАДЕЖ има реализано проект „Гласачки права на Ромите“ на ниво на цела држава. Работата и програмите имплементирани од организацијата се поддржани од разни национални и меѓународни институции, организации и фондации
ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС
Одлучи сама-твој глас, твое право
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
Феноменот на семејно и групно гласање – кога одлуката за гласање на индивидуален избирач е неправедно направена под влијание на друг член на семејството, се јавува многу често во многу ромски заедници во Македонија. Ова особено влијае на жените Ромки. Културните и образовните бариери се главната причина за овој феномен. Семејно гласање не може секогаш да биде видливо на гласачките кутии затоа што ранливиот гласач (најчесто жена) лесно може да биде подложен на неправедно влијание, што го практикува најчесто главата на семејството, доколку таа не верува или не ги знае своите основни права на гласање. Оттука, потребата да се развие проект кој ќе се фокусира на обезбедување информации и подигање на свеста кај ранливите жени Роми за важноста на слободно и независно гласање како едно од најважните демократски права што го има еден граѓанин.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Да ги зајакне ранливите жени Роми, преку едукација за нивно независно право на глас како една од клучните алатки за промовирање на родовата еднаквост во изборниот процес.
Специфични цели:
- Да ги поттикне НВО и неформални групи да станат промотори на избирачките права на жените во своите заедници;
- Да ги информира и едуцира ранливите жени Ромки да станат свесни за неповредливоста и вредноста на нивната слобода на изразување и правото на независно и самостојно гласање.
- Да се допре до пошироката популација и да се актуализира неповредливоста на гласачките права на жените.
РЕЗУЛТАТИ
- Обучени 10 лица вклучени во НВО секторот или неформални групи (работници, волонтери, активисти), кои ќе стекнат вештини за промовирање на гласачките права на жените во нивните општини;
- Најмалку 100 ранливи жени Роми, како и членови на нивните семејства како индиректни корисници, зајакнати со знаење и вештини преку едукативно-информативни активности ќе бидат посвесни и уверени за неповредливоста и вредноста на нивната слобода на избор и правото на глас;
- Информирана поширока популација мажи и жени на возраст над 18 години за гласачките права на жените преку видео кампања.
АКТИВНОСТИ
- Подготвителени активности за започнување на проектот – Формирање на првата целна група на проектот- 10 учесници за обука и запознавање на целната група и соработниците со активностите на проектот;
- Реализација на Обука –“Промотори за независни гласачки права на жените”, за 10 претставници од НВО и неформални групи(волонтери, активисти);
- Подготовка и реализација на кафе сесии и информативни сесии
- Кампања на социјални медиуми – видео-кампања, во форма на анимирани видеа, илустрации и тестемонијали (вкупно 3)