|

Здружение на граѓани ЛЕГИС Скопје

Вкупен буџет: 330.000 денари

Времетраење: 6 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Легис соработува со сите релевантни институции на терен и, обезбедено дозволи за пристап и, извршување на својата хуманитарна и правна мисија. Теренските работници во пограничните кампови се со постојано присуство повеќе од 4 години и, се локални граѓани во Куманово и Гевгелија а, со цел да се поддржат локални работни места. Легис има пристап и до полуотворениот центар за баратели на азил во Визбегово, Скопје. Во однос на правната заштита, Легис примарно соработува со канцеларијата на Народниот правобранител и, со други локални организации за заштита на човекови права и, по потреба, учествува во тимовите на ненајавени посети на затворени институции и полициск станици со Независниот механизам за заштита од тортура при канцеларијата на Правобранителот а со тоа и пристап до притворот за странци во Гази Баба.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Следење на пристапот до човековите права на бегалците и мигрантите во Република Северна Македонија

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Со почетокот на хумантарната криза во РСМ во јануари 2015 г. Легис е една од првите организации кои во соработка со институциите, обезбедува хуманитарна заштита, правно советување и активно работи со медиумите. Здружението изработува неделни извештаи за состојбите во пограничните транзитни центри и пристапот за човекови права, дел е од работни групи за правни измени во областа на азил и правна заштита. Хуманитарната криза не е завршена. Напротив, во периодот од јануари до крајот на ноември 2019 година во пограничните центри транзитирале: 1439 луѓе од кои, 147 непридружувани малолетници и 53 други ранливи групи, додека на јужната граница во транзитниот центар во истиот временски период 19215 бегалци и мигранти , а од нив 379 биле згрижени внатре во кампот од кои 63 ранливи категории од кои 41 непридружуван малолетник.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Подобрување на пристапот до човекови права и заштита за бегалци и мигранти во РСМ.

Специфична цели:

  • Следење на состојбите со пристапот до човекови права и заштита на бегалци и мигранти во погранични центри;
  • Овозможување правно советување во заштита на човекови права на терен и, проследување повреди на човекови права до Канцеларијата на Народниот правобранител на РМ;
  •  Подигнување на јавната свест за повреди на човекови права на бегалци/мигранти

РЕЗУЛТАТИ

  1. Подобрени на условите и пристапот до човекови права и заштита за бегалци и мигранти во погранични транзитни центри;
  2.  Подигната јавна и институционална свест за проблемите во пристапот до човекови права и заштита со кои се соочуваат бегалците и мигрантите во РСМ.

АКТИВНОСТИ

  1. Следење на пристапот до права и заштита за бегалци и мигранти во два погранични транзитни центри на северната и јужната граница на РСМ -Методологија: Квалитативен метод во форма на Правно истражување;
  2. Подигнување на јавната свесност, правно советување и соработка со институции за подобрување на пристапот до човекови права и заштита во РСМ.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

    Вкупен буџет: 3.240.057 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.10.2026 (10 месеци) Специфична тема: Борба против корупција и истражувачко новинарство Партнери: Македонски институт за медиуми (МИМ) Конституенти:  Новинари и уредници од локални, приватни и национални медиуми Новинари и уредници од Македонската радио телевизија (МРТ) Медиумски професионалци и медиумски организации Граѓани како корисници…

  • Зелен институт – Скопје

    Вкупен буџет: 2.999.983 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово Конституенти:  Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Избраниот проект од…

  • РЕСИС – Скопје

    Вкупен буџет: 3.000.000 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО Партнери: Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ Конституенти:  Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и…

  • Отворете ги прозорците

    Вкупен буџет: 2.998.600 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Дигитална инклузија и добро владеење Партнери: Здружение за унапредување на младинскиот активизам ЗЕТА Конституенти:  Млади лица; лица со попреченост; граѓани со ограничен пристап до дигитални услуги; граѓански организации; локални и централни институции; јавни службеници; образовни институции; медиуми. За…

  • Здружение на еколози „Натура“ – Струга

    Вкупен буџет: 2.848.300 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево Конституенти:  Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници;…

  • Младински сојуз – Крушево

    Вкупен буџет: 2.999.227 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигиталната трансформација Партнери: Конституенти:  Млади лица од Крушево и целните општини; граѓани од локалните заедници; граѓански организации; локални власти и општински совети; јавни институции; образовни установи; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Проектот „Мојот глас во…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор