|

ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ – ЦЕНТАР ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, ГЕВГЕЛИЈА

Вкупен буџет: 1.798.000 МКД

Времетраење: 18 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Конституенти на здружението „Центар за климатски промени“ се граѓанските организации кои работат во полето на животна средина, одржлив развој, енергија и земјоделство.

Министерство за животна средина и просторно планирање со јавните органи во рамки на својата организација (Управа за животна средина и Државен инспекторат за животна средина).

Други јавни тела кои имаат надлежности во животната средина и климатските промени.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

ГРАЃАНСКА ПЛАТФОРМА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ЗА ПОГЛАВЈЕ 27

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Проектните активности ќе придонесат за обезбедување учество на граѓанското општество во креирањето и донесувањето на одлуки кои се однесуваат на процесот на преговарање за влез во Европската Унија и тоа за Поглавје 27-Животна средина и климатски промени.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Зајакнување на улогата на граѓанските организации (ГО) од областа на животната средина во процесот за приближување и подготовка за преговори со ЕУ за Поглавје 27.

Специфична цел: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации (ГО) за приближување кон ЕУ преку стимулирање на соработка помеѓу граѓанските организации (ГО) за формулирање и комуникација на заеднички ставови за животната средина и подигнување на свеста на пошироката јавност.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Зајакнати капацитети на македонските граѓански организации за следење на преговорите со ЕУ за Поглавје 27;
  2. Зголемена свесност на граѓански организации за важноста во преземањето активна улога во преговорите со ЕУ;
  3. Зголемена свесност на пошироката јавност за придобивките од пристапувањето во ЕУ;
  4. Зголемена соработка помеѓу граѓански организации и релевантните власти за комуникација на заедничките ставови за прашања од областа на животната средина.

АКТИВНОСТИ

  1. Информативна средба за отпочнување на проектот;
  2. Семинари за градење на капацитети на граѓанските организации;
  3. Повик за формирање национална мрежа на граѓански организации;
  4. Прирачник за следење на преговорите со ЕУ за Поглавје 27;
  5. Работилница за формирање на националната мрежа на граѓански организации;
  6. Состаноци со надлежните органи;
  7. Подготовка на комуникациска стратегија;
  8. Подготовка на нацрт извештај;
  9. Објавување на извештајот за позицијата на граѓанските организации;
  10. Развивање веб-страница на проектот;
  11. Официјална презентација на извештајот;
  12.  Подготовка на соопштенија за печат.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор