|

ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ „СВЕТ НА РАЗЛИЧНИ А ЕДНАКВИ“

Вкупен буџет: 327.000 МКД

Времетраење: 5 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Конституенти во овој проект се лицата со посебни потреби (интелектуална, физичка и друга попреченост), групите сместени во Дневни центри, во семејства и самостојни лица со инвалидитет. Покрај нив, конституенти се и професионалните актери кои ќе им бидат партнери и заедно ќе работат преку театарска игра на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ).  

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

КУМ ТЕОДОС/ 2020 – инклузивен драмски перформанс

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Со овој проект се реализираат законските права и слободи на лицата со хендикеп. Досега во нашата држава овозможени се низа социјални, образовни и спортски можности за остварување на личните права, но не и правото во областа на културата. Со овој наш предлог, создаваме култура без дискриминација. Нудиме услови за креативно изразување на секој поединец што е во контекст и со Ратификацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост во Македонија, каде што и државата има сериозни обврски да спроведе низа активности согласно со неа.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Остварување и заштита на човековите права – културните права на лицата со посебни потреби.

Специфична цел/и:

  • Инклузија на лица со посебни потреби со други лица во културните  активности;
  • Овозможување еднакво учество  на лицата со посебни потреби во граѓанското општество;
  •  Унапредување на квалитетот на живот на лицата со посебни потреби;
  • Подигнување на јавната свест за правото на еднаквост и недискриминација;
  • Разбивање на предрасудите и дискриминаторскиот однос.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Вклученост и прифатеност на лицата со посебни потреби во општествената заедница;
  2. Рамноправност во општеството на лицата со и лицата без инвалидност;
  3. Реализираност на лицата со посебни потреби во креативно изразување;
  4. Еднаквост помеѓу лицата со типичен и а-типичен развој (лица „без“ и лица „со“ попреченост);
  5. Рамноправност, еднаквост и недискриминација.

АКТИВНОСТИ

  1. Презентација на предлог проектот во Дневните центри за лица со посебни потреби,  Заводи,  Мали домови, Интернати  и др. вид установи за нега и грижа на инвалидизирани лица во нашата држава;
  2. Обуки на ментори на групите и на лицата со посебни потреби со цел избор на талентирани лица (за танц, глума, музика, пантомима);
  3. Драмски работилници со лицата со ПП, предводени од професионални актери, режисери, пантомичари;
  4. Кореографски работилници – со професионални танчери, кореографи
  5. Музички работилници – со музички соработници, автори на музика, аранжери, композитори, исполнители;
  6. Постановка на сцена на драмските етиди/сцени- мизансцен, во соработка со професионален режисер и асистент режисер;
  7. Финален перформанс – 2, 3, 4 декември, со вклучена  дебатна средба со раководните лица, менторите и уметничкиот тим на здружението.

Продолжи со читање

  • Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

    Вкупен буџет: 3.240.057 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.10.2026 (10 месеци) Специфична тема: Борба против корупција и истражувачко новинарство Партнери: Македонски институт за медиуми (МИМ) Конституенти:  Новинари и уредници од локални, приватни и национални медиуми Новинари и уредници од Македонската радио телевизија (МРТ) Медиумски професионалци и медиумски организации Граѓани како корисници…

  • Зелен институт – Скопје

    Вкупен буџет: 2.999.983 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово Конституенти:  Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Нула биоотпад: Системски…

  • РЕСИС – Скопје

    Вкупен буџет: 3.000.000 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО Партнери: Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ Конституенти:  Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и…

  • Отворете ги прозорците

    Вкупен буџет: 2.998.600 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Дигитална инклузија и добро владеење Партнери: Здружение за унапредување на младинскиот активизам ЗЕТА Конституенти:  Млади лица; лица со попреченост; граѓани со ограничен пристап до дигитални услуги; граѓански организации; локални и централни институции; јавни службеници; образовни институции; медиуми. За…

  • Здружение на еколози „Натура“ – Струга

    Вкупен буџет: 2.848.300 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево Конституенти:  Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници;…

  • Младински сојуз – Крушево

    Вкупен буџет: 2.999.227 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигиталната трансформација Партнери: Конституенти:  Млади лица од Крушево и целните општини; граѓани од локалните заедници; граѓански организации; локални власти и општински совети; јавни институции; образовни установи; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Мојот глас во мојот…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор