Вкупен буџет: 1.800.000 МКД

Времетраење: 01.06.2020 – 31.05.2021

КОНСТИТУЕНТИ

Целната група на оваа акција се наставници и наставнички по предметот историја од основните и средните училишта од земјава.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

ТОЛКУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКАТА ИСТОРИЈА НА СОВРЕМЕНОТО ВРЕМЕ

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Предметот Историја не е вклучен во стратешките приоритети на институциите кога станува збор за меѓуетничка интеграција. Исто така, курикулумот за предметот историја не е променет од 2005 година, што не е случај со останатите предмети. Овој курикулум, самиот по себе промовира етничка подвоеност, и е бинационален и овој пристап се рефлектира во учебниците по историја, а со
самото тоа и во наставата, иако РС Македонија се декларира како мултиетничка земја. Уште еден проблем е недостатокот на обуки на наставниот кадар за ваквите теми.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел– Изградени партнерства за изградба на мир во образованието.

Специфична цел– Зајакнати капацитети на наставниот кадар по историја од основните и средните училишта од Република Северна Македонија за критичко согледување на етноцентричните историски наративи и начините на кои се изведуваат часовите по историја.

Резултати

  • Креирана е етнички мешана група од 20 наставници и наставнички по предметот историја од основни и средни училишта од земјава;
  • Подигнати капацитети на група од историчари, која е охрабрена за разбирање на наративите на другиот и работа на пилотирање на пристапи и методи за третман на скората историја во периодот од втората половина на 20-тиот век и 2001-ва година во образованието по историја во основните и средните училишта;
  • Промоција на политики за изградба на мир и култура на сеќавање помеѓу граѓанските организации, образовните и други релевантни институции од земјава.

АКТИВНОСТИ

  1. Контекстуална разработка и изградба на група;
  2. Тематски дијалошки средби;
  3. Промоција на култура на сеќавање и изградба на мир.

Веб страна