|

ЗДРУЖЕНИЕ ЦЕНТАР ЗА ПРИМЕНЕТИ ЗНАЕЊА И КРЕАТИВЕН РАЗВОЈ ПРИМА ЦЕНТАР СКОПЈЕ

Вкупен буџет: 330.000 MKД

Времетраење: 01.04 – 01.06.2022 (2 месеци)

КОНСТИТУЕНТИ

Граѓани кои живеат во високи згради, ученици од средните училишта во Општина Карпош, пожарникари, градоначалникот на општината, куќни совети на станари, медиуми.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС                  

Противпожарно заштитена зграда – безбедна општина

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Во изминатите децении се случија многу пожари кои би можеле многу побрзо да се спречат ако граѓаните биле информирани, а надлежните ги презеле сите мерки за брзо гасење на пожарот, особено доколку станарите имале ПП апарати, исправна ПП инсталација во своите влезови и биле едуцирани како да постапат при спречување, евакуација и гасење на пожар. Нашата акција ќе ги поттикне куќните совети, граѓаните, општините, средношколците, градот и Дирекцијата за безбедност и заштита да преземат конкретни мерки за евиденција,  превенција и функционалност на системот за брзо постапување при почетен пожар и безбедна евакуација.  

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел:

Противпожарна заштита во станбени објекти, проверка и враќање во функција на противпожарните системи за гасење на пожар, информирање и едукација на граѓаните за постапување при појава на почетен пожар, едукација на средношколците за значењето на противпожарна заштита, анкета со средношколци за состојбата на нивната инсталација за гасење на пожар, поттикнување на градоначалниците и општините да ги мотивираат подрачните единици од дирекцијата за безбедност и спасување да ги евидентираат сите згради и да ги стават системите во функција со соодветна обука на куќните совети, а противпожарната бригада да направи обука на средношколците.

Специфична цел/и:

  • Функционалната противпожарна заштита спасува човечки живот и имотот на граѓаните, но помага и за заштита на природата;
  • Информирани и едуцирани граѓани кои знаат свесно да делуваат, а како такви и да ја поттикнат општинската и градска власт заеднички да ги подобрат условите за акција со преземени конкретни мерки за навремена превенција;
  • Едукација на младите генерации и нивно здружување од најрана возраст со повозрасните соседи  околу безбедноста на нивното живеалиште, во иднина ќе создаде личности и заедница која во иднина би била одговорна во своето најблиско опкружувања.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Информирани граѓани за потребата од беспрекорна функционалност на системите за противпожарна заштита, едукација и начин на евакуација во случај на пожар;
  2. Градоначалниците и подрачните единици од Дирекцијата за спасување и заштита ќе преземат конкретни мерки за евидентирање и поттикнување на куќните совети и станарите за едукација и ставање на системите за заштита од пожари во функција; 
  3. Едукација на младите генерации  со формирање на противпожарна единица и за важноста на противпожарна заштита, практични вежби, едукација;
  4. Анкета и истражување од страна на средношколците во каква состојба се наоѓаат противпожарните системи во нивните станбени згради и дали системот е функционален. Со оваа анкета би добиле информации за состојбата во преку 150 објекти и поттикнување на младите да разговараат за противпожарна заштита со своите врсници, професори, соседи и семејството;
  5. Презентација пред претставници од куќен совет како да се организираат и како е ставена во функција стара зграда која ги поставила системите за противпожарна заштита.

АКТИВНОСТИ

  1. Информација до медиумите за почеток на акцијата;
  2. Состанок со градоначалниците и подрaчната единица за безбедност и спасување за почеток и координација на активностите со месните заедници и куќните совети за проверка на сите повисоки згради, евиденција  и информирање на станарите за потребата на  беспрекорна функционалност на постоечките системи;
  3. Обука и формирање противпожарна единица во 2 средни училишта, каде пожарникарите со показни вежби и едукација ќе ја престават употребата на алататите и сите други средства за превенција и безбедно гасење на пожари и начини на помош и евакуација на средношколци;
  4. Средношколците во 2 средни училишта ќе направат истражување –за тоа во каква состојба се наоѓаат нивните станбени згради и како е решена противпожарната заштита. Со оваа анкета ќе се добијат релевантни податоци за состојбата во стотина живеалишта , а најважно е што младите ќе разговараат со своите домашни и соседи како да се заштитат при евентуален пожар;
  5. Показна вежба пред повеќе претставници од куќниот совет  за начинот на евакуација , гасење  на пожар и проверка на функционалноста на противпожарните апарати и хидранти и другите начини за заштита и  ставање во функција на постоечките со пожарникарите од против пожарната бригада.

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор