|

Здружение – Балкански Институт за Регионална Соработка БИРС

Вкупен буџет: 1.800.000 МКД

Времетраење: 18 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Контитуенти се жителите на населените места на Шар Планина, граѓаните, институциите, експертите, невладини организации кои специфично се грижат за биодиверзитетот на Шар Планина и други општествени фактори кои ја поддржуваат идејата и акцијата за зачувување на еко-рамнотежата во овој масив.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

ШАР ПЛАНИНА – ПОСЛЕДНА БРАНА ПРОТИВ ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Подигнување на јавната свест за потребата од зачувување на Шар Планина како природно богатство за одржување рамнотежа во целиот еко систем во Република Северна Македонија.  Главниот фокус е подигнување на свеста на локалното население и јавноста за заштита на природните ресурси на овој масив.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Подигнување на јавната свест за потребата за зачувување на Шар Планина како природно богатство за одржување на рамнотежата во целиот еко систем во Република Северна Македонија.

Специфична цел: Подигнување на свеста кај локалното население како и вклучување на повеќето институционални и општествени чинители за зачувување на природната рамнотежа на Шар Планина, со посебен осврт на нејзината заштита од штети предизивикани од човечки фактор.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Целокупна слика со еколошките нарушувања на Шар Планина, препораки за решавање на овој еколошки проблем како и конкретна слика за степенот на реализација на иницијативата за прогласување на Национален Парк;
  2. Прикажување на нивото на нарушување на ресурсите на Шар Планина во последните десет години;
  3. Промоција на Шар Планина како можност за развивање на бизнисот на билна медицина, културниот туризам и други видови рурален и еко туризам.

АКТИВНОСТИ

  1. Изработка на проширен и детален извештај за состојбата на Шар Планина, преку користење на методи на секундарна анализа, анализа на содржина, анкета и интервју. Извештајот ќе ги детектира реалните проблеми и ќе дава препораки за подобра заштита на овој масив од понатамошните штети;
  2. Мултимедијална истражувачка сторија за актуелната состојба на Шар Планина, со која подетално ќе се информира јавноста до каде е постапката за прогласување национален парк во која мера се нанесените штети врз природните ресурси и како овој масив може да се претвори во вистинска профитабилна дестинација за културен, рурален и зимски туризам;
  3. Четири тематски документарни филмови за прикажување на капацитетите на Шар Планина;
  4. Реализација на четири интервјуа со компетентни лица, експерти и претставници од невладиниот сектор за состојбата и можните перспективи за развој на населените места во Шар Планина;
  5. Караван за актуелизирање на темата преку средби со жителите на населените места на Шар Планина, со цел подигнување на свеста за зачувување и заштита на овој масив како природно богатство;
  6. Мини-документарен филм за посетите со караванот во овие населби;
  7. Завршна конференција со присуство на претставници на државните институции, месни заедници, невладини организации, експерти и останати чинители од оваа сфера.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

    Вкупен буџет: 3.240.057 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.10.2026 (10 месеци) Специфична тема: Борба против корупција и истражувачко новинарство Партнери: Македонски институт за медиуми (МИМ) Конституенти:  Новинари и уредници од локални, приватни и национални медиуми Новинари и уредници од Македонската радио телевизија (МРТ) Медиумски професионалци и медиумски организации Граѓани како корисници…

  • Зелен институт – Скопје

    Вкупен буџет: 2.999.983 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово Конституенти:  Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Избраниот проект од…

  • РЕСИС – Скопје

    Вкупен буџет: 3.000.000 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО Партнери: Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ Конституенти:  Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и…

  • Отворете ги прозорците

    Вкупен буџет: 2.998.600 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Дигитална инклузија и добро владеење Партнери: Здружение за унапредување на младинскиот активизам ЗЕТА Конституенти:  Млади лица; лица со попреченост; граѓани со ограничен пристап до дигитални услуги; граѓански организации; локални и централни институции; јавни службеници; образовни институции; медиуми. За…

  • Здружение на еколози „Натура“ – Струга

    Вкупен буџет: 2.848.300 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево Конституенти:  Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници;…

  • Младински сојуз – Крушево

    Вкупен буџет: 2.999.227 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигиталната трансформација Партнери: Конституенти:  Млади лица од Крушево и целните општини; граѓани од локалните заедници; граѓански организации; локални власти и општински совети; јавни институции; образовни установи; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Проектот „Мојот глас во…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор