Вкупен буџет: 330.000 МКД

Времетраење: 04.01.2021 – 05.04.2021 (4 месеци)

КОНСТИТУЕНТИ

Конституенти на Центарот за интеграција на млади „МЛАДИНСКИ СОН“ се вработените во приватниот сектор, работодавачите, Општина Струга, Инспекторат за труд, Министерство за труд и социјална политика.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Заштита на работните права.

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Работата е дел од секојдневниот живот на сите и е клучна за достоинството, благосостојбата и развојот на човекот. Економскиот развој треба да вклучува создавање работни места и услови за работа во кои луѓето можат да работат во слобода, безбедност и достоинство, заштитени од дискриминација и експлоатација на работното место. Улогата на социјалната правда и добрите услови за работа се неопходност за мир и развој, факт што не смее да се потцени. Правата на вработените се загарантирани со Уставот. Врз основа на овие критериуми, правата од работен однос се третираат како неотуѓиви и неограничени права.

Во случај кога работодавачите или институциите не ги почитуваат правата на работниците или ги спречуваат да остварат какво било право од врската на трудот, доаѓа до работниот спор. Спор за работен однос е спор што произлегува кога се повредени правата предвидени со закон или кога не се извршени одредени обврски кон работникот што произлегуваат од работниот однос. Согласно член 203 од Законот за работни односи во Република Северна Македонија, се предвидува дека се гарантира правото на работа. Универзалната декларација прокламира право на работа и, во врска со тоа, право на слободен избор на вработување и практикување на професијата.

Состојбата на работниците во приватниот сектор, во споредба со јавниот сектор е многу полоша бијдеќи повеќето вработени во приватниот сектор се дел од неформалната економија, црната економија и се под влијание на честите фискални затајувања.

Земајќи ги во предвид истражувањата на МЛАДИНСКИ СОН спроведени според законите за работни права и директивите на Европска унија резултатите покажуваат дека во општина Струга состојбата на работничките права не е  на соодветното ниво. Тоа значи: загрижувачка бројка на работници без договор за вработување и осигурување, недостаток на сигурност при работа, работа на повеќе од 40 часа неделно без финансиска надокнада, мобинг, поврат на регрес (К15), недостаток на теренска проверка од страна на Инспекторат за труд, непостоење на синдикат и недоверба во правниот систем што резултира со неподнесување ниту една тужба за кршење на работничките права во периодот 2019-2020 година.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Подобрување на условите и правата на работниците во општина Струга.

Специфична цел/и:

  • Зајакнување и градење на капацитети на работниците и работодавачите во однос на правата и обврските коишто произлегуват од ЗРО како и негово промовирање;
  • Зајакнување на институционалната соработка меѓу приватниот сектор, испекторатот за труд, Општина Струга, Министерство за труд и социјална политика;
  • Креирање на капацитетите за вршење надзор врз институциите;
  • Подигнување на свеста на граѓаните за работните права.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Работниците се освестени и поттикнати да пријават злоупотреба на РП;
  2. Вооспоставен систем на редовни средби меѓу работниците, работодавачите и инспекторатот;
  3. Подобрени капацитетите за мониторинг со вршење притисок врз институциите за сите прекршувања на законите за работните права;
  4. Подигната свеста на граѓаните за работните права.

АКТИВНОСТИ

  1. Обука за работодавчите и за вработените;
  2. Тркалезна маса;
  3. Отворен ден со граѓаните;
  4. Креирање на комисија за мониторинг на институциите;
  5. Подготовка на анкета;
  6. Подготовка на видео.