|

Институт за економски истражувања и политики ФИНАНЦЕ ТХИНК Скопје

Вкупен буџет: 1.799.504 МКД

Времетраење: 01.06.20200 – 31.05.2022

КОНСТИТУЕНТИ

Носителите на економски и социјални политики, политичките партии, економски новинари на национално и локално ниво, како и граѓански организации кои се основани со мисија да дадат придонес кон решавање на некој економски проблем или кои во своето работење допираат до економски проблем.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Интерактивен и повеќесекторски механизам за следење на исполнувањето на политичките ветувања сврзани со економијата

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Секој изборен циклус во Северна Македонија е сврзан со политички ветувања од страна на политичките партии. Една политичка партија беше прва во периодот 2006-2007 година да промовира економска изборна програма која вклучуваше повеќе цели и посакувани резултати, како економски раст; инвестиции; невработеност; поголеми буџетски приходи при намалување на даноците; капитални трошења на државата; намалување на стапките на социјалните придонеси и слично. Оттогаш, политичките партии, особено поголемите, се трудат да ги квантифицираат своите економски ветувања. Но, општествената свест сврзана со предизборните ветувања не е на високо ниво. Од една страна, ветувањата се сфаќаат „здраво за готово“, без да се размислува за нивната изводливост и цена на чинење. Од друга страна, ветувањата, во голем дел брзо и се забораваат, затоа што не постои свест и/или механизам кој ќе ги држи политичарите кои ја освоиле власта одговорни за своите ветувања пред нивните гласачи.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел– Да ја подигне свеста кај сите засегнати страни за важноста од промовирање кредибилни, реални и изводливи ветувања од политичките партии и нивното последователно доследно спроведување.

Специфична цел– Да промовира мониторинг и мерење на економски цели и резултати од политичко-владини програми, преку користење докази, наоди и податоци и преку поттикнување повеќестран општествен ангажман.

Резултати

  • Поставена е рамка за мерење на економски цели и резултати, во контекст на политички и владини програми, преку користење докази, наоди и податоци;
  • Изградени се вештини кај засегнатите страни за критичка анализа на можните и вистинските резултати од политичките ветувања во делот на економијата;
  • Засегнатите страни го збогатуваат јавниот дискурс преку критичка, аргументирана и жива дебата за изводливоста, резултатите и трошокот на политичките ветувања во економијата.

АКТИВНОСТИ

  1. Поставување мерна рамка за следење на економските цели и резултати во форма на интерактивна веб платформа;
  2. Делфи прашалник за постигнување експертски консензус за економски цели и резултати кои не се квантифицирани;
  3. Средба со лица инволвирани во поставувањето на политичко-владината програма во делот на економија;
  4. Онлајн прирачник за користење на рамката за мерење на резултатите наспроти политичките ветувања;
  5. Мерење на ефектите и импликациите од имплементацијата/ најавата за воведување мерки ветени во програмите, преку МК-МОД;
  6. Работилници-обуки со засегнати страни;
  7. Подготовка на бриф за политиките;
  8. Панел дебата и тркалезна маса на клучното економско ветување, со вклученост на засегнатите страни;
  9. Ко-авторирање (и менторирање) економска емисија и економски текстови на тековна економска тема;
  10. Интерактивни алатки: графикони, инфографикони, ГИФ, Let’s chat.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор