Вкупен буџет: 1.748.480 МКД

Времетраење: 01.06.2019 – 30.11.2021

КОНСТИТУЕНТИ

Целните групи се социјално најзагрозените категории, бездомните лица, стари и изнемоштени лица.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Одржлива мрежа за спасување на храна

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Последиците од недостигот на храна и постоењето на недоволна исхранетост е застапено кај 21 % од популацијата во Северна Македонија, така што над 60,000 деца и млади не ги имаат сите оброци во текот на денот. Ова се смета како значајна препрека во нивниот развој, особено интеграцијата во образовниот процес, бидејќи недоволната исхранетост ги намалува капацитетите на децата и младите успешно да посетуваат настава, влијаејќи на нивната концентрација и мисловен процес.

Според податоците од Министерството за труд и социјална политика на територијата на нашата држава има 50 народни кујни во кои се опфатени околу 4.000 лица. За оваа цел, Министерството годишно алоцира околу 100 милиони денари средства од Буџетот на РМ, но заради ограничените ресурси, над 90% од лицата со потреба од поддршка дефинирани како ранливи категории во Законот за социјална заштита не се опфатени со оваа помош.

Постоењето на jавните кујни и реализацијата на други програми иако ја зголемуваат општествената благосостојба, сепак не ги користат ефикасно средствата на пошироката заедница. Покрај задоволувањето на оваа општествена потреба, тука е и справувањето со големиот отпад на совршено добра храна од прехранбените индустрии. Имено, најмалку 12,000 тони вишок храна се исфрла секоја година во Северна Македонија, а тоа се 30 милиони оброци што можеле да нахранат илјадници и илјадници гладни граѓани во државата.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел– Намалување на нивото на отпад од храна во Република Северна Македонија.

Специфична цел– Воспоставување на национална одржлива мрежа од граѓански организации, приватни бизниси и асоцијации за справување со отпад од вишок на храна.

Резултати

  • Воспоставени одржливи мрежи за донирање на вишок храна во Битола, Велес, Куманово;
  • Вкупна количина на спасена храна: 100.000 килограми или 350.000 порции храна;
  • Број на социјално загрозени граѓани кои ќе бидат опфатени: 1.000;
  • Вредност на спасената вишок храна: ЕУР 150.000.

АКТИВНОСТИ

  1. Идентификување на локалните потреби и капацитетите на локалните граѓански организации во Битола, Велес, Куманово за зголемување на донациите на вишок на храна и за спроведување на активности за донирање на вишоци на храна страна на граѓанските организации и приватни бизниси;
  2. Дневна дистрибуција на вишоци од храна во Скопје;
  3. Организирање на кампања за подигнување на свеста за важноста од редистрибуција на вишокот на храна во општините Битола, Велес, Куманово;
  4. Започнување на процесот на дистрибуција на вишок на храна до социјално загрозените граѓани во општините Битола, Велес, Куманово;
  5. Oрганизирање на настан ‘’Нахрани 10,000’’ во Скопскиот, Полошкиот и Североисточниот регион;
  6. Доделување на месечни пакети кон 80 социјално загрозени семејства;
  7. Создавање на препораки за одржливи локални системи за донирање на вишоците храна во Битола, Велес, Куманово;
  8. Завршна конференција за презентирање на резултатите од дистрибуцијата на вишок на храна на донаторите.

Веб страна