Фондација за медиуми и граѓанско општество МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУТ ЗА МЕДИУМИ Скопје
Објавено: 16/02/2021
Буџет обезбеден од Цивика мобилитас: 1.800.000 МКД
Времетраење: 14 месеци
КОНСТИТУЕНТИ
Конституенти на акцијата се: Новинари од различни медиуми од целата држава, претставници од граѓанските организации, членки на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ), но и други граѓански организации кои ги застапуваат правата на лицата со попреченост и претставници на релевантни државни институции кои креираат и спроведуваат политики за унапредување на правата на лицата со попреченост.
ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС
Партнерство, застапување и комуникација за ефикасна инклузија на лицата со попреченост
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
Акцијата се однесува на следните теми: застапување за правата на лицата со попреченост; подобрување на перцепцијата во јавноста за правата на лицата со попреченост и кревање на јавната свест; унапредување на знаењата и вештините на новинарите за практикување инклузивно новинарство базирано на човекови права; зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации што ги застапуваат правата на лицата со попреченост, новинарите и надлежните институции; ефикасно вмрежување и подобрена комуникација меѓу граѓанските организации; поттикнување граѓански ангажман и граѓанско учество во сферата на заштитата на правата на лицата со попреченост.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Ефикасно застапување на правата на лицата со попреченост во јавната сфера.
Специфична цел/и: Воспоставување суштинска соработка помеѓу ГО што ги застапуваат лицата со попреченост, новинарите и надлежните институции преку вмрежување, заедничка координација и практикување новинарство засновано на човековите права.
РЕЗУЛТАТИ
- Зголемена комуникација и соработка меѓу граѓанските организации кои ги застапуваат правата на лицата со попреченост, новинарите и надлежните институции;
- Зајакнати вештини на новинарите за практикување на инклузивно новинарство базирано на човековите права;
- Унапредена перцепција во јавноста за правата на лицата со попреченост целосно да учествуваат во социјалниот, културниот и политичко-економскиот живот на заедницата;
- Подобрени комуникациски вештини на граѓанските организации кои ги застапуваат правата на лицата со попреченост.
АКТИВНОСТИ
- Обука за зајакнување на механизмите за соработка помеѓу граѓанските организации што ги застапуваат правата на лицата со попреченост, новинарите и надлежните институции;
- Обука за инклузивно новинарство, за новинари и претставници на граѓанските организации кои ги застапуваат правата на лицата со попреченост;
- Продукција на видео-стории на теми поврзани со социјалната инклузија на лицата со попреченост;
- Продукција на видео-кампања за застапување на правата на лицата со попреченост;
- Подготовка на комуникациска стратегија и воспоставување ефикасни канали на дигитална комуникација за потребите на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ).