Вкупен буџет: 1.794.180 МКД

Времетраење: 01.06.2019 – 30.11.2020

Конституенти

Во проектот ќе учествуваат најмалку по четири претставници на пет политички партии парламентарни и вонпарламентарни, меѓу кои подмладоци и членки на женските организации од четири региони: Скопскиот, Полошкиот, Југоисточниот и Југозападниот. Ќе бидат вклучени членови на партиите чија видливост е значајна, кои не се функционери и можат слободно да дискутираат без страв за своите кариери, потоа младите кои се помалку оптоварени со предрасуди и членки на женските организации на партиите и останатите подгрупи од политичките партии за кои сметаме дека се поподготвени за играње на улогата на „градители на мостови“ на комуникација со спротивната страна.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

„Општествена нормализација: јакнење на политичкиот дијалог и деполаризација на јавниот дискурс“

За што е потребна акцијата

По завршувањето на политичката криза во периодот 2015-2017 државата се соочува со предизвикот да ги ослободи институциите од „заробената држава“ односно ослободување од авторитарното владеење на политичките партии кои ја сочинуваат извршната власт, која има надмоќ врз законодавната и судската власт. Дополнително, политичката криза предизвика силно поларизирање во општеството што создава дополнителна закана за воспоставување на реформскиот процес. Уште поважно, студиите во областа на комуникациите и дискурзивните анализи на политичкото и на стиловите на управување и градење политики, покажуваат дека поларизацијата е централната алатка на одржување популистички и „нелиберален“ (авторитарен) стил на владеење.

Затоа предлогот за деполаризација ќе се фокусира на подобрување на политичкиот дијалог помеѓу спротивставените политички партии и јакнење на натпартиските алијанси во креирањето политики. Дополнително, фокусот ќе се однесува на деполаризирање на дискурсите во граѓанското општество и медиумите како значаен претставник на јавноста и општествените процеси.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Придонес кон деполаризација на општеството преку промена на дискурзивните практики на политички антагонизам и дијалог меѓу клучните општествени актери.

Специфична цел: Градење на модел за деполаризација преку дијалог и поттикнување на натпартиски алијанси во креирање политики со вклучување на парламентарни и непарламентарни политички партии, граѓански организации, медиуми и други општествени актери.

Резултати

  • Подигање на јавната свест за неопходноста од деполаризација како услов за постигнување суштински реформи во согласност со „Блупринтот“, Итните реформски приоритети и препораките на експертската група предводена од Рајнхард Прибе;
  • Дијалог помеѓу релевантните општествени актери и промоција на модел за деполаризација;
  • Формирање неформална мрежа со неколку граѓански организации кои во дијалог со политичката јавност и локалните (но и национални) претставници на медиумите за поставување на приоритети и практични цели во застапување политики со натпартиски интерес и околу кои ќе се мобилизираат претставници на политички партии и доколку е можно, претставниците на власта и опозицијата во законодавниот дом.

Активности

  1. Анализа на поларизирачки дискурзивни практики;
  2. Работилници за деполаризирање на јавниот дискурс;
  3. Публикација за моделот на деполаризација;
  4. Серија јавни дискусии;
  5. Формирање натпартиска алијанса.

Веб страница