Вкупен буџет: 1.994.570 МКД

Времетраење: 01.05.2017 – 30.06.2018

Локомотива е мала организација, но активен учесник во градењето и развојот на демократскиот социо-културен простор во Македонија и регионот на поранешна Југославија. Преку нејзините активности, Локомотива има за цел да овозможи подобар пристап на граѓаните до уметничките и културни настани и проекти и да влијае на развојот и поддршката на современа уметност и култура, како поттик во развојот на демократското општество.

Визија: Локомотива е центар кој овозможува креативна реализација на идеи и критичко промислување, која дејствува како платформа за образование и поддршка на развојот на културата и уметноста заради остварување на прогресивни социо-културни промени во заедницата.

Мисија: Локомотива е граѓанска организација која создава нови можности за креирање, развој и делување на професионалците во полето на современата култура и уметност.Локомотива ова го остварува преку создавање на нови модели на соработка, истражување, застапување за креирање на развојни културни политики на локално, регионално и меѓународно ниво, како и градење на потребните капацитети во заедницата.

Конституенти: Професионални уметници, културни работници, неформални уметнички асоцијации, артивистички и активистички групи, маргинализирани и суб-културни групи кои го претставуваат независниот културен сектор; креатори на политики, носачи на одлуки на локaлно, национално и регионално ниво. Национални и локални јавни културни и образовни институции во земјата; граѓаните кои имаат желба активно да учествуваат во застапување и градење на заедницата.

Претходно искуство

  • Културата во улога на територијален развој и социјална кохезија како дел од програмата за Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија (Франција) и Р.Македонија
  • Life Long Burning
  • Локомоушн – интернационален фестивал за современ танц и перформанс

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

КУЛТУРНИ ПРОСТОРИ ЗА АКТИВНИ ГРАЃАНИ

За што е потребна акцијата

Оваа акција произлезе од  потребите и проблемите на конституентите, претставници на граѓанскиот сектор од културата и уметноста со кои се среќаваат подолго време. Многу граѓански организации кои делуваат во различни општествени сегменти се среќаваат со истите проблеми: видливост на програмите, услови за продукција како и презентација. Акцијата ќе понуди модели, методолошки пристапи во формирање на акции за застапување и раководење на простори каде ќе се активираат граѓанскиот сектор и локалната заедница.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел– Да се креираат нови модели на управување на културни простори за вклучување и интеграција на граѓанскиот сектор и жителите во локалните заедници.

Специфична цел– Да се подобрат условите за работа, соработка, (ко)управување и креирање содржини за и од граѓанскиот сектор преку културата и да се актуелизираат содржини и теми кои опфаќаат релевантни социо-политички прашања, меѓу кои и улогата и третманот на граѓанскиот сектор и потребата за вклученост во јавните политики.

Резултати

  • Креирани модели и/или препораки за управување со специфични социјални и културни простори (Кино Култура, Железничка Зграда и Културно-уметничкиот центар  „Текстил“).
  • Развиени социо-културни содржини и алатки за застапување за одредени општествени прашања комуницирани со јавноста.
  • Развиена мрежа на граѓански организации, взаемно информирани, солидарни кои се поддржуват во акциите.

Активности

  1. Меѓународна конференција – нови модели на институции во културата
  2. Публикација – презентација на моделот на Кино Култура
  3. Работилница за изработка на лична карта на Железничка зграда
  4. Изработка на план за употреба на просторот на Железничка зграда
  5. Работни средби за развој на модел/и или препораки за управување со КУЦ
  6. Кампања за зачувување на Офицерски дом во Битола
  7. Презентација со јавна дискусија на студија на добар случај – Мотел Трогир
  8. Уметничко дело посветено на содржината на Железничка зграда и изложба
  9. Работна група за изработка на протокол за соработка со граѓанскиот сектор на Кино Култура / Слободна Сцена
  10. Јавна презентација проследена со дискусија на резултатите од акцијата

Веб страница