МАКЕДОНСКО ПЕНОЛОШКО ДРУШТВО СКОПЈЕ
Објавено: 02/01/2018
Македонското пенолошко друштво се формираше во мај 2017 година, со единствена цел – промовирање, развивање и унапредување на пенолошката мисла; постапување со осудени лица и нивна ресоцијализација и реинтеграција во македонското општество.
Мисијата на Друштвото е да организира научни и стручни расправи, советувања, семинари и тркалезни маси, кои имаат за цел да придонесат кон развојот и унапредувањето на пенолошката научна мисла и да извршува проектни, координативни, административно-стручни, помошни и на нив слични работи од заеднички интерес за остварување на целите на Друштвото. Визијата пак е да стане една од водечките организации која спроведува сеопфатни истражувања чија цел е унапредување на теоријата и развој на стандардите на истражувачката пракса во пенологијата и другите општествени науки и развој на концептот на ресоцијализација на осудените лица, со цел да се изгради општество кое на сторителите на кривични дела и прекршоци им дава права и можности за реинтеграција во општеството.
Конституенти
Деца со воспитни проблеми, деца во ризик и деца во судир со законот.
Наслов
Анализа на состојбата со установите за сместување на деца во ризик и на деца во судир со законот во РМ
За што е потребна акцијата
Системот за правда за децата во Република Македонија е воспоставен со Законот за малолетничка правда и се соочува со постоење лоши материјални услови, недостаток на основно образование и систематска ресоцијализација на децата лишени од слобода, па упатува на постоење сериозна загриженост и потреба од напори за дополнително зајакнување на правата на детето.
Потребно е воспоставување на систем на правда на деца во Република Македонија во насока на остварување на нивна заштита, воспитување, превоспитување и правилен развој , но и подигнување на свеста и поширока примена на вонзатворски и алтернативни мерки и мерки со ресторативна природа.
Цели и резултати
Цел
Анализа на состојбата со условите за престој, социјализација и ресоцијализација на децата во воспитните установи и воспитно поправниот дом.
Резултати
- Подготвена анализа за состојбата во воспитните установи и воспитно поправниот дом;
- Предлози за измена и дополнување на прописите кои се однесуваат на анализираните установи;
- Иницијатива за измена и дополнување на Законот за извршување на санкциите.
Активности
- Анализа на Законите кои ја дефинираат областа за извршување на санкциите за деца/ Законот за судовите, Законот за социјална заштита и Законот за извршување на санкциите;
- Анализа на подзаконските акти кои се однесуваат на третманот на децата во установите;
- Посета на воспитно поправите институции;
- Интервју на стручниот персонал и децата во установите;
- Анализа на добиените резултати;
- Организирање на стручна расправа со Управата за извршување на санкциите.
Буџет: 399.788 МКД
Времетраење: 01.12.2017 – 31.05.2018