ИНСТИТУТ ЗА ЕВРОПСКА ПОЛИТИКА
Објавено: 16/10/2015
Вкупен буџет: 1.991.096
Времетраење: 01.7.2016 – 31.12.2017
Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје е основан на 24 февруари 2011 година, како здружение на граѓани согласно Законот за здруженија и фондации. Мисијата на ЕПИ е преку високо квалитетни истражувања и предлози за европски политики да обезбеди основа за дебата и решенија, насочена кон носителите на одлуки и пошироката јавност. Клучните областите во кои ЕПИ истражува се пристапување во ЕУ – следење и застапување, демократија и владеење на правото и аcquis на ЕУ и секторски политики.
Конституенти
Членови, граѓански организации, професионални здруженија, државни и јавни институции (особено Секретаријатот за европски прашања, министерствата за правда, надворешни работи, труд и социјална политика), Собрание, Комисија за европски прашања, Национален совет за европски интеграции, граѓански организации активни во областа на владеење на правото, правосудство и темелни права.
Претходно искуство
- Дијалози за визија
- Мрежа 23
- Примена на принципот на правична застапеност во државна администрација.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
Национална ЕУ дебата
За што е потребна акцијата
Општата јавност како целна група на предложената акција во однос на дебатата за ЕУ страда од проблем на исклученост и недостаток на објективни и лесно разбирливи податоци. ‘Европската агенда’ се третира исклучително на централно ниво со повремени средби со селектирани граѓански организации. Процесот е крајно ексклузивен, нетранспарентен и елитистички. Јавните дебати по ова прашање се водени од мал број на медиуми со уште помал број на говорници на темата. Јавната дебата, предложена како централен модел во оваа акција, има за цел да ја врати свежината на процесот преку директно вклучување на граѓаните на Република Македонија во анализата на придобивките и загубите од процесот на пристапување во ЕУ.
Цели и резултати
Општа цел – Придонес кон јакнење на културата на информирана јавна дебата во Република Македонија
Специфична цел – Зголемување на вклученоста на експертската и општата јавност преку репрезентативен примерок во иновативна јавна дебатна анкета за придобивките и загубите за Република Македонија од пристапувањето во ЕУ.
Резултати
- Добиени сознанија за ставовите на експертската и општата јавност и нивната промена преку дебатна анкета за придобивките и загубите од пристапувањето во ЕУ
- Зголемена вклученост на експертската и пошироката јавност во јавната дебата за ЕУ
- Зголемено познавање на јавноста за придобивките и загубите од пристапувањето во ЕУ за Република Македонија
Активности
- Прелиминарна анализа на истражувања во последните пет години поврзани со ЕУ
- Подготовка на документи за информирање за дебатна анкета
- Почетно истражување на репрезентативен примерок за придобивките и загубите од пристапувањето во ЕУ
- Завршно истражување на репрезентативен примерок за придобивките и загубите од пристапувањето во ЕУ
- Анализа за промените во ставовите за придобивките и загубите од пристапувањето во ЕУ пред и по дебатната анкета
- Развивање на концепт на национална дебатна анкета со поддршка од Центарот на Универзитетот Стенфорд
- Одржување ја дебатна анкета – deliberative poll
- Промовирање на резултатите