ФОНДАЦИЈА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА – ФОКУС
Објавено: 26/05/2016
Вкупен буџет: 3.929.040
Времетраење: 01.4.2016 – 31.3.2018
Фондацијата Фокус е настаната како резултата на трансформацијата на Центарот на НВО во Велес. Мотивацијата за понатамошното функционирање беше да се унапредат демократските процеси, локалниот развој и граѓанското општество, како и да се развијат принципите на добро управување и одговорно граѓанство. Една од основните цели на „Фокус“ е активно вклучување на граѓаните во процесите на одучување од една страна, како и зголемувањето на транспарентноста, отчетноста и одговорноста на локалните власти и институции од друга страна. Ова се уште е еден од основните двигатели на организацијата во заживувањето на локалниот развој и создавање на клима за активно партиципирање на граѓаните во донесување на одлуки пред се на локално ниво.
Визија: Фондацијата за локален и рурален развој „Фокус“ е невладина и непрофитна финансиска стабилна организација, вклучена во локалните, националните, регионалните и меѓународните мрежи на соработка, препознатлива во јавноста како субјект кој придонесува за вклученоста на граѓаните во процесите на одлучување и демократскиот развој.
Мисија: „Фокус“ ги унапредува демократијата, локалниот развој и граѓанското општество. Развива и поддржува иницијативи кои се темелат на принципите на добро управување и одговорно граѓанство.
Конституенти
Конституенти Основни конституенти на „Фокус“ се:
- Јавен сектор (општини и јавни претпријатија на локално ниво);
- Бизнис сектор (мали и микропретпријатија);
- Невработени жени како маргинализирана група;
- Млади.
Претходно искуство/проекти
Клучни достигнувања на „Фокус“ во изминатите години се:
- Неколку илјади граѓани во изминативе години поднеле предлози до локалните власти во Велес, Градско и Чашка за подобрување на животот во нивната локална заедница;
- Обучени 150 микропретпријатија од Вардарски и североисточен планински регион за нивен поефикасен настап во јавните набавки преку регионалниот центар за поддршка на микропретпријатија до јавни набавки;
- Иницирање на формирање на локален младински совет во Велес од дваесетина организации;
- Обучени 50 жени во Вардарски плански регион за креативни вештини за подобрување на нивниот животен стандард преку креативен центар;
- Клучен партнер во зелената коалиција преку која се запре директното децениско загадување од Топилница;
- Отворен прв рурален дневен центар за лица со посебни потреби во општина Чашка.