Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје
Објавено: 01/03/2016
Вкупен буџет: 6.000.000
Времетраење: 01.4.2015 – 31.3.2018
Центарот за граѓански комуникации е формиран во април 2005 година како невладино, неопфатно и непартиско здружение на граѓани.
Визија – Центарот за граѓански комуникации е докажан општествен чинител во демократизацијата на македонското општество, транспарентното и одговорно владеење и подоброто информирање на граѓаните.
Мисија – Центарот за граѓански комуникации ја развива и ја подобрува комуникацијата помеѓу сите општествени фактори во Македонија за процесите од пошироко значење. Ги мониторира, ги анализира и ги јакне општествените процеси во земјата и во регионот во делот на антикорупцијата и доброто владеење, медиумите и економскиот развој.
Во своето десетгодишно дејствување, ЦГК ја фокусира својата работа врз две групи од меѓусебно поврзани активности:
- Мониторинг на државните институции и врз основа на тоа препорачување на просторот за корупција и
- Унапредување на способноста на новинарите и на организациите во борбата против корупцијата и зголемување на транспарентноста, одговорноста на државните институции.
Конституенти
Државните антикорупциски органи и тела (ДКСК, ДЗР и цл.); регулаторни тела(Биро за јавни набавки, Државна комисија за жалби по јавни набавки, Совет за јавни набавки КОМЦПИ и др.); Собрание на РМ, Влада на РМ , министерства (за финансии, за правда и др.); единици на локална самоуправа и институции под нивни ингеренции(јавни претпријатија, училишта, градинка, музеи и сл.); други државни институции и агенции; бизнис-секторот, мали и микропретпријатија, здруженија; медиуми, новинари, НВОи, граѓани, односно пошироката јавност.
Претходно искуство/проекти
ЦГК досега има изработено и предложено неколку стоттини конкретни препораки за преземање мерки за унапредување на регулативата и практиката во насока на потранспраентно, поотчетно и поодговорно работење на централната и на локалните власти, има обучено повеке од 250 новинари од националните и од локалните медиуми за истражување и известување и прирачници. Претставници на ЦГК редовно учествуваат на работилници и во експертски групи за креирање стратегии и мерки за борба против корупцијата и за други прашања од областите на делување на ЦГК.
Активностите на ЦГК се, пред сè, насочени кон вработените во државните институции и органи на централно и на локално ниво, кон новинарите, бизнисмените и нивните здруженија, кон претставниците на невладините 5 организации, како и кон граѓаните на локално и на централно ниво, како крајни корисници на делувањето на организацијата.