Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Покана за консултации за Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025-2028

    Одделението за соработка со невладините организации на Генералниот секретаријат на Владата во партнерство со проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”, финансиран од Европската Унија, ги покануваат претставниците на граѓанските организации, релевантните државни органи, како и сите заинтересирани лица на онлајн консултации за новата Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акцискиот план 2025-2028. Консултативната средба ќе се одржи на 23ти мај 2025 година од 11:00 до 13:00 часот на платформата ЗООМ.

    На консултациите ќе биде презентирана и дискутирана петтата Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, подготвена врз основа на пристигнатите предлози од граѓански организации и работата на работната група формирана за таа намена. Граѓанските организации и другите учесници ќе имаат можност да дадат мислење, коментари и дополнувања на Предлог-Стратегијата и Акцискиот план.
    Предлог-Стратегијата предвидува низа активности и мерки за создавање на поволна средина за функционирање и развој на граѓанското општество како што се унапредување на системот на државно финансирање на граѓанските организации, подобрување на правната рамка за донации и спонзорства во јавните дејности за олеснување на донирањето кон граѓанските организации, создавање на поттикнувачко правно окружување за социјално претприемништво, унапредување на правната рамка за здруженија и фондации итн. Втората приоритетна областа на Предлог-Стратегијата се однесува на зајакнување на соработката и партнерството меѓу граѓанските организации и јавните институции преку спроведување на мерки како што се: унапредување на процесот на консултации и учество на граѓанските организации во креирање, спроведување, следење и оценување на јавните политики, зајакнување на партнерството во процесите поврзани со европската интеграција како и континуирано работење на независен, репрезентативен, оперативен и ефективен Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.
    Доколку сте заинтересирани да се вклучите во консултациите, ве молиме регистрирајте го вашето учество со пополнување на формата на овој линк.
    Линк за вклучување на онлајн консултациите ќе биде пратен до сите пријавени учесници на 22 мај 2025.
    Прилог:

    Следно >

    Поврзани:

  • Градинарење со срце: Еко-настан во Бостание во рамки на ГЕА проектот

    На 10 мај оваа година, имавме можност да го поминеме денот учејќи и дружeјќи се со вистински љубители на земјата, растенијата и заедничкото создавање. Настанот беше дел од едукативната серија во рамки на Еразмус+ проектот ГЕА, кој има за цел да ја подигне еколошката свест кај возрасните 🌍.Овојпат, ни се придружија Филип од Градината на Филип, Димитар, како и граѓаните-градинари од општествената градина Бостание 🌱. Со нив споделивме искуства, совети, насмевки – и научивме нешто многу вредно: дека секој може да почне со градинарење, без разлика дали има голем двор или само мал балкон.Совет за почетници? Почнете со ротквички!Тие растат брзо и ве наградуваат со првите резултати од вашиот труд уште на самиот почеток. Освен тоа, научивме да садиме според сезоната, да садиме со љубов и да се грижиме да има што повеќе зеленило и плодови – дури и во срцето на градот.🙏 Огромна благодарност до нашите инспиративни предавачи и до сите учесници кои дојдоа од различни делови на Скопје. Посебна благодарност до љубопитните и великодушни градинари од Бостание, кои несебично ги споделија своите приказни, совети и топлина со сите присутни .Овој настан беше дел од серијата активности кои Еко Логик ги реализира во рамки на ГЕА проектот во текот на април и мај. Се гледаме наскоро на следниот настан!

  • Еко-едукација за возрасни: Посета на Отворената Градска Лабораторија во рамки на ГЕА проектот

    На 7 мај имавме чест да одржиме уште еден од едукативните ГЕА еко-настани за возрасни, овој пат на едно навистина инспиративно место – Отворена Градска Лабораторија. Настанот беше дел од нашата посветеност за еколошка едукација и вклучување на возрасната популација во теми одржливи заедници и иновации.За време на посетата, учесниците имаа можност одблизу да се запознаат со просторот и активностите кои се реализираат во оваа уникатна лабораторија. Највпечатливо беше запознавањето со учениците кои редовно ја користат лабораторијата за учење, експериментирање и развивање на сопствени еколошки и технолошки решенија. Преку нивните приказни, видовме колку е важно младите да имаат пристап до вакви современи образовни алатки.Искрена благодарност до сите учесници за нивниот интерес и ангажман, и особено до тимот од првата биотехничка лабораторија кој несебично го сподели своето знаење и искуство.Овој настан беше организиран во рамки на Еразмус+ проектот ГЕА, кој има за цел да ја подигне еколошката свест кај возрасните преку низа активности и едукативни настани. Тој е дел од пролетната серија активности кои Еко Логик ги спроведува во април и мај.Продолжуваме со нови настани и еко-иницијативи – следете нè за повеќе информации и приклучете се во градење на поодржливо општество!

  • Петочко Хуманитарно Готвење: Заедно за Поддршка и Свесност

    Минатата недела ја завршивме со исклучително значаен и инспиративен настан – петочко хуманитарно готвење организирано во рамки на иницијативата „Ретвитни оброк – Retweet a meal“. На овој настан, група посветени и прекрасни луѓе се собраа со една заедничка цел: да помогнат на оние што имаат потреба од поддршка и да поттикнат поголема свест за хуманоста и активизмот.За време на настанот, споделивме не само топли оброци, туку и важни пораки за значењето на хуманоста кон луѓето и кон природата. Потсетиме колку е важно граѓанското учество во локалните акции и како секој од нас може да направи промена во својата заедница.Резултатот беше импресивен – безмалку 150 топли оброци беа зготвени и веднаш поделени. Повеќе од тоа, настанот создаде посвесни сограѓани кои сфатија дека помошта не е само индивидуална работа, туку колективна одговорност.Особена благодарност до неуморните пензионерки од Чаир кои својот труд и време го вложија во реализацијата на оваа хуманитарна акција, како и до сите други учесници кои ни се придружија и дадоа свој придонес.Овој настан беше организиран во рамки на Еразмус+ проектот ГЕА, кој има за цел да ја подигне еколошката свест кај возрасните. Настанот е дел од серија едукативни активности што Еко Логик ги спроведува во периодот април-мај, со цел да ја поттикне одговорноста кон животната средина и заедницата.Ваквите иницијативи се потсетник дека секој од нас може да биде дел од промена – со мал гест, со отворено срце и со посветеност кон другите. Само така, заедно, можеме да создадеме поздраво и повнимателно општество.

  • Работилници на тема: „Можности за учество на жените во креирање и спроведување на локалните политики и буџетот на општината“

    Минатата недела во рамките на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“, во организација на партнерските организации, се одржаа работилници на тема: „Можности за учество на жените во креирање и спроведување на локалните политики и буџетот на општината“.

    Со овие работилници опфативме над 50 жени од различни профили, мажи и носители на одлуки во Општините Штип, Делчево и Виница.

    Заедно дискутиравме за:

    ​ Улогата на жените во граѓанскиот активизам;

    ​ Формалните и неформални начини на учество во креирање локални политики;

    ​ Вклученоста во процесите на одлучување и буџетирање;

    ​ Карактеристиките на локалната заедница и проценка на локалните потреби и приоритети на жените;

    ​ Планирање и следни чекори за унапредување на женското учество.

    Проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“ е финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите што резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво. Мислењата кои се изразени овде не ги одразуваат нужно ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведаат.

    www.glasentekstilec.mk | www.eho-org.mk | www.ini.org.mk

  • Успешно одржан онлајн настан на македонската мрежа на Ана Линд Фондација

    На 14 мај 2025 година, преку платформата ZOOM, беше одржан онлајн настан во организација на координаторот на македонската мрежа на Фондацијата Ана Линд кој опфати две сесии насочени кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации. Настанот започна со информативна сесија со Мохамед Хафез од секретаријатот на Фондацијата Ана Линд, кој…

  • ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА МЕДИA ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДИГИТАЛНА КАМПАЊА

    Постапувајќи согласно одредбите во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ кој се спроведува од Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ), во партнерство со Еко Логик и ЦЕД Флорозон-Скопје, со поддршка од Владата на Швајцарија  преку програмата Цивика мобилитас се објавува:

    ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА МЕДИA ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДИГИТАЛНА КАМПАЊА

    Предмет на договорот за услуги

    Предмет на договорот е избор на физичко или право лице за подготовка на медиа план, визуелен идентитет за дигитална едукативно-информативна кампања за придобивките и начините за искористување на органскиот отпад.Дигиталните активности треба да таргетираат повисок опфат  реализирани со промотивна кампања за подигнување на јавна свест за штетните влијанија од неконтролираното постапување со органската компонента на отпадот од домаќинства и придобивките од искористувањето на био-отпадот, со примена на дигитални алатки, социјални мрежи и други е-канали.
    Дигиталната кампања ќе содржи промоција на едукативно-информативни содржини во форма на: прирачници, инфо-графици, адаптирани достапни видео записи, кратки видео промотивни и дигитални прилози, статии или интервјуа на социјалните и дигиталните медиуми.

    Опсег на услугата

    Разработка на медиа план за дигитална медиумска кампања;
    Развој на креативен концепт и визуелен идентитет за кампањата.
    Презентација на драфт медиумски план пред нарачателот и нејзина ревизија според добиени насоки.
    Одржување консултативни состаноци со назначено лице од проектниот тим..
    Подготовка на краток завршен наративен извештај.

    Индикативна временска рамка на спроведување на дигиталната кампања: јули 2025 – август 2026

    Содржина на понудите и квалификации за учество:

    Понудите, целата кореспонденција и документите поврзани со постапката кои ги разменуваат понудувачот и Нарачателот се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилично писмо.

    Елементи на понудата кои треба да бидат доставени се:

    Кратка предложена методологија и пристап за извршување на активноста;
    Финансиска понуда во вкупен износ без ДДВ за правни лица/ за физички лица вкупен бруто износ со вклучен персонален данок;
    Портфолио за правни лица/ Кратка биографија за физичко лице;
    Тековна состојба или ДРД образец со која се докажува својата професонална дејност во побараните услуги;
    Изјава за за непостоење на услови за исклучување на добавувач за извршување на услуги за проектот (за правни лица).

    Потребни квалификации:

    Да е физичко лице (експерт по комуникации и ПР активности) или правно лице регистрирано  за вршење на бараната дејност;
    Најмалку 5 години искуство во креирање и спроведување на медиумски кампањи;

    Секое физичко или правно лице може да учествува само со една понуда.

    4.Начин на поднесување на понуди
    Понудите мораат да се поднесат најдоцна до 26.05.2025 година до 16 часот на следниве електронски адреси: project@florozon.org.mk и andrijana.ecologic@gmail.com со назнака: „Понуда за подготовка на медиa план“.

    Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да се разгледува.

    Право на учество

    Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко и домашно правно лице- понудувач.

    Цена на понудата

    Цената на понудата се пишува со бројки и букви.

    Валута на понудите

    Цената на понудата се изразува во денари без вклучен данок на додадена вредност за правни лица. Проектот е ослободен од данок на додадена вредност.
    За физички лица понудената цена на понудата треба да биде изразена во бруто износ.

    Критериуми за доделување на договор

    8.1 Критериуми за доделување на договорот за услуги за промотивна кампања на социјалните медиуми се:

    Искуство и портфолио: 40 бодови
    Организација и краток пристап (Квалитет и иновативност на стратегијата): 40 бодови
    Финансиска понуда: цена 20 бодови

    Вкупна оценка: 100 бодови

    Нарачателите  го задржуваат правото да ја прифатат или одбијат било која понуда.

    Потпишување на договорот

    По завршување на изборот за најповолен понудувач, сите понудувачи во постапката ќе бидат известени за одлуката за прифаќање/одбивање на доставената понуда во рок од 7 работни дена. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Апликантите имаат право на приговор во рок од 5 дена.
    Нарачателот го задржува правото да побара дополнителни документи од понудувачот. Најуспешниот понудувач ќе биде поканет да склучи договор за извршување на бараните услуги.

  • Новите прирачници за искуствено учење во областа на животната средина и климатските промени се достапни на веб-страницата на БРО

    Два нови прирачници изработени од Еко Логик во соработка (ко-креација) со Бирото за развој на образованието (БРО), чии автори се Кирил Арсовски – Пржо, Никола Нешкоски, Славица Несторовска, Билјана Арсовска и м-р Иванка Мијиќ, од минатата недела се официјално објавени на веб-страницата на БРО.Сите основни училишта во Македонија добија задолжение да спроведат дел од активностите содржани во прирачниците заедно со своите ученици, со цел унапредување на свеста за одржлив развој и подготвеност за климатските предизвици преку искуствено учење.Во прилог ги споделуваме и самите прирачници, објавени и на веб-страницата на Еко Логик: Прирачник за наставници – Интегрирање на искуствено учење за животна средина и климатски промени во наставата по природни науки од прво до петто одделение во основното образованиеДостапен на македонски и англиски јазик Прирачник за воспитувачи – Интегрирање на искуственото учење за животната средина и климатските промени во реализацијата на програмата за рано учење и развојДостапен на македонски и англиски јазикОвие прирачници се дел од програмата „Охрабрување на децата и младите во Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“, реализирана во партнерство со УНИЦЕФ и БРО, со финансиска поддршка од Владата на Шведска.За повеќе информации и преземање на прирачниците, посетете ја: bro.gov.mk

  • Дали знаете што значи циркуларна економија?

    Продолжуваме со едукација на тема биоотпад и реупотреба на биоотпад. Дискутиравме со учениците дали знааат како може да се намали отпадот што завршува на ЈП “Дрисла”.
    Дали знаете што значи циркуларна економија? – Ги прашавме учениците од ООУ “Лазо Трповски” од Општина Карпош. Ајде да видиме како може да го намалиме биоотпадот – продолживме со експериментите за пренамена на биоотпад во Биoтехнолошката лабораторија.
    На 14 маj 2025 год. се одржа работилница со основното училиште ООУ “Лазо Трповски” од Општина Карпош. Учениците и Експетрите заедно правеа биодизел и пектин.
    Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон Центар за еколошка демократија започнавме со одржување на едноденвните Работилници на тема „Техники за трансформација на биоотпадот” со основните училишта од Скопје.

    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

  • Тркалезна маса: Пробациска служба – алатка за унапредување на пенитенцијарниот систем

    На тркалезната маса на тема: Пробациска служба – алатка за унапредување на пенитенцијарниот систем, организирана од Хелсиншкиот комитет за човекови права во партнерство со Македонско здружение на млади правници, Македонско пенолошко друштво и Здружението ИЗБОР, на 29 април, беше презентиран документот „Мониторинг на спроведување на стратегијата за развој на пробациска служба во Република Северна Македонија (2021-2025)“ за период на следење 2024 година. Документот го изработи Хелсиншкиот комитет за човекови права.
    Целта на анализата беше да се процени дали, во колкава мера и на кој начин се одвива имплементацијата на предвидените активности, каков е нивниот квалитет и динамиката на меѓуинституционалната соработка во полето на пробацијата.
    На тркалезната маса свое излагање имаа директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и раководителката на Одделението за надзор над извршување на пробациски работи, Дијана Ѓеровска, кои ја презентираа состојбата во казнено – поправните установи, како и активностите и плановите за натамошниот развој на пробациската служба.
    Иако има значаен напредок во развојот на пробациската служба, останува потребата за нејзин непречен континуиран развој, бидејќи таа претставува алатка на современата кривична правда и е иднината на затворскиот систем. Со развојот на пробациската служба, во голема мера ќе се придонесе кон намалувањето на пренатрупаноста во затворите.
    Тркалезната маса се одржа во рамки на проектот „Воспоставување услуги во заедницата за поддршка преку ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осудени лица“, финансиран од Европската унија.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор