Ng

За новогодишно украсување општините потрошиле 785 илјади евра, 78 % од вредноста е концентрирана кај една фирма

Денес, 14 јануари 2026 година, Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за трошоците на единиците на локална самоуправа за новогодишно украсување. Истражувањето покажува дека:

  • Тендери за новогодишно украсување имале 36 општини;
  • Најмногу пари потрошила Општина Штип, 81 илјада евра;
  • Градот Скопје и пет други скопски општини заедно потрошиле 285 илјади евра – сите со една иста фирма;
  • Штип потрошил за украсување 111 денари по жител, а Скопје 8 денари;
  • На 81 % од тендерите за украсување немало конкуренција, односно учествувала само по една фирма;
  • Една иста фирма, Линк Медиа Плус, добила 78 % од вредноста на сите тендери за украсување во земјава;
  • 94 % од договорите за јавна набавка за украсување се склучени во декември, на нецели две недели од новата година.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за граѓански комуникации ЦГК

Продолжи со читање

  • Реакција: Македонија е опасно место за живеење за жените: Новиот фемицид во Битола е уште еден аларм за институциите

    Ние, граѓанските организации, најостро го осудуваме новиот фемицид што утринава се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот сопруг со нож. Според информациите на МВР, сторителот ја нападнал жената со која не живееле заедно, а таа починала на лице место од здобиените повреди. Ова не е изолиран случај. Ова е уште еден […]
    Read More… from Реакција: Македонија е опасно место за живеење за жените: Новиот фемицид во Битола е уште еден аларм за институциите
    The post Реакција: Македонија е опасно место за живеење за жените: Новиот фемицид во Битола е уште еден аларм за институциите appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Реакција на МОФ во однос на одлуката на Министерот за социјална политика, демографија и млади

    Младински образовен форум изразува сериозна загриженост и разочараност од одлуката на Министерството за социјална политика, демографија и млади да ја прекине и повтори постапката за избор на младински претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). Ова не е изолиран административен пропуст, туку повторување на веќе видена институционална пракса, со која се […]
    The post Реакција на МОФ во однос на одлуката на Министерот за социјална политика, демографија и млади appeared first on МОФ.

  • Одржана јавна дебата „Женско лидерство како огледало на заедницата“: Жените од руралните средини бараат поголемо учество во локалното одлучување

    Куманово, 12 мај 2026 – Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово ја одржа јавната дебата „Женско лидерство како огледало на заедницата“, во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“. На настанот учествуваа претставнички од осум рурални и приградски заедници во општина Куманово, претставници на локалната самоуправа, советници, граѓански организации, образовни институции, медиуми и граѓани, […]

  • Учество во проектот Боренка во Василево

    На 11.05.2026 год. (понеделник) членовите на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, Иван Гушев и Владимир Ивановски – Вуцо заедно со членови од канцеларијата на Сојуз на извидници на Македонија организираа работилница за проектот за пошумување на опожарени подрачја – Боренка. Оваа работилница се организираше и истата се одржа во…

  • Од порака до влијание: приказната како алатка за застапување

    Дваесет и еден млад учесник учеше како личната и заедничката приказна може да стане моќна алатка за застапување, влијание и поттикнување промени во заедницата. Наместо приказната да се третира како креативно пишување, фокусот беше ставен на нејзината практична примена – поврзување, убедување и поттикнување на акција.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор