Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан

    На 30-ти мај во просториите на Општина Новаци се одржа првата тематска работилница од проектот „Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци“. Примарната цел на настанот беше да се иницијализира поширокото вмрежување на засегнатите страни предвидени во активностите на проектот, со особено внимание посветено на граѓаните од оваа општина кои се занимаваат со земјоделие, односно обработуваат површини и управуваат со нив. Истите тие, се централната група на граѓани кои се најзасегнати при евентуалното настанување на пожари на земјоделско земјиште. Било тоа од аспект на нивно предизвикување, спречување или пак справување со последиците од истите. На работилницата која беше од отворен карактер, учествуваа 34 засегнати и заинтересирани граѓани.
    Работилницата ја отвори градоначалникот на Општина Новаци, г-дин Стевче Стевановски, кој им посака успешна работа на присутните и добивање на позитивни резултати. Градоначалникот уште еднаш ја искажа личната и институционалната подршка за овој проект и притоа изрази оптимизам за придобивките од проектот за луѓето – граѓани на Општина Новаци. Раководителот на проектот, г-ѓа Мина Дамјановиќ Алтанџиева, на присутните им ги претстави целите, активностите и придобивките од проектот, но и од самата програма на која тој припаѓа. Со ова, информациите од програмата „Управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан“ успешно се дисеминираа низ локалните земјоделци.
    На 30-ти мај во просториите на Општина Новаци се одржа првата тематска работилница од проектот „Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци“. Примарната цел на настанот беше да се иницијализира поширокото вмрежување на засегнатите страни предвидени во активностите на проектот, со особено внимание посветено на граѓаните од оваа општина кои се занимаваат со земјоделие, односно обработуваат површини и управуваат со нив. Истите тие, се централната група на граѓани кои се најзасегнати при евентуалното настанување на пожари на земјоделско земјиште. Било тоа од аспект на нивно предизвикување, спречување или пак справување со последиците од истите. На работилницата која беше од отворен карактер, учествуваа 34 засегнати и заинтересирани граѓани.
    Работилницата ја отвори градоначалникот на Општина Новаци, г-дин Стевче Стевановски, кој им посака успешна работа на присутните и добивање на позитивни резултати. Градоначалникот уште еднаш ја искажа личната и институционалната подршка за овој проект и притоа изрази оптимизам за придобивките од проектот за луѓето – граѓани на Општина Новаци. Раководителот на проектот, г-ѓа Мина Дамјановиќ Алтанџиева, на присутните им ги претстави целите, активностите и придобивките од проектот, но и од самата програма на која тој припаѓа. Со ова, информациите од програмата „Управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан“ успешно се дисеминираа низ локалните земјоделци.

  • ЈАВЕН ПОВИК за избор на младински претставник во Управен одбор на Регионална канцеларија за младинска соработка (РИКО)

    МОФ е младинска организација која создава простор за дебата, слободно изразување и младинско организирање, поттикнување активизам, заштита и унапредување на младинските права и политики.

  • Студија за продуктивноста на настан од Организацијата на работодавачи

    Денес на настанот организиран од @Организација на работодавачи на Македонија – ОРМ ја претставивме студијата  „Подобрување на бизнис продуктивноста: Сеопфатна анализа на продуктивноста и нејзините двигатели во фирмите во Северна Македонија“ Студијата нуди длабински увид во состојбата со продуктивноста на фирмите, преку анализа на вкупната факторска продуктивност.  Идентификувани се клучните…

  • Активни локални совети за превенција – отпорни заедници

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и организацијата Плиадес, заедно со Општина Чаир, на 26 мај 2025 година ја организираа работилницата „Активни локални совети за превенција – отпорни заедници“.

    Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, во своето обраќање ја нагласи суштинската улога на ЛСП како механизам за рана интервенција и градење на безбедна заедница. Тој подвлече дека е потребна координација помеѓу сите нивоа на власт, како и систем за размена на информации помеѓу државните и локалните институции. Ганиу истакна и дека најавените измени во Законот за локална самоуправа, кои предвидуваат воспоставување на локална полиција, може отворат нови можности за поефикасна локална превенција.

    За Калтрина Зеколи Шаќири, членка на ЛСП во Општина Чаир и актуелен заменик-министерка за транспорт, ЛСП се столб на локалната координација и превентивно дејствување. Според неа, потребно е тие да добијат појасен институционален статус, со законска поддршка и јасни механизми за соработка со сите надлежни институции на локално и национално ниво. Зеколи Шаќири особен акцент стави на младите како клучна и чувствителна група, кај која превентивниот пристап мора да биде интегриран и континуиран. Таа нагласи дека ангажманот не смее да се сведува само на формалното образование, туку треба да вклучува и спортски, културни и воспитни активности, преку кои младите би ја зајакнале својата отпорност кон ризици и негативни влијанија.

    На настанот учествуваа претставници од општинската администрација, образованието, верските заедници, како и дел од членовите на ЛСП. Тие разговараа за потребата од посистематско функционирање на Локалниот совет за превенција, неопходноста од меѓуопштинска соработка, размената на информации, потреба од поголема видливост и вклучување на повеќе чинители – како граѓански организации, училишта и верски институции – во процесите на локална превенција.

    На работилницата беа мапирани неколку групи проблеми како и ризиците кои ги предизвикуваат. Учесниците зборуваа за безбедноста во училиштата, булингот, сајбер булингот, за дискриминацијата, семејното насилство, мобилизацијата на квалитетни човечки ресурси, инфраструктурата, сообраќајот, ангажманот на граѓаните, особено на младите итн.  Следниот чекор од оваа работилница е преточување на дел од дискусиите во план за работа и конкретни активности за Локалниот совет за превенција.
    Работилницата е еден сегмент од пошироките заложби за унапредување на локалните механизми за справување со општествени и безбедносни предизвици во заедниците и е организирана како дел од програмата „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ кој го поддржува ГЦЕРФ, а го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Нексус – граѓански концепт и Здружението за активен и здрав развој на жените и децата „Плиадес“.

    Следно >

    Поврзани:

  • Граѓанските активисти од Крушево имаат потреба од средби за информирање за актуелните случувања во граѓанското општество

    На 21.05.2025 година во просториите на ОУ Никола Карев во Крушево тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – втора фаза” реализираше отворен ден  со граѓанските организации и граѓаните, како дел од Мобилниот ресурсен центар во општина Крушево.

    Целта на средбата беше локалните организации да се информираат за актуелните случувања за развој на граѓанското општество на национално ниво, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги нуди Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) и други теми и прашања кои се од интерес за функционирањето на организациите на локално ниво. Покрај граѓанските организации на настанот беа присутни и претставници на општинската администрација, млади активисти и волонтери и претставници на бизнис заедницата што соработуваат со граѓанските организации.
     Лефкија Гажоска, претседателка на Социо-економскиот центар за туристички услуги-Феел Крушево (Feel Krushevo), здружение кое претставува локална платформа за развој на туризам, истакна дека нивниот фокус е промоција на производство на локални еко-производи, но исто така и дека е запознаена и го следи ГРЦ со што нивниот пристап до информации е многу олеснет.

    На средбата беа присутни и неколку претставници на организации на кои главен фокус им се младите, дел формирани неодамна, но и организации кои постојат повеќе од 25 години. Андигона Антеска, преставничка на ГО Центар за хумани односи, Крушево која е една од овие организации, истакна дека истите добиваат поддршка од општината со простор и опрема, како и финансиска поддршка и ја поздрави посетата на ГРЦ во Крушево бидејќи, како рече, како мала општина, граѓанските организации имаат потреба од повеќе вакви средби каде ќе имаат можност да се информираат за актуелните случувања поврзани со развојот на граѓанското општество. Драган Јанкоски, претставник на Здружението за локален развој Академик од Крушево сподели дека имаат имаат искуство во меѓународни проекти, како и соработка со општината во многу проекти, а токму со еден таков проект изграден е детски забавен парк до спомен-куќата на Тоше Проески. Граѓанските организации од Крушево се вмрежуваат и соработуваат регионално, добиваат помош од општината и Домот на Културата со простор и поддршка при организација на настани, но изјавија дека за жал недостига интерес и поддршка од граѓаните.

    Посетата на Крушево ја завршивме со краток состанок со градоначалникот Томе Христоски, кој ја потврди поддршката и соработката со граѓанските организации кои се отчетни и транспарентни во својата работа. За остварување на соработката на граѓанските, меѓународните, хуманитарните и други организации со општинската администрација е одговорно Одделението за Локален економски развој и прекугранична соработка. Општината нема посебна Стратегија за соработка со граѓанските организации, туку тоа е дел од Стратегијата за локален економски развој на општина Крушево 2023-2027, но во општинскиот буџет има алоцирано средства за финансирање на активности на локалните организации, кои се доделуваат на  отворен повик за финансирање на активности на здруженија на граѓани.
    Исто така, општината има Комисија за еднакви можности помеѓу мажите и жените, како и Службеник за млади.
    Посетата на Мобилниот ресурсен центар беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

    < Пред   Следно >

    Поврзани:

  • Со спортска страст и визија за иднината: Успешно ја затворивме завршната конференција на проектот “Good Governance and Sustainability in Sport Practice”

    Со огромна чест и инспирација ја затворивме интернационалната завршна конференција на проектот Good Governance and Sustainability in Sport Practice, организирана од Еко-Логик во соработка со партнери од Италија, Шпанија, Србија, Унгарија и Германија .Оваа конференција обедини повеќе од 70 учесници – спортисти, спортски менаџери, тренери, волонтери, претставници на клубови, локални спортски здруженија, федерации, како и претставници од Македонскиот олимписки комитет. Заедно, ја споделивме нашата заедничка посветеност кон одржлив развој во спортот и унапредување на доброто управување.Темите што ги дискутиравме беа клучни и актуелни – транспарентност, инклузивност, и долгорочна одржливост во спортските практики. Преку инспиративни презентации од партнерите на проектот, динамични дискусии со говорници од различни спортски профили и интерактивни работилници, се развија идеи за нови иницијативи и проекти кои ќе продолжат да го градат патот кон еден поодржлив спортски систем.Голема благодарност до сите учесници, говорници и соработници кои дадоа свој придонес во оваа успешна приказна. Вашата енергија, знаење и ентузијазам се основата врз која ќе продолжиме да градиме одржливи спортски заедници.Особена благодарност упатуваме до Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ, кој беше домаќин на конференцијата. Со голема почит му се заблагодаруваме на проф. д-р Влатко Неделковски, декан на факултетот, за неговата отвореност, поддршка и топло гостопримство.Овој настан уште еднаш покажа дека академската заедница има важна улога во унапредување на принципите на добро управување и одржливост во спортот. Заедно, преку меѓусекторска и меѓународна соработка, можеме да создадеме подобра иднина за спортот – иднина каде што вредностите, одговорноста и одржливоста се во срцето на секое спортско делување.

  • Извидниците од Велес ја прославиja одредската слава Св. “Кирил и Методиј“

    Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, почитувајки ги основните принципи на извидничкото движење и оваа годината на 23 мај 2025 год. (петок) во извидничкиот центар “Голозинци“ ја прослави одредската слава Св. “Кирил и Методиј“ – македонски и сесловенски просветители, со што ја дополнуваме и нашата воспитно-образовна дејност како младинска организација….

  • ЕДУКАЦИЈА НА ТЕМА БИООТПАД И РЕУПОТРЕБА НА БИООТПАД

    Продолжуваме со едукација на тема биоотпад и реупотреба на биоотпад. На 23 маj 2025 год. се одржа работилница со основното училиште ООУ “Петар Поп Арсов” од Општина Карпош.
    Дали отпадот може да се реупотреби и рециклира? Ги прашавме учениците од ООУ “Петар Поп Арсов” од Општина Карпош. Ајде да видиме како може да го намалиме био отпадот. Така нашите мали истажувачи започнаа да експериментираат за да дојдат до одговорот како може да го трансформираме отпадот во нешто корисно.
    Дискутиравме со учениците дали знааат што е тоа био отпад и био дизел.
    Ги испративме насмеаните ученици дома со порака дека следно ќе дојдеме во нивното училиште на уште една работилница.

    Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EEco – Logicи CCenter for Environmental Democracy – Florozon  Центар за еколошка демократија, успешно завршивме со одржување на едноденвните Работилници на тема „Техники за трансформација на биоотпадот ” со 20 основни училишта од Скопје на кои учениците учеа како да работат во лабораторија, како да реупотребуваат отпад и да се грижат за животнта средина. Овие активности ги учат младите да ја развијат својата еколошка свест и да рамислуваат како да ја заштитиме планетата Земја. Научија и за важноста на циркулрната економија за преработка на отпад.

    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

  • Справување со предизвиците: Обука за работа со зависници и сторители на родово базирано насилство

    На 21 и 22 мај, во Струмица се одржа дводневна обука посветена на стручно усовршување на професионалците кои работат со лица со зависности и сторители на родово базирано насилство. Настанот се одржа во рамките на проектот ,,Градење на услуги засновани на заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешно осудени лица” во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права со партнерските организации Македонското здружение на млади правници, Македонското пенолошко друштво и организацијата Избор, а со поддршка на Европската Унија.
    Обуката ја спроведоа проф. др. Лилјана Игњатова и Ивана Костовска, а ја следеа претставниците на Секторот за пробација при Управата за извршување за санкции и на Секторите за ресоцијализација при Казнено-поправните установи. На обуката учесниците имаа можност да се запознаат со научно базираните пристапи за објаснување на природата на болестите предизвикани од употребата на дрога, како и со основните вештини за советување на лица со зависности.
    Учесниците имаа интерактивна сесија за препознавање на митови и факти поврзани со родово базираното насилство, како и за психосоцијалниот третман на сторителите на семејно насилство.
    Вториот ден започна со интерактивна работилница за мотивирање на клиенти за лекување и совладување на отпорот. Истовремено учесниците имаа можност и да ја посетат терапевтската заедница „Покров“ и да се запознаат со нејзината работа која е единствена од таков вид во државата.
    Обуката беше одлична можност за продлабочување на знаењата, размена на искуства и развој на нови професионални вештини за обезбедување на квалитетни услуги и поддршка за лицата со зависности како и за работа со сторители на насилство.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор