Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Зајакнување на младинските организации: Активно учество во локалните младински совети

    Слабиот интерес на младинските организации за вклучување во локалните младински собранија и локалните младински совети негативно влијае врз капацитетот и ефикасноста на овие тела, кои се клучни за обезбедување на институционалното младинско учество.

    За да го надминеме овој предизвик во склоп на проектот поддржан од Граѓанскиот ресурсен центар – ГРЦ , спроведовме работилници на кои што учествуваа членови на младински организации од нашиот град.
    Цел на работилниците:

     Да ја подигнеме свеста за Законот за младинско учество и младински политики (ЗМУМП) со посебен фокус на локалните младински совети (ЛМС)
     Да ги зајакнеме младинските организации со знаење и алатки за поголемо учество во локалните младински собранија и локалниот младински совети
     Да ги охрабриме младите да станат активни чинители во процесите што ги засегаат

    Со заеднички сили создаваме поактивни, пофункционални и поодговорни младински тела!
    Следете нè за повеќе информации и можности за ваше вклучување во проектот!
    Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ Крушево го спроведува проектот „Младите се гласот на промените во општините“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Содржината на веста не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.
    #ЈасГраѓанинот

  • Пријава за учество на обука за „Лобирање, Застапување и Антикорупциски практики“

    Во рамки на проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија“, организираме обука за „Лобирање, Застапување и Антикорупциски практики“ со цел учесниците да стекнат вештини за следење на политиките, стратешка комуникација и креирање локални акциони планови за застапување кои ќе можат да ги имплементираат во нивните заедници.

    За време на обуката учесниците ќе изготват акциони планови за застапување кои ќе промовираат транспарентност и одговорност во нивните заедници. Најдобрите 5 планови ќе бидат поддржани со финансиски средства на проектот за да се осигура нивно спроведување.
    Ако сакаш да го продлабочиш своето знаење и си подготвен да се приклучиш на оваа обука, ова е твојата шанса!
    Не ја пропуштај оваа можност – пополни ја формата и приклучи се! 
    Оваа активност е поддржана од проектот Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија финансиран од Европската Унија и СЕЛДИ нет. Искажаните содржини се единствена одговорност на Младински Совет Прилеп и не нужно ги одразуваат гледиштата на Европската Унија и СЕЛДИ нет.

  • Посета на заменик министер на МСПДМ

    На ден 04.03.2025 година во општина Градско во посета на малите групни домови, кои се дел од социјалната услуга “Живеење со поддршка”, беше заменик Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски. При посетата заменик министерот се сретна со вработените на Здружение на лица со церебрална парализа и други…

  • Финансиската писменост кај младите во Југоисточен регион

    Во текот на  месеците ноември и декември 2024 година беше спроведено истражување за финансиските знаења и вештини на младите лица на возраст од 18 до 29 години во Југоисточен регион. Истражувањето имаше за цел да го процени и утврди нивото на финансиско знаење кај младите.
    Според добиените резултати, младите во регионот го самооценуваат своето финансиско знаење со просечна оценка од 3,4 на скала од 1 до 5. Дополнително, истражувањето покажа дека речиси 30% од младите не ги евидентираат и не ги следат своите трошоци на месечно ниво.
    Од аспект на управувањето на јавните и локалните финансии, младите генерално имаат познавање за улогата на клучните институции, но постои простор за подобрување особено во делот на улогата на Народна Банка и на Собранието.
    Врз основа на резултатите од истражувањето, ќе бидат изготвени тренинг модули кои ќе им овозможат на младите да ги подобрат своите финансиски знаења, особено во областите на личните финансии, јавните финансии и улогата на институциите во нивното управување.
    Истражувањето беше спроведено како дел од проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“, кој е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас. Проектот го спроведуваат здруженијата Промо Идеа и Новус од Струмица, како и Здружение Круна Плус од Радовиш.

  • Работилница – Од статистички податоци до ефективни политики

    Од статистички податоци до ефективни политики! Денес ја одржавме работилницата „Од статистички податоци кон креирање ефективни економски и развојни политики“, со фокус на родови статистики, во соработка со Државниот завод за статистика МакСтат / MakStat. Заедно со претставници од сите релевантни институции ги вкрстивме: Расположливите податоци од ДЗС Нивната искористеност…

  • Зелениот ресурсен хаб на терен во с. Ропотово: Заедно за поодржливи и поекономични домови

    Од февруари 2025 година, нашиот тим активно работи со жителите на село Ропотово, во рамки на иницијативата за подобрување на енергетската ефикасност и одржливо живеење. Освен советодавните сесии во просториите на Општина Долнени, заедно со локалното население спроведовме индивидуални проценки на енергетската ефикасност на нивните домови и деловни објекти. Проценките се реализираа со помош на…

  • Учество на Ровер Форум – Форум на млади брѓани 2025 во Хрватска

    Началникот на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Иван Гушев, како дел од македонските преставници во периодот од 20.03 до 23.03.2025 година, во близина на градот Рјека, во местото Селце, учествуваше на Ровер Форум, на кој учествуваа извидници од Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Хрватска и Македонија. Настанот…

  • Платформата на граѓански организации за борба против корупција бара да се прекине праксата на неказнивост и селективна правда

    Корупцијата во Северна Македонија е закана за животот и безбедноста на граѓаните, а не само злоупотреба на јавни средства. Трагедиите како пожарот во Кочани, Ласкарци, „Беса Транс“, и модуларната болница во Тетово се директна последица на системски пропусти, политичка заштита, некомпетентни вработувања и институционална негрижа. И покрај континуираните ветувања за реформи, не се спроведени суштински промени во контролата, инспекциските механизми и законската одговорност, што доведе до 150 изгубени животи. Недостигот од одговорност и селективна примена на закони создадоа амбиент каде трагедиите се очекуван исход, а довербата во институциите е длабоко нарушена. Без еднаков третман пред законот и вистински системски реформи, ваквите трагедии ќе продолжат да се повторуваат.
    Во оваа прилика Платформата упатува конкретни барања до надлежните институции со цел да се прекине праксата на неказнивост, селективна правда и формално исполнување на обврски. Бараме итно да се преземат следниве чекори:

    Целосна, непристрасна и транспарентна истрага за пожарот во Кочани- Обвинителството мора да спроведе темелна и објективна истрага, без политички влијанија. Бараме да се објават основни податоци од планот за истрага и да се организираат редовни јавни брифинзи за напредокот, без да се откриваат чувствителни детали.
    Целосна реформа на казнената политика- Бараме строги, предвидливи и правично применети казни за корупција, затоа што малите и симболични казни само го охрабруваат прекршувањето на законот. Потребно е да се унапреди заштитата на укажувачите.
    Одговорност за институциите и компаниите што не ги исполнувале обврските – Потребно е јасно утврдување зошто контролите и надзорот не се спроведувале со години, да се утврди дали тоа било резултат на нестручност или свесен пропуст и да се обезбедат информации за тековните постапки и резултатите од нив.
    Теренски проверки при вонреден надзор- Само административна проверка не е доволна. Потребно е инспекциите преку теренска и темелна проверка да утврдат кои објекти и компании ги исполнуваат законските стандарди.
    Проверка на имотна состојба и интереси на инспектори и службеници кои одлучуваат во постапки за доделување лиценци и дозволи- Да се проверуваат анкетните листови на лица кои одлучуваат за дозволи и надзор, со цел да се откријат евентуални конфликти на интереси, коруптивни врски и нечесно влијание врз одлуките.
    Инспекторските места да се пополнат со вистински луѓе– Покрај потребата да се истражи одговорност на инспекторите за констатираното раширено неследење на правила од страна на компаниите, потребно е и нивно доекипирање како би се проширил годишниот опфат на контролирани субјекти. Инспекторатите треба да бидат финансиски и политички независни, а кадровски максимално зајакнати.
    Ревизија на постапките за добивање дозволи и лиценци- Потребно е усогласување на сите прописи за безбедност, јасни критериуми за заштита од пожари, и обврска за теренски увид од ДЗС пред издавање дозволи. Елаборатите за заштита мора да станат задолжителен услов и при издавање на угостителски лиценци.
    Измените на законите да не бидат алиби за минатите пропусти- Иако се најавени нови законски измени, тоа не смее да се користи како оправдување за претходни незаконски постапки или непостапување. Одговорност мора да има за пропустите, дури и ако правилата во меѓувреме се променети.
    Итно постапување по наодите од ДКСК и ДЗР- Препораките од антикорупциските и ревизорски тела не смеат повеќе да се игнорираат. Институциите мора веднаш да реагираат, јавно да објавуваат кои случаи ги опфаќаат и какви мерки преземаат.
    Воспоставување вертикална одговорност во институциите- Секој што дозволил небезбедни објекти да функционираат– од најниско до највисоко ниво– мора да сноси одговорност, било дисциплинска, прекршочна, кривична или политичка.
    Престанување со притисоци врз граѓанските организации, движења, иницијативи и медиумите- Независните медиуми и граѓанското општество честопати први алармираат за проблеми во системот. Наместо да се дискредитираат, тие треба да се третираат како партнери во борбата за правда, без страв од притисоци и одмазди.

    Минатата недела беа направени проверки во повеќе дејности. Во угостителските објекти, поголемиот дел имаа недостатоци и беа санкционирани со забрани, одземени лиценци или казни. Кај компаниите од областа на градба, проектирање и урбанистичко планирање, дел од лиценците беа одземени поради неправилности. Во транспортниот сектор, мал дел од контролираните субјекти покажаа проблеми. Локалната самоуправа потврди дека училиштата и градинките се безбедни. Но, кога ќе се погледне брзината со која се направија сите овие проверки, се поставува прашањето: колку навистина се проверуваше, и дали тоа беше длабински и темелно?  Во случајот со лиценцирањето во угостителството, од тоа што беше изнесено во јавност, испаѓа дека наместо да се казнат тие што не ги почитувале правилата, треба да им дадеме време да се „прилагодат“ и се очекува да поминат неказнето. Се добива впечаток дека и покрај тоа што долго време профитирале од расипаниот систем – со помали трошоци и без да ги исполнат стандардите – пак ќе им се прогледа низ прсти, повторно на сметка на јавниот интерес. Нема најави за санкции на административните службеници кои ги издале лиценците и дозоволите, што при вонредниот надзор беа повлечени. Инспекциските служби, иако клучни за заштита на јавниот интерес, се зависни од Владата – и финансиски и политички – што ја поткопува нивната независност и објективност. Укажувањата од антикорупциските тела често се игнорираат, а внатрешните ревизии ретко имаат последици.
    Платформата истакнува дека барањата што ги упатува се основни чекори кон создавање држава во која граѓаните ќе се чувствуваат безбедно и достоинствено, каде можат слободно да се движат и живеат без страв. Во следните недели ќе биде подготвена Бела книга со досега неисполнети барања за системски реформи, придружена со акциски план и рокови за институциите. Овие заложби не се политички, туку произлегуваат од потребата за заштита на животот, безбедноста и правичноста. Време е за конкретна одговорност и еднаква примена на правилата за сите, на сите нивоа.

  • Доверба во граѓанското општество – ставови на граѓаните

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) спроведе редовно истражување за довербата во граѓанското општество. Во 2024 година, индексот на доверба во граѓанскиот сектор достигна 42,9%, што претставува пад од 8,2 процентни поени во однос на 2021 година. Довербата во граѓанските организации изнесува 38,4%, при што се забележува значителна разлика помеѓу различни групи. Највисока доверба се забележува кај младите луѓе на возраст од 18 до 29 години (51,8%) и кај етничките Албанци (45,6%), додека најниска доверба имаат лицата над 65 години (18,6%) и жителите на Скопскиот регион (25,2%). Највисокото ниво на доверба во општеството го уживаат црквите и верските заедници (70,8%), додека довербата во други чинители на граѓанското општество варира, од 41,7% во неформалните групи до 30,0% во организациите на работодавачи.

    Истражувањето покажува дека испитаниците имаат поделени ставови во однос на улогата на граѓанските организации. Секој четврти испитаник (25,1%) ги гледа организациите како чинители што работат за јавен интерес, додека 60,4% сметаат дека тие дејствуваат за остварување на лични интереси на поединци. Дополнително, 58,3% од испитаниците веруваат дека граѓанските организации се организирани и финансирани од странски држави и нивни фондации со цел да им служат на странските интереси, додека 24,2% мислат дека се формирани за остварување на заедничко општо добро.  Перцепцијата за односот помеѓу политичките партии и граѓанските организации е претежно критичка. 49,5% од испитаниците сметаат дека партиите ги присвојуваат ставовите на организациите кога им одговара, додека 33,4% веруваат дека партиите основаат организации што ги користат како свои гласноговорници.
    Во однос на нивниот придонес во општеството, најголем процент од граѓаните сметаат дека граѓанските организации  имаат улога во креирањето на јавните политики (45,1%) и општественото влијание (44,8%). Меѓутоа, мнозинството не ја препознава активната улога на граѓанските организации во информирањето, едукацијата, обезбедувањето услуги, или задоволување на итни општествени потреби. Довербата во граѓанските организации варира и по тематски области. Највисока доверба имаат оние што се активни во областа на жените и родовата еднаквост (46,5%), социјалната грижа (44,1%) и образованието (43,0%), додека најниска доверба е забележана кај организациите што работат на демократијата и владеењето на правото (27,2%) и меѓуетничките односи (29,3%). Во споредба со 2021 година, довербата во сите области е намалена, при што најголем пад се бележи во областа на демократијата и владеењето на правото, каде што довербата опаднала од 48,1% на 27,2%.
    Истражувањето е спроведено со теренска анкета на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници. Популациската рамка на примерокот беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност беа: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони. Собраните податоци се обработени со честота и пропорција на одговорите. Податоците се со ниво на доверба од 95% и со грешка од +/- 3%. Анкетата е направена во периодот од 20 април до 25 мај 2024 година. За МЦМС, анкетата ја спроведе М-Проспект.

    Следно >

    Поврзани:

  • Повик за граѓански организации за учество во програма за менторска поддршка

    Дали вашата организација има потреба од поддршка во подобрување на своето работење, градење капацитети и долгорочен развој?
    Граѓанскиот ресурсен центар објавува повик за граѓански организации за учество во програма за менторска поддршка насочена кон зајакнување на организациските капацитети и унапредување на внатрешните процеси на организациите.

    Преку оваа програма, пријавените организации ќе добијат директна поддршка од ментори во една или повеќе од следните области:

    Дигитална трансформација – воведување или подобрување на дигиталните алатки, процеси и комуникации во граѓанската организација
    Волонтерство – развивање на програма за волонтирање, ангажирање и управување со волонтери
    Финансиски менаџмент – транспарентност, отчетност и ефективно управување со финансиите на граѓанската организација, буџетирање и финансиско известување
    Стратешко планирање – дефинирање на долгорочни цели и насоки на делување на граѓанската организација и подготвување на стратешки план
    Застапување – развој на стратегии за влијание врз јавни политики и промовирање на граѓански иницијативи
    Анализа на организациски капацитети

    Кој може да аплицира?
    Повикот е отворен за граѓански организации регистрирани согласно на Законот за здруженија и фондации, кои активно работат на локално, регионално или национално ниво и имаат потреба од поддршка во една или повеќе од наведените области.
    Како да аплицирате?
    Заинтересираните организации треба да изразат интерес со образложение на потребата за менторска поддршка во една или повеќе од горенаведените области.
    Што добивате?
    ✅ Индивидуална менторска поддршка✅ Пристап до ресурси и алатки✅ Поддршка во спроведување на наученото
    Не ја пропуштајте можноста да ја зајакнете вашата организација и да го подигнете вашето влијание во заедницата!
    За дополнителни информации, контактирајте нè на: 
    Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

    < Пред   Следно >

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор